Кајги, текстов што ќе го напишам мора да биде болдиран. Шо да правам таков е денот. Дури сега сфаќам колку животот е праведен, а праведен е вистина.. Баба ми почина пред неполни две недели, а сабајлето ни јавија дека и вујко ми починал(болен беше човекот). Не живееа толку време и сега и двајцата си отидоа наденаш, се надевам ќе се спогодат на другиот свет. А ние? Што е со нас живите? Незнам кога ќе сфатат луѓето дека треба да се поштуваме и помагаме додека сме живи, после више се е ЏАБЕ. Додека моите се кај вујко ми, јас со другата баба дома ајварот го правам, се е оставено на мене, што да правам така излезе. Единствено ми е жал за мајка ми, и се молам на господ таа да биде во ред, се друго ќе се среди, ептен е скршена. Тато, цар си беше и цар си остана, колку и да е тешко тој гледа секаде да стаса и да помогне, он е во ред. Сестра ми...среќа што е странство, таа е многу емотивна, некој од моите ретардирани братучеди пишал статус на фејсбук, она прочитала и, пискотници е на телефон со мене. А требаше ко и секогаш тато да и каже на скајп, друго е човекот кога ја гледа во очи. А во средината...ЈАС, ладнокрвен идиот, не ми е до плачење жими се, се можам да поднесам, и со се можам да се справам, само мајка ми да биде добро. Поздрав од мене.