Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
25047_10151134173007693_1861769092_n.jpg


ццц и после да верувам во дедо мраз.....

лошо време иде.....вака како што тргна овие денови опасно е
 
s.jpg
Коста Солев Рацин, 22 декември 1908 - 13 јуни 1946​
„Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. Антологија на болката... и мое портре ако побараш... капка крв од моето тело и душа- ја имаш веќе...
Моето идно име - ме врзува засекогаш со тебе... прости ми или преколнувај - сеедно. А јас се љубам, се проштевам и се заборавам. Едно жалам : Што не ја чув смислата преку звукот на твоите зборови... или барем нивната трага со мастило...“

„Колку ли лудо ве сакам во болката! Па ако поминете утре со наведната глава немо покрај мене, божествена жено, знајте само: посилно одшто змијата кога сипе отров и со Болка, подлабока од мојот гроб-ве поздравува срцето што страда по вас...“


„Откинувам од срцето атом на Болката и ти го подарувам тебе за да го претвориш во Сладост...
Ах, визии, сон! Ме следиш и овде, сенко на мојот ум, низ оваа ноќ, додека плаче крвта во вениве мои по оние лудо расфрлани денови, со крик од Болката и Пламенитата Љубов - по две очи и две усни...”

И покрај тебе, денес некој се дрзнува да се нарече уметник?! Вечна ти слава!
 
Кајганче!
Вчера лумпував и одлично поминав освен делот : идење накај дома и тепачка за такси, ама се реши во моја полза сепак:icon_lol:.Денес идеме на малку посмирена варијанта, да си ги видам девојчињата од зумба и да си поприкажеме малку пошо ги неам видено скоро две недели:confused:.
Денес малку се помазив, малку поучив, накитив елка со сестра ми додека мама ни праеше лапачинки, сеа малку ќе искочам па после уште малку ќе поучам.Те збунив?
Само сакав да ти кажам дека од секое "малку" се ствара едно убаво чуство во душичкава кое ми ја прави исполнета и смирена:X3:
Arrivederci!
 
Ајде уште 20 склека мускулите веќе откажаа на претпоследната серија ама волјата да се казнам себеси е силна :icon_lol:.

 

А она имала вошки,да и ебам се живо.........
касно ги приметив па ми падна многу криво

Абе Коска отиде на крштевка кај сватот :DDDDDDDDDDDDD
 
Драга кајги
понделник полагам, скриптата ја имам само еднаш прочитано, а се чувствувам и однесувам како да немам колоквиум, што е нетипично за мене, ама ич не ми е гајле.
Интуицијата ми кажува и дека со 4ри сати читање и раскажување на есејските прашања ќе поминам добро.
Остани така(y)
 
Кајганченце,
Да ти кажам право, со секој ден се повеќе не знам што правам. И не знам како очекувам другите да ме сфатат кога ни сама себе не се сфаќам. Ама нема везе.

Знаеш, нешто размислував... Веќе не се замарам за глупости, ќе си правам како што мене ми одговара. На луѓето едноставно не можеш да им угодиш, секад нешто ќе им фали. Постојано да гледаш некого да не налутиш, навредиш, повредиш... а тој некој нема ни едно фала да ти каже што си се трудел. Е не бива така. Од овој момент па натаму, ќе бидам тука само за оние кои се тука за мене. Целосно, безрезервно, без никаква корист. Сите други можат слободно да одат по ѓаволите.

Уморна сум веќе. Не физички. Одвнатре сум уморна, душата ми е исцрпена. Се осеќам како во мене да има само една огромна празнина. Немам веќе желба, сила, елан да се борам. Оставам се да се дешава само по себе. Па ќе видиме што ќе биде.

Поздрав
 
драга. тибам зимската депресија. натовари и колоквиумите на тоа... комбинација снова. чао. :)
 
к
абе и ја почнав да се понашам како некои шо едно време викав види ги немат мозок. Се замарам за неа и сеа чекам да се уклучи па да и пишам. Јебига досадно е сам, а и празниците е поинтересно у пар коа си. :LOL:
 
Кајгано,
јас сум ти да земеш да ме тепаш, да ме тепаш, да ме тепаш додека памет не ми дојде. Ако случајно ми дојде.
Колкав идиот сум еј, за расипувања пријателства, дружби... катастрофа.
 
Македонија....
Власт која протестира против опозицијата...
И врвот: http://promasuvanjanasdsm.mk/
Да гласаме!? И што ќе биде со "победникот"!? ??Ќе го остварите ли?Па ајде сите масовно да гласаме за пругата, па можеби ќе биде,зошто гледам дека ни вие немате абер..
Па дури и на телевизија ја рекламираат веб страната бе, на телевизија..
Ах таа моја чудесна земја.. Македонија
 
Драга,
Овде се разденува во 7.30, што автоматски значи дека ние сме понапред, глеј каков заклучок извадив утринава, а не сум напафкана :D Потоа би сакала Македонски железници да се повозат овде кај нивните колеги, да видат што е тоа воз, како се одржува и како доаѓа и заминува во секундата кога е заведен на табла. Ги гледам и се чудам како може да се толку прецизни, а јас доаѓам од неорганизирана земја, па ова го сметам за научна фантастика. Се им е под конец на луѓево, дури и нивите поред кои поминуваш од едно место на друго им се под права линија, неверојатно, дури досадно за гледање. Некој велеше дека се студен народ, морам да го демантирам, човече овде сите со секого се поздравуваат и си посакуваат убав ден, шоферот во локален автобус го почитуваат, а он полека тргнува додека не седнат, ми недостига она АЛооо компири ли возиш мајсторе?! После сама сакам да се демантирам дека овие овде немале вкус за облекување, лол ние да не имаме :pos: Исто така сфатив дека кај нас идат сељаците од овде, некои несоцијализирани фаци, некои што живеат у планина. Другово е се средено, дотерано у складни бои и се прекрасни. Значи сите се плави и неможам да се одлучам во кого да гледам. Ако досега тврдев дека Шпанците и Италијаните се најубав народ, комотно го бришам мислењето од моето искуство и кажувам дека од Германциве нема поубав народ, колку и да звучи тоа неверојатно.
Имам една голема забелешка во врска со пушењето насекаде забраниле дури и на отворен простор си обележале каде да пушиш, мислам страшно еј. По домови не им се пуши, излегувам надвор ко говедо некое. И храната не им ја поднесувам има една чудна миризба како бугарскиот копар, значи нешто бутаат внатре, смрди корне секаде истата миризба. Зачини еден куп да поврати човек, црвен пипер, цимет, вегета бљак. Значи официјално сум на диета, пијам само пиво, пијам некое лито кафе и ги намалив цигарите на 50% од моите можности.
Уште не е разденето, сите спијат....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom