Драга,
Ако општеството го гледаме како еден организам, тогаш можам да кажам дека почна нешто да го јаде, озбилна болест, млади недиференцирани клетки кои имаат тенденција да се шират и да формираат секундарни депозити. Времето ќе покаже во кој стадиум ќе ја откриеме болеста. Да, тоа е канцер, канцер на општеството. Првите симптоми се занемарливи, си мислиш нормална појава, карактеристични настани за новите времиња, па најчесто се занемаруваат.
Нејсе, да не замарам многу, ама го имам тоа право, одамна немам пишано.
Она што фасцинира кај мршојадците е тоа што престанаа да јадат мрша, сега грабаат свежо месо. Човековото око е незаситно, грабаат, растргнуваат, а ти испаѓаш на крај жртва, ментална жртва. Учам и живеам во систем кој го силуваа, го упропастија, воведоа реформи за да воведат нови со кои ќе ги укинат претходните и така натаму. Помеѓу реформите гладните душички си најдоа начин да се нахранат, но пусто нашево, се прејадоа.
Туку, ми текна на зборовите на дедо ми, „гледај си живејачката бе дете“, ќе се потрудам што повеќе да се држам до тоа.