Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
^Дури сега го гледаш ова? :D


Кајгана вчера спиев 5 саата,денеска уопште а изгледа така и ќе биде до крајов на денов. 3дена-5 саата спиење.Јеј.
 
Добро утро Драга ^_^

Неможам да се препознаам дека ова сум јас.
Сум почнала да легнувам порано и порано да станувам... Интересно. Не спијам веќе до 5 или 6 попладнде. Дали е можно организмот да ми се враќа во нормала? :rolleyes:

Инаку драга точно е 9 часот и 30 минути. Јас си доручкувам и си уживам во мирисиот и вкусот на кафето. :love:
Чекам да дојде брат ми од школо па да одам до агенциите да видам за карта .
Не сум ти се пофалила драга во среда големи се шансите да одам за Германија :vozbud::vozbud:
Да си се прошетам, да се одморам, да си одвојам време за себе, мислам дека убаво ќе ми годи.
Само ти прати среќа да биде се како што требаа :**
 
^Дури сега го гледаш ова? :D


Кајгана вчера спиев 5 саата,денеска уопште а изгледа така и ќе биде до крајов на денов. 3дена-5 саата спиење.Јеј.
oti samo 3 dena imas spieno 5 saata places? Ela da te vidam da drzes tava tempo 2 meseci i plus da mines 120km pat u 2 pravci... Pazi, 5 do 6 saata spienje max sekoj den osven nedela...
 
Драга Кајгано.

Отварам фејсбук и фрчат статуси и новости во врска со фамозниот 'Крај на свет'.
Ke паднал метеор,ке се симнел Господ,ке се случи ова ке се случи она.
Од ваквите :гомце: светот почнува да паничи.Не,озбилно...дај нека дојде веке тој обичен датум и да помине како и секој друг ден.
Кога и да погледнам макар случајно поврзано со тоа ме фака паника за малите деца кои читаат и им се ствара страв и постојано ги прашуваат родителите а тие кутрите не знаат што да им одговорат.:confused:
Не знам до кога ке ги имаме тие медиуми,тие луѓе кои упорно веруваат во тоа и влеваат паника меѓу луѓето не знам до кога ке се тера.
Смачено ми е.Секој сака да седне на интернет и да се релаксира а не да ги чита тие:Breaking news.
Човек и да не верува заради тие објави ке почне и тој да паничи.
 
Драга

Понеделнички неделава ми започна катастрофално. Мразам зима, мразам понеделници, мразам студ, мразам снег ( посебно сега каков што е ), а врв на сето тоа е што е колоквиумска недела.

Еве денес полагав Сметководство, пред малце се вратив, катастрофа, кога не иде, не иде, а и плус тоа полагав во мојот баксузен амфитеатар кој е со реден број 3. Ахххххххх :tapp:

А асистентката око соколово, нешто вака, пази некој да не препише нешто.
asistent.gif



Тоа е драга.

Цел свет го мачи мака љубовна, а мене ќе ме умре факсов. :notworthy:
 
Др. К,

Една жена која многу ја ценам ми вели:
„Пиј си кафе, пиј си тутун, азното само ќе си дојде!“
Устата да и се позлати!
:love:
 
Драга,
Многу храбри и воспитани членови имаш.
Прво во пп од апансас (нит го знаеш кој е нит што е) ми напиша редови пцовки, ми се заканува со тепачки и ми напиша и калибарот со кој ќе ме пукал за на крај да се исплачи дека бил нервозен и можеби грешел, на некој друг мислел да му пише. Ашколсун бре куме. Родени за дискусија, јунаци на мајка. :icon_lol:
 
Драга

Два по ред струја имаме само во претсобсјето, другите соби се како во камено доба. А битно мене колоквиумска ми иде.....како да учам мисли му ја.
Ебати и ЕВН и се!!!
 
Да ти кажам дека пишав пост, и ми исчезна ради едно немарно back...

А беше полн, како срцево мое. И одењето пеш низ градов убав, што плаче за Љубов, не само како графит, ами и како референца од човек до човек. Кога ќе се потчукнеш со некого во автобус, на пешачки, да се засмееш, да речеш извини, пардон...
Нема. Драги мој, знаеш ли колку е мрачно кога одиш накај МКЦ по лична карта, и околу тебе има само магла и музика низ светилките? Дали сум себична што се плашам за мене и тебе? Како ние, како еден пар чорапи, испрани во различна машина за перење. Го мирисам градов, од некаде ми надојде Пино Силвестре, низ сиот тој смог. Осумдесетите на Скопје. Што не ги памтам, ама како да ги носам во кодот наречен друг живот. И пешки низ светот, молскавично, ко на поема од Коле Неделковски. Сите поети ми се појавија денес. Не можам, морам да разговарам со некого. И ете, сите трауми ќе ги испоречам по виртуелни ќошиња, по страници што можеби не допираат никого, или само некого. Кога тргнав накај Беко, жената што ги хранеше мачките личеше на некоја кукла од цртан филм. А мачките, уште посмешни. Јадев чоколатце, Најлепше Жељице, оние новине, со ѕвездичка, можда ќе ти се свиѓаат.
И свиреше Just Like Heaven од The Cure на слушалки. Јас, нежна и единствена, ти изгубен и осамен. И се претопивме, тогаш те видов, те почувствував, иако си тоооолку далеку. Па си ронам солзи ко што ронам трошки леб на прозорец за џивџаниве да не умрат од глад.
Мене нема кој да ми рони солзи. А животов се рони, и тоа не во трошки, ами во денови, недели, месеци.
Јас, вечно сум во чекалната на животот.
Секогаш чекам некого.
Секогаш сум асоцијација на Дом, на огниште, на црвено во очи, што од плач, тоа и од среќа. Зошто. Без прашалник. Зошто.

Зошто, о зошто, животе, ми создаде срце патувач - номад, а тело на една обична ќофтеста Скопјанка?

Немам одговори, за ништо. А зошто и би.
Просто, недостиг. Најголемо присуство на отсуство.
Би пишувала до утре, ама не можам.
Некако, што знам. Зар е важно.

М.
 

слушај еј.....како мало дете од 5 години си прткам на песничето :pos: мака ми е само шо многу брзо репит треба да му мавам кратко го направиле :icon_mrgr: :свиркам:

оваа па се запнала фани си женска та фани си....ццц бегај таму мани ми се :D

женска= проблем/и (ретко ако се погоде некоа, ама ретко,јас вака малер човек тешко дека ќе ја погодам таквата :icon_lol: )


гледај ваму додека ти зборувам.....мора да се опердаше до крајот оваа,газе има милина,како желе и се мафта.....и така после овој крај нема ни да се гледаме,а и да се видиме ќе се прават дека не се познаваме.....win win....bitch..... :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom