Драга,
Овде се разденува во 7.30, што автоматски значи дека ние сме понапред, глеј каков заклучок извадив утринава, а не сум напафкана

Потоа би сакала Македонски железници да се повозат овде кај нивните колеги, да видат што е тоа воз, како се одржува и како доаѓа и заминува во секундата кога е заведен на табла. Ги гледам и се чудам како може да се толку прецизни, а јас доаѓам од неорганизирана земја, па ова го сметам за научна фантастика. Се им е под конец на луѓево, дури и нивите поред кои поминуваш од едно место на друго им се под права линија, неверојатно, дури досадно за гледање. Некој велеше дека се студен народ, морам да го демантирам, човече овде сите со секого се поздравуваат и си посакуваат убав ден, шоферот во локален автобус го почитуваат, а он полека тргнува додека не седнат, ми недостига она АЛооо компири ли возиш мајсторе?! После сама сакам да се демантирам дека овие овде немале вкус за облекување, лол ние да не имаме

Исто така сфатив дека кај нас идат сељаците од овде, некои несоцијализирани фаци, некои што живеат у планина. Другово е се средено, дотерано у складни бои и се прекрасни. Значи сите се плави и неможам да се одлучам во кого да гледам. Ако досега тврдев дека Шпанците и Италијаните се најубав народ, комотно го бришам мислењето од моето искуство и кажувам дека од Германциве нема поубав народ, колку и да звучи тоа неверојатно.
Имам една голема забелешка во врска со пушењето насекаде забраниле дури и на отворен простор си обележале каде да пушиш, мислам страшно еј. По домови не им се пуши, излегувам надвор ко говедо некое. И храната не им ја поднесувам има една чудна миризба како бугарскиот копар, значи нешто бутаат внатре, смрди корне секаде истата миризба. Зачини еден куп да поврати човек, црвен пипер, цимет, вегета бљак. Значи официјално сум на диета, пијам само пиво, пијам некое лито кафе и ги намалив цигарите на 50% од моите можности.
Уште не е разденето, сите спијат....