Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Календарчето вели октомври, а мене ми се чита април.
Сигурно е до наочарите. :)

 
Драга , само да ти кажам дека I am officialy now FRIENDZONED ...
Picture_2_c.jpg
Godspeed....
So says Saladin...
 
Преку глава ми е од “копи-пејст“ луѓе кои глумат креативци, а една мисла своја немаат во тоа акалот. А и да, претпочитам да бидам патетична, отколку цинична...;) Секогаш, во секое време. Ако нешто не можам да смислам е цинизам кој со самото негово постоење шири невидена негативна енергија. Ми се повраќа од цинизам.:sick: Од време на време, разбирам да се изјави нешто саркастично и цинично, ама ако секоја реченица ми има таков призвук, подобро да си пукам во колено...:rolleyes:

Никогаш не ја сфатив желбата на одредена група луѓе да се издигнува над другите и да ги гледа од интелектуална висина, демек јас сум интелигентен, вие сите други обични смртници сте идиоти. Со таков став, тој што се однесува така е идиотот, а не другите. Појави кои се почесто ги гледам во општеството и ме иритираат до даска. Помеѓу младите особено се појавува интелектуален снобизам, ништо поодвратно од тоа нема.

Претпочитам да разговарам со некој што не е доволно паметен за горенаведената група, ама кој е искрен и има почитување за луѓето околу себе и кој пред се има култура и домашно воспитување, отколку да правам муабет со сноб за кого само 3 проценти од луѓето се достојни за разговор со него, а со сите останати е саркастичен, затоа што тие биле глупи. Џабе интелектот, ако не си достоинствено човечко суштество. Ако некој ги третира луѓето како пониска интелектуална класа, само дава до знаење дека е огорчено и исфрустрирано човечко суштество и ништо повеќе.
 
Дојде и ми вика вујна му ја ограбила комерцијална банка и избегала со швалерот :icon_lol:, ај му викам да ти ебам сега вујна немаш :icon_lol:. После отидов ваму и детево ми вика ја фатиле во Чешка таа 55 години а швалерот 25, опасна работа :icon_lol:.
 
LittleSparksOfInsanity#183

Облекувај се за работата што ја посакуваш, не за предавањето што го имаш во Вторник.

Иако Спортлајф имаат онлајн билтен и информации, fuck that noise, си зедов папир! И времето е ОК.
 
Благо речено, наредниов период ќе биде living hell. Конекцијата не беше привидна и на база на два реда откачи-закачи муабети, па на крајот на вечерта пукај и шта буде, нека буде. Колку е само зезната работата (барем од машка перспектива) кога всушност ќе запознаете квалитетна, ведра, забавна и open minded особа околу толку многу теми, со што препознаваш одличен карактер и тоа ти се допаѓа.

Привидни магли е имало порано, но кога ќе поминеш 9 часа муабет и се' подлабоко запознавање на личноста од муабет во муабет, без ниту еден кикс при тоа или реченица која ќе ти ја наруши целата до сега градена слика, сфаќаш дека ова вреди и безнадежно со секој нејзин нареден изустен збор тонеш се' подлабоко. Излез нема бидејќи едноставно ти самиот не сакаш да постои. Собата беше црешата врз шлагот, која буквално вриштеше "Тоа сум јас". Тука веќе бев свесен дека сум helpless, like a house of cards in a hurricane.
 
Драга, повторно се преселив, ахххх мака ми стана од овие селења од едно место на друго. Не е лошо ова ново местенце, во центарот на градот, строг центар на градот, спроти Зоил во зграда. Претходно живеев во куќа, ќе ми треба малце време да се навикнам, но се надевам дека се ќе биде во ред. Иначе се ми е на 5 минути, се е околу мене.
 
Да те поздравам само..
Обично не се осеќам најсјајно дур учам, али денес еве не е така.
Слушам џезови, пушам цигара, претставувам бројчиња во 64-битен регистар со двојна прецизност и имам добиено.
И мајка ми нејќе да ме исфарба, ја мрзело..
Супер ми е :)
Утре ќе се фарбам... У сабота ми е годишнина, морам да сум убава ^^

~ Радувај се што денес повторно си го видела сонцето Кајгано.. ~


Радувај се и што не слушаш бургии и токмаци од 4ипол саат поручек од кај комшиите.

Count ur blessings<3
 
Времето проаѓа... животот одминува... а ти стоиш мирно... надвор бура се спрема... а ти сеуште стоиш мирно, но внатре си не ти може ништо... Но зарем не е подобро да го прифатиш ризикот кој го носи бурата со себе, да искочиш надвор па макар и живот да ти земе... отколку изолиран во психолошка заблуда на сигурната комфортност како во сон животот да одмине... хм... Живеј опасно... прифати ги предизвиците и играј со ризик... нема што да изгубиш освен тоа што не ти припаѓа тебе... Океј...
:cuc: Геније геније... алал нека му е... ме воодушевува човеков... Еве уште едно ремек дело...
А посебно ова...
Нема ништо повисоко во уметноста од музиката според мене... музиката е гласот на душата... и самиот космос се создава низ танцанцот на музиката... кога слушаш музика која ти е тебе убава и самото срце трепери и создава музика... музиката е насекаде само треба да бидеш тивок(одвнатре) за да ја слушнеш... Кога во тишината ќе ја слушнеш музиката(не, не се халуцинации тоа без гајле...;)) знај дека тоа е мелодијата на самото постоење...:)
 
Највеќе се чудам кога ќе видам некој на форум го затворил профилот. Што ќе ви се деси, ќе ве силуваат со Caps Lock? :tapp:
 
К,
Моментот... Неколку минути пред сонот да почне да ти го гаси мозокот. Моментот кога уживаш во секоја секунда, зошто знаеш дека немаш повеќе. Моментот кога после 12 часа работа, седиш на креветот и мислите ти се исклучени и само чувствуваш...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom