Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Ништо веќе не е ко што беше порано, па ни ти..
Нови времиња, нови ликови на форумов.

Идиотски и понижувачки е кога ќе сфатиш дека тераш дискусија со деца (не така писмени) по 10ина години помлади од тебе и се обидуваш да им објасниш нешто, а тие не разбираат или не сакаат да разберат и си тераат по нивно и така во круг.
Интелигенцијата ти се доведува во прашање, а всушност е далеку од тоа, но да не навлегуваме...

Мрзам зависности, а ова нашево на нешто такво ми личи.

После 5-6 години дружба мислам дека е време секој на своја страна, природен процес е драга, тоа е тоа.

Едноставно се доаѓа до момент кога кажуваш доста е.

Епа драга, ДОСТА Е.

Биди поздравена и убава како што беше некогаш.

Се одјавувам.

Ibrakadabra
 
Др. К,

Препишувам цитати од една книга, оти од вчера направив ручек и за денес, а и маж ми, за да не цркам оти не направил тоа што требаше, забркал блачко, па денес може да си ги лакирам ноктите на раат и да си читкам.
Елем, во еден од цитатие се вели дека во бајката Волкот и седумте јариња се наметнуваат прашањата: зошто козата живее сама; каде е јарецот кој би можел да се грижи за јаренцата?

Вчера отидов на сопругот да му купувам нешто, ама немаше, и си купив ташна. Му викам: Срц, немаш среќа. Немој да ми заблазуваш. Ташната е црвена, а јас сакав зелена, ама и утре е ден, ќе си купам и зелена. :) А што видов едни лилакови ракавички:love:

Ај да видам сега кој со бившиот пиел кафе ;)
 
Ако на Google се укуца Jovan Grpovski, - Rezultati IQ test, ќе Ви се појави човекот кој се има тестирано за IQ. Неговиот IQ е 102.

Инаку е актуелен шеф на кабинетот на Министерот Тодоров и неформално ќе ја заменува Парнарџиева на директорското место во ФЗОМ., додека е на трудничко боледување.

Информацијава е апропо денешниот оглас на МЗ за прием на консултанти во МЗ со барање кандидатите да имаат минимум 140 IQ.

Ах, оваа моја, чудесна земја!
 
Јаоо шта волим тај секс! :vozbud: 4/5 и во сабота по Менаџмент и Маркетинг што сака нека биде, ич не ми чуе. :drk:
 
Прашав дали можи, вика можи ееееееееееееј ќе го правиме ми викаше помало не можи ако биди да биди еееееееееејјјјј лудило :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.


Пијан сум и куров ме боли....

Друже за тебе посвета ова ооооооооооххххххххх.
Аргентинско....

 
Драга,

Ако општеството го гледаме како еден организам, тогаш можам да кажам дека почна нешто да го јаде, озбилна болест, млади недиференцирани клетки кои имаат тенденција да се шират и да формираат секундарни депозити. Времето ќе покаже во кој стадиум ќе ја откриеме болеста. Да, тоа е канцер, канцер на општеството. Првите симптоми се занемарливи, си мислиш нормална појава, карактеристични настани за новите времиња, па најчесто се занемаруваат.
Нејсе, да не замарам многу, ама го имам тоа право, одамна немам пишано.
Она што фасцинира кај мршојадците е тоа што престанаа да јадат мрша, сега грабаат свежо месо. Човековото око е незаситно, грабаат, растргнуваат, а ти испаѓаш на крај жртва, ментална жртва. Учам и живеам во систем кој го силуваа, го упропастија, воведоа реформи за да воведат нови со кои ќе ги укинат претходните и така натаму. Помеѓу реформите гладните душички си најдоа начин да се нахранат, но пусто нашево, се прејадоа.
Туку, ми текна на зборовите на дедо ми, „гледај си живејачката бе дете“, ќе се потрудам што повеќе да се држам до тоа.
 
Жими мајка ми се оцртуваат квадрицепсите коа ќе ги стегнам!!!! А вежбам тек недела дена!!
YEEEEEAH BUDDY!!!!!!!
 
Многу ги мразам деновиве тмурни без сонце.. без енергија некако
се ме нервира некако, ги губам живците.. ми фали трпение
и баш сега проблеми некои, колоквиуми, мисли низ главава еден куп!
капак на се главоболка ме фаќа скоро секој ден

 
Е кајги, паметот никако да ми дојде.
Давам премногу шанси на луѓе што не ни знам дали вредат толку да се трудам околу нив.
Мислам дека никогаш нема да научам.
Патетики до бескрај.
Ту бре, да не се најде ни еден нормален човек, ниту еден.
 
How much I am happy what I have you
I thank you
and "Thank You" means "Mercy"

"Mercyyyy" is mine "Thank You" , "Mercy" for that what youuu are . :pos:

Мерси Кајги .
 
Знаеш каде се наоѓа рајот ? На 30 минути од тука. Звукот на оргулите и ударите на тапаните те носат помеѓу тие карпи, на таа подморска низина. Каде почнува и завршува виножитото, во таа магла од облаци каде се слева водата со сета нејзина чистина. Таму поминуваат јатата со фламингоси и таму нивните крици се нај гласни. Местото каде е сместено окото на светот, глинестата дупка со црвенкаста боја, портата кон земното. Танцот на сите племиња станува едно и суштината на сите религии се втопува во искрите на секавицата. Тишината ја отвора својата уста и заедно со ветрот ти ја кажува суштината на постоењето. Ја гледаш, а не постои. Ја слушаш, а не зборува. Вкочанет си на едно место, а сепак патуваш. Си густата магма, подземната вода кои со својата умешност излегле некаде на површината. ..
Брат сакам да измислам нова боја и не пијам веќе ракија. Барака !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom