Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Tи играш пинг-понг!? Знаеш да играш пинг-понг :pos:
Топчето се движи ко успорена снимка коа го маваш? :icon_lol:

Туку друго ми беше муабетов, се дешава еден мошне интересен феномен. Најзакоравените СДСМ-овци преминуваат у ВМРО, остај шо преминуваат па и членски вадат :icon_lol:
Уствари дали е феномен или не, врска неам ама до сега ни на крај памет не би ми дошло дека тоа се дешава.
Абе смешки бе Кајгано, смешки се луѓево. Шо се не прават за корист :icon_lol:

Е токму ова ја потврдува горенаведената теза! :icon_lol: пффф мажи, незнајте што сакате бе...:facepalm:
 
Драга,
пак ќе кажам дека ниту еден филм не може да ти направи да се почувствуваш поубаво од старите ју-филмови и македонските. Цел ден го поминав во гледање филмови, затоа што уште сум болна и да ти кажам овие филмови се вистинско патување низ времето.(y)
Инаку, ми пиша другарка ми и можеш да претпоставиш дека и треба нешто - како на сите други.
Сите те бараат кога им требаш, а кога ти требаат никаде ги нема, ама нема врска, мое е да помогнам ако можам, ако не можам да и кажам дека не можам. Среќа, овој пат, можев и мило ми е што е така.:)
Реченицата на внука ми за денес (додека една немирна оса леташе околу мене): „Бегај ма, осо, од кај тета.“ :D
Поздрав и еве ти една што ми го одбележа денот - вистински евергрин:
 
Мераци ми е се периодов жими се :D

(пу-пу-пу да не урочам :D )

Посао иде инзваредно,факс е кул,живот исто така,се чека журката на 10ти Октомври мислам беше и ќе биде how high:pos:

Ај ќе идам да шетнам малце,дома не се седи ич :D

zzi4 pi4
 
tumblr_mb0wgjidHH1rca78wo1_500.gif


Ова сум јас. Тотално се пронајдов...:X3: Секогаш меланхолично и носталгично се присетувам на минати времиња, минати луѓе, моменти, ситници и цврсто се држам за нив, затоа што знам дека тоа е единственото сигурно, единствената константа. Нешто што поминало не може да се промени. А јас не сакам промени. Навистина не сакам. Ретко. Има исклучоци, но тие само го потврдуваат правилото. И можам носталгично да зборувам за порано, за тоа како било, за тоа што се променило. И додека одам по улица се случува да осетам некој мирис кој ме потсеќа на дамнешни, дури и подзаборавени времиња. И тогаш влегувам во свој филм... и убаво ми е. Затоа што дува ветер, го чувствувам воздухот кој ми ја бушави косата, па потоа ги ставам слушалиците на уши, пуштам некои носталгични песни и си седнувам на некои мои одредени омилени места на кои сакам да одам кога сакам да бидам сама. И сум меланхолична. И убаво ми е. Затоа што тогаш не размислувам на тоа што е сега, не се оптоварувам со иднината. Туку јас сум сама со спомените...
Некогаш кога ќе помислам на минатото ми паѓа тежина на срцето, затоа што знам дека нема да се врати, ама од друга страна ми предизвикува и насмевка, затоа што имало пар моменти кога навистина сум била среќна, со луѓе кои што сум била среќна... и иако некои работи секогаш ќе останат некаде далеку, јас секогаш ќе се присеќавам со задоволство.
Е сега, ги има и оние, грдине спомени, грдите моменти, ама тие ги поттиснувам и си шибам напред... Нема потреба да се присеќавам и емотивно повторно да ги преживувам.
 
Драга, ги изгледав:
The avengers
Iron Man
Iron Man 2
Thor
Captain America
Fantastic Four X!@
Сите се топ, ама фантастик фор САКС! Не вреди да мењам фонт за да го пишам на латиница од што сакс!
Само шо прв го глеав The Avengers, а требаше да си почнам со другите првин. Сакам и Хулк да го симнам, ама не ми е филм шо не е со истиот актер, така што ќе размислам.
Исто така, ме боли десен бубрег, OMG NE SEDI NA ZEMJA KE NASTINESH!!!!
Нема да биде фино ако ијам каменче, али големи се шансите да ијам. Неќум!
Ауч.
 
Боооожееееее драга.... Can you feel the love???
Сцената побуди чудни чувства во мене. Сфатив нешто, за себе... Многу повеќе ми значат вакви мали допири, погледи и игри на зборови, отколку било какво потење во кревет... Апстиненција FTW!!!! :noze:
 
Драга Кајг

Не ми е јасно по која логика, некои од најдобрите луѓе што светов воопшто ќе ги види некогаш, универзумот игра некоја игра со нив каде им го загорчува животот до таа мера што веќе престанува да изгледа како сплет на случајни околности туку како намерно припремен рецепт за катастрофа. Ова го преоѓа доменот на предизвик.

Како агностик, се мислам, ако Бог постои, во каква и да е форма, дефинитивно е болен садист. Не, абсолутно би сакал јужен правец после смрт, нема да ми одговара друштвото горе. Очигледно.

Се надевам мизеријата има крај, како и се, нели? И дека луѓево ќе најдат сили да издржат и истраат.




За некои работи не можеш да им помогнеш на луѓето, или да им ги решиш проблемите. Но, секогаш постои ова:



182.jpg



Останете со сила, и не се предавајте никогаш.





Кајг, до следното гледање. Чаос.
 
Lele be, pa ti si bil peder i po veruvanje.. Agnostic, ugh.


Draga Kaygana, vremeto e OK.
 
Моја најдрага, вчера додека се шетав по кејот приметив дека градат песочен насип за укотвување на брод баш кај поштата.
Знаеш што значи ова, така?
Ова значи дека во јавниот сектор конечно ќе се отвори работно место за адмирал.
Отсекогаш сум сакал да бидам адмирал... и можеби мојот сон конечно ќе се оствари.
Мислиш ли дека ќе ме биде?

2Rex4.png
 
К, :place:
Се сеќаваш на изразот „Сврти го и другиот образ ..“? Епа да ти кажам боли ... и тоа многу ...
Ајде утре ќе бидам како нова, една доза плачење после пред спиење, и се се сместува во менталниот плакар на кој му се губи клучот..
Патетично е сеуште да мислам дека светот ќе стане праведен и дека комуникацијата нема да се сведува на мерење пениси, билдање его и покажување чија ароганција е помоќна. Кога соговорникот за да си ја смири душичката и да си ги објасни своите проблеми те гледа тебе како виновник за истите. Не се вели „абре што правам јас со животот“, туку се вели „што ми правиш ти со мојот живот“. Јас драга не правам ништо со туѓи животи, незнам зошто луѓето така мислат...
И пак истото ми се врти во глава и мразам да признаам дека другар ми е во право со неговото: Не можеш да ги направиш сите среќни, можеш само себе да се направиш среќна.. Е уште да ми кажеше како да се научам да живеам со фактот дека нема сите среќни да ги направам и се ќе беше во ред...
 
Мрц мрц мрц ^^ Кој е ко мене <3
Легнувам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom