Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК
Гледам полека ама сигурно твојава тема станува место за препукување меѓу твоите членови.
Мој совет е да си отвориш нова тема која би гласела вака
Ајде овде исфрлиго бесот од тебе.
Осеќам дека ќе те надмине во бројка на постираност:facepalm:
 
20 години АРМ, народот веќе почнува да се чука во гради и да ја јаде дозата патриотизам што му се сервира од страна на медиумите, и магично заборава на случката од пред недела дена. Така е тоа овде кај нас, во Македонија. Линијата помеѓу трагичноста и комичноста е тенка, а дали е ова трагично или комично, е прашање на лично убедување.
 
Имам телевизор со нет. Не ме прашувај зошто ми треба тв со интернет, но јас го имам. Сега немало телевизори без нет. Има една фитнес програма на него која ми кажува дека иако осеќам како газот ми се распаѓа сум потрошлила 81 калорија. Да спиев три саати боље ќе беше.
Се е скапо, но на многу рати.
Сакам да организирам масовно неплаќање на сметки за мобилен, не е можно само ја да мислам дека тоа е грабеж.
Патот до Струга ми е поскап од смештајот за три дена.
Градот почнува да се полни. Ме убедуваат дека Скопје празно е убаво. Абе убаво е, само луѓе фалат.
Ми се иде на шопинг без чувство на вина. И ми се пие после. Онака со мерак и со добро друштво. Да викам „Многу ми е убаво.“на секои 5 минути. Тоа не ми се случило од Котор наваму.
 
Драга,

Моментот кога сакаш да правиш лазањи, ќе исецкаш све мирудии и после гледаш дека нема месо... :place:
Недела помина, учев шетав, пола од проф. на факс заминале у пензија, ај нека им е со среќа тогаш, се спасивме. :D
И сега уште повеќе ми се јаде...
Еве ти една песМичка да фатиш залет:
 
Драга Кајгано.

Ке им ги простам сите испади на родителиве мои ама никогаш,никогаш нема да им простам што пуштаат турски серии и турбофолк во мое присуство.
Чинам јас немам толку плачено кога ме извадиле од матката на мајка ми колку што плачаат во сериите:facepalm:
 
Драга
Од толку што си ја засакав работата, утре 2 смени ќе работам.... :)
Да ти е мерак да имаш ваков работник.

Ти ебам фирмата никаква
 
Бичч.. ме фати нервата, во овој момент би запалила една ама не пушам поќе :/
И да... вечерва никој не е расположен за моето гњавење,
ебате другарите -_-
 
Bic. Sto prais? :D
Ou jea :D
I jas :)
A I vremencevo vecerva nekako ubavo mi e :)
I taka. Uste glavava da ne me bolese I da ne trebase da odam vo skolo za 2 nedeli super ke bese :D
 
срцке,

Ајде уште два дена и да се баталам од компјутеров веќе, од сабајле до вечер со програмирањево очите ми паднаа.
Ми скурчи.

4, 5 години имам 71/72 кила, прееска се мерев сум ослабел на 66.5/67.5 .. :O а јадам на секој саат.. барем така мислам.

Него да заспијам уште првите 5 минути сега кога ќе легнам, ќе бидам многу среќен.

аааа да, и деновиве сум на лав сонгс од сабајле до вечер :P (додека решавам) лол

Љубов ќе почне од уши да ми извира.

добра ноќ
 
Драга од кога немам ти кажано збор-два. Ми недостигаше, те запоставив малку. :love:

Неверојатно е колку еден филм може да ме натера да сфатам колку ја сакам сестра ми, за која пред некој саат бев сигурна дека прилично ја мразам. Мислам секако дека и предтоа ја сакав, но ја сакав затоа што ми е сестра па мора да ја сакам. Сега сакам само да ја гушнам и да ја сакам искрено, не затоа што морам.

Се сеќаваш еднаш кога ти кажав дека треба да донесам одлука која ми е од животно значење? Епа дојде и тој момент драга и ќе ми беше многу полесно ако се двоумев а не 42842385умев. Како и да е се повеќе сум сигурна дека донесов погрешна одлука, па што ќе биде нека биде. Се надевам дека и ова ќе ми биде од некаква корист во иднина.

Имај убава вечер драга, еве нешто за опуштање :)
 
Мајчин, порано другарчињава од другите градови ни завидуваа нам Прилепчаниве како сме имале каде да излегуваме во Апореа, како имало секоја недела минимум една свирка, а некогаш и две, онака убо енергично рокче, а сега шо?! Не остана место повеќе за таа работа, комерцијалава му е... мамата на цело радосно излегување. Во новото преместено такозвано Арт се наџичкала цела шема пост (модерно) ,,рокерска" скока на Пилева на Неко те има ночас ( преку к... од песнава) и паѓаат најјаките муабети, оваа е најјаката песна од новите на Ван Гог, а песнава на касети некогаш сме ја слушале :facepalm:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom