Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Какви се искрени глупости за мене и теории за општествово и` зборам на една другарка, после секое искачање со неа осеќам срам. Ама немам што да изгубам ако кон сите сум 100% искрена, ако сакаат да го прифатат тоа, фино, ако не, не.

Сфатив дека летово не можам/не треба да правам многу од работите што сум ги правела минатите лета. Ама има и други два моменти. Прво, бар не сум терет на луѓето околу мене и сеуште ме доживуваат како некоја што знае што прави. Второ, бик сум во хороскоп.
 
Д.
утре треба рано да станам после подолг период....треба да станам крај 7 :coffee: па се думам воопшто да не си легнувам.
инаку се видов денеска со еден пријател што го немав видено од минатотот лето, што значи една година :) сега пред малку имавме гости дома што немаа дојдено може и тие од минатото лето, што значи една година :) интересно.
утре ќе одам до охридон што го немам видено од минатото лето, што значи една година не сум бил. ....(уште поинтересно)
то е то.
друго не знам што да ти кажам, освен дека не ми е баш нај нај расположението оти се присетив на стари случки и ми се расипа и расположение и се.
таков е животот........
 
^ :pos:

Да не бидам скроз оф топик. Драга си го нормализирав биоритамот. Утре одам на пракса се надевам дека претпоставениот нема да биде некој оток. :icon_lol:
 
But some find happiness while others find sorrow
And what's here today, maybe gone tomorrow



Sta reciiiii xD

Kuca poso - Poso kuca xD

<33333333
 
Пак пишувам во утринските часови, тогаш подобро размислувам од кога било во денот... А little bit of heaven е филмот кој ме натера да се молам да засакам некој толку силно, што кога ќе ме погледне во неговите очи да се почуствувам жива.
Незнам кога последен пат толку многу емотивно ме има погодено некој филм.
 
Драга...едвај станав од спиење мајка ми ме разбуди,главата ми пука,станот ми е русвај од вчерашната журка,треба за Велес да се враќам оти ќе сме имале мајстори дома а ја треба надзорник да изигравам.:facepalm: Налет со тие мајстори 3 години по ред се расправам,сите ги научив веќе.Инаку вчера се решив и се тропнав да полагам иако само го читав испитот и не планирав да учам веќе за месецов но ми кажаа дека ќе има сесија па си реков зошто да не...и замисли положив.:icon_lol: Ете човек никогаш не знае кога ќе му се насмевне среќата.Ај ти биди ми поздраена ја да кинисам за Лас Велес сеа а пред тоа ќе изропам една рака аналгин.Еве ти дел од вчерашниот репертоар:

 
Добар ден шери,
секој ден на работа, платни налози, трговски друштва, работни односи ... сум умрела и ме оставиле во рајот.
Навечер, не можам да дишам, фрикам на луѓе по телефон, се смешкам цел ден во канцеларија како будала, почнаа да ме прашуваат луѓе на која дрога сум ... :pos:
Живот пише ромааааааане!
 
4000 поста кајги :)
имам некој идеи и некоја креативност ми се врти во главата, другар ми веќе 1 година ја спомнува идејата да напише некој роман, па дури и ми се согласи на моја помош, не дека сум некој експерт на ова поле ама од пуста љубопитност ќе се врткам лево десно :)
 
“Постои разлика, секако дека постои разлика. Постои разлика помеѓу два града, постои разлика и помеѓу две фамилии, постои разлика помеѓу две села кои се на три километра, постои разлика, бога ми и помеѓу маж и жена, постои разлика и помеѓу самиот себе. Постои секогаш разлика, за тоа ми е глупо да зборам, затоа што е сигурна ствар. Али за мене тоа се глупости. И пак ќе се повторам, постои разлика помеѓу овие горе, кои трескавично и по малку морничаво ги бранат своите интереси и позиции. И не само своите, туку уште повеќе туѓите интереси, бидејќи све ќе направат за да своето газенце таму и го задржат. Али тие луѓе не паднаа од Марс, они се дел од нас, такви сме ние. Јас мислам, било кој од нас да е горе ( на функција) истото би го правел, мош да и бетер.”

Али у ред е Бате Џони Штулиќ, y реду е твојов муабет, али понекогаш, после разговорот со некои луѓе, човек осеќа потреба пријателски да помилува камен, да му се насмее на дрвото и со полна почит да симне капа пред магарето ...

Само што не е "понекогаш"!

Многумина не се осмелуваат да се убијат од пуст страв што ќе речат комшиите-Сирил Конели

П.С А треба!!!

После П.с Денеска во една бурна расправија на работа го употребив терминот – “ Преку к*р ”. Ебаго дури и тука се цензурирам, ама ете ми излета. И шо е уште полошо не се ни каам. Си заслужи...

Најмадафакерски после п.с

292618_463029463708937_1087167394_n.jpg

Еве ти ја диеталнава песничка шо ме дружи деновиве. Ајт ќе спијам, потишина малку!

 
Не ми е јасно која е потребата да имате се детерминирано, пресметано, да ги знаете однапред работите, или да знаете колку куќи има овде и онде, или да одите у казино и да го поебете казиното со математика, или да ги објасните сите процеси кои се случуваат у вселената, или ... матер му ебеш.

Зошто наместо тоа, не уживате у дадената ситуација, или не` уживате у тие чудни вселенски феномени. Не дека и таа перцепција е точна. Уствари, нема точна перцепција и не сите ја доживуваат една ситуација како иста, ама барем живејте за неа.
Ги жалам тие анализатори на музика и музичка работа, наместо да уживаат во неа и сите влакна на телото да им се кренат. Ги жалам тие научници шо се обидуваат да дознаат се, а не живеат за тоа што се случува. Не, јас нејќам да ми објасни некој како паѓа ѕвезда, сакам да ја гледам како паѓа и да и се радувам.

Ај чао!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom