Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
ја кога учев средно професорите ми беа врсници со орлите, диносаурусите, а овие полмадите (од прилика) со Киро Глигоров (бог да го прости). сега имам другар 4та година средно, а исто и сестра ми е средно и кога ми кажуваат кои проф. им се не можам да им поверувам на ушиве.
од мене постари 2-3 ете 4 години нека биде, проф. ми изиграваат. уште дозавршено немаат. ама јаки бомби се. камо мене да ми предаваа толку млади професорки, едвај ќе чекав на школо да одам. во 5.30 ќе станував. :sneaky:

п.с. се сер*в пола саат и после кога решив да се бришам немаше ништо на тоалет. пак пробав пак ништо. гледам в шоља, има гом*а. ај мајката.....пак се избришав за секој случај. ама стварно чудни гом*а имам............
 
Прилеп, 8:30, сончево време со оштар воздух, малку тешко за дишење, но Сонцето дава на шмек. На улиците нема остатоци од ,,снегот" кој повеќе имаше желба да заврни отколку шо заврна реално. Битола нешто потопло, само со присуство на горе споменатиов на улиците. Патики носев оти ме прелага Прилепов, да речам се заебав, требаше да ги тртнам чизмите. Одам на факултет е..ан пес нема од генерацијава, јас во 10 таму, вежбите со асистентот во 11:30. Слушалките на мене уште од самото тргнување ги поднаместив подобро и пуштив еден потивок, покулирачки микс кој го споив ден претходно, The National(Slow Show), Radiohead(Reckoner), Interpol (NYC)...., си купив едно кафенце, немаше шеќер во апаратот но не сум манџија, и така се пија. Влегов во училницата која беше празна, но добро затоплена и подлегнав малку на клупа. Едно време како во занес се подизместувам од положбата и гледам на часовникот 40 минути сум ги поминал. Сум се одморил колку за целокупниот сон од минатата вечер. Излегов надвор, ги најдов другарчињата и продолжив со нив. Ја имаше онаа убава сончева светлина која го топеше снегот и се одбиваше од истиот. Убајни со еден збор. На еден од часовите со другарче зборувавме за Control(2007) филмот за Јан Куртис т.е Joy Division. Го гледал вчера па онака го анализиравме, се фасциниравме на некои моментчиња од историјата на бендот, од фронтменот и така натака. Ко че е досадно се прај муабет за филозофија, или за политика, или за религија, или за музика или пак ја дрвиме.......уствари највеќе ја дрвиме ако размислам добро.
 
Абе каајгано сматок еден.
Седам гледам тв читам по поратли и гледам колку значи да немаш исконски и библиски креатори на јавни мненија да те свестат , да ти оворат очи за да те упатат на вистинскиот пат и да ти ја покажат вистината. Или онака нај патриотски да ти ја објаснат играта, дури тогаш ќе живееш во небиблиска држава како што е онаа проклетија Словенија,полна со соросоидни копилиња предавници кој протестираат а имаат 100-пати повисок стандард од македонскиов.
Абе БРУКИ,зарем сега јас треба да излезам на улица и да протестирам да барам пари за себе од нашата ни исконска мила ем драга држава,кога таа толку напорно работи за да го развие најголемото најбесценетото чувство на припадност и финансира веселби од секаков калибар, 100 години од кумановска битка,100 години од албанска држава,абе на секој чекор како печурки по дошд излагаат од земја споменици мостови, кој што носат имиња на врховисти, абе гордост на МАКЕДОНШТИНАТА.
Абе незнам,ама сите овие настани,прослави,отварања,затварања си имаат ист ЛајтМотив Македонско име нема да ЗАГИНЕ.
Си велам, абе дали и ние треба јавно да излеземе на улица како словенцине, да почнеме со масовно просење пари? Боже сачувај.
Наместо тоа има со гордо дигнати глави да си седиме дома, ќе ги откриваме оние кој што коваат заговори против нашава ни исконска земја и заговорите против нашиот ни пастир, и се додека не го донесат законот за клевета ќе си јадеме трици на кајгана или по фб, после откако ќе го донесат законот..... Тогаш времето кое што сега си го трошиме,за пишување на кајгана и јадење лајна или статус на фб,ќе го поминуваме во продуктивни прошетки, во природа, на плоштад, гратска плажа,ваму таму онаму. Е тоа е државна стратегија за здрав и рекреиран народ, младина која што ќе се занимава со спорт а не седење на фб или кајгана.
Друга национална стратегија е исчекувањето Паско да го пронајде гробот,е ама чив дали својот дали нечиј ,или на некој .
Абе дали оние лудине словенци и европјани имаат некоја цел во животот како што си имаме ние? Ние си го бараме гробот, а тие е тие утепаните запнале па само ПАРИ ПАРИ ПАРИ и само пари.
Абе Грци ,Словенци,Европјани сватете дека има нешто поважно во животот од тие пусти пари проклети.Ние овде ДОСТОИНСТВО ГО НАРЕКУВАМЕ го имаме и отповеќе, кичма виткаме ама не просиме како вас јавно по улици.
Ма нек иде се у неповрат,песочниот часовник испушта зрно по зрно.
А јас да пишам нешто колку да пишам, да не ми биде шубе дека се што сум пишал на кајганава било само расправање.
 
Драга...

La Española ти магистрира :cool: Светот доби уште еден магистер, а и ти :D
Не сум ја изгубила способноста за зборување фала богу :rolleyes:
Позитивно ми делуваше тој факт :)
Убав ден беше :pipi: Славењето може да почне :ROFLMAO:
 
Драга,
ако некогаш си во дилема дали да се качиш во експресниот воз верувај не вреди, не вреди за појќе пари да ја слушаш Сузана Спасовска цел пат, ниту пак за кафето што го служат ах толку љубезните чичковци од МЖ. Официјално разочарана од нив, не дека не бев пред тоа али сега е официјализирано. Барем една песна од Благето да свртеше, една. Is that too much to ask for? :)
Anyways
 
ДиКеj
jадам едно кинеско срање т.е шпагети со зеленчук у канче (ко по америчкиве серии шо jадат) и некако чуден е вкусот али маjка ми ми рече да не зиам ќе се заебам па сеа за да не испадне дека е у право, го jадам и jа лажам дека е вкусно... што да се прави

result_2008_9_5_11_18_52_724_1.jpg
 
Викендот бев сакана од сите страни, у петокот собрав 15тина души, у саботата собрав 10тина. Потоа повторно се шетам со непрепознаена душа (или било што) меѓу сите овие жени. Се покажало дека можам многу да се товарам, но ми треба мир и утеха, али цел живот ми треба тоа па не е нешто ново. Од онаа врста на мир кога никој не ти стои на главата и од онаа врста на утеха кога не се потпираш на средства за смирување/развеселување (медитации, живеј во моментот-сра*а, сексови, чоколади, музики, книги, луѓе) ака бегање од реалниот живот. Онака, исполнет живот би бил оној каде не ти треба мир и утеха.
 
Зошто сите посакуваат нивната љубов да биде како на филм,кога филмот трае само 2 часа
 
Драга
Го имам најубавиот внук на свет......бебче мало пилчо на тета...сестра ми ќе ме утепа и го научив да седи цело време во раце, па што да правам го сакам премногу морам да го гушкам. Денес дури еден месец направи:pipi:.....
Вчера до 6 сабајле пишував семинарска за жолтата куќа, мислам дека дипломска и направив само ако не ја прочита и не ја цени не правам веќе ќе протестирам. Иде колоквиумскаааа аман веќе ќе си пукнам, ајде уште само година и пол. Утре може да биде интересен ден.....ќе видиме;)
 
Денеска прв пат ми стасува порачка од хемел, и внатре фискалната истуткана и залепена со мастика. А и еден производ ми фали, а пишан е во фактурата дека е пратен...
Тоа тие...Македонија.
 
Пак ме разочара... Едноставно тоа си ти, само веруваш, само празни ветувања, убави и слатки лаги, голема неодговорност, можеби малку себичност и уште милион други нешта кои можам да ги ставам на твојата листа.
Јас знаев дека нема да се појавиш вечерва, едноставно знаев, ти си таков, беше и ќе бидеш! Не треба повеќе ништо да барам од тебе, не заслужуваш ништо туку само едно учтиво однесување исполнето со гордост и знам дека ќе се почуствуваш лошо. Јас сум добро, но само сакав да увидам дали ќе бидеш со мене кога ќе ми биде тешко, но ете тестот го покажа своето, нема повеќе трудење јас направив се, иако не се каам за ништо што сум поминала со тебе, се беше прекрасно, убаво, чисто, но само тогаш тие неколку часа поминати заедно, а пак утредента бевме едни обични странци кои навидум се познаваа.Јас сум храбра, со глава крената горе, ништо не може да ме допре, освен твоите убави лаги.
 
Д, шо имаше една на Nouvelle Vague со румени образи од ладното, облечена во црно со сив шешир, абе како играше сите и се смееа, кругче и направија :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom