К,
Луѓето се патетични. (точка)
Јас тие си ги викам „просветлени“. „Просветлени“ се бидејќи мислат дека го фатиле господ за муда, и сега имаат дозвола да се мешат во туѓи животи кажувајќи каде другите луѓе грешат. „Просветлени“ се бидејќи мислат дека имаат право да ги предупредуваат останатите за тоа колку другите се суетни, егоистични монструми кои не треба да имаат ништо во животот, и секоја несреќа што им се случува е бидејќи тоа и го заслужуваат. „Просветлени“ се бидејќи тие знаат најдобро да го живеат животот и секој кој не се однесува според нивните правила и прописи не заслужува да го троши кислородот на оваа земја.
Спомнав дека се патетични? Еве пак, патетични се! Најсмешно е што тие „просветлените“ во секоја прилика ќе ти тврдат дека животите на другите смртници на планетата не ги засегаат (нели зошто се просветлени), но исто така во секоја прилика сами го побиваат тоа тврдење.
Епа драги мои „просветлени“, извадете си ја главата од задникот и помирисајте ги розите, зошто не е убаво цел живот да мирискате какашки.
Со љубов, Неса.