Драга,
поминаа 10 години откако прв пат ја видов внука ми. Беше толку малечка и едвај ги отвараше очињата. Имаше розевка кожа, прекрасен бебешки мирис, мали прстиња(стварно беа многу мали

) и блага насмевка... Кога прв пат ја земав во раце се плашев дека ќе се скрши, ама ништо не и беше. После некое време почнавме на менуваме пелени, да ја успивам со пеење, па почна да оди, да зборува, научи сама да јаде и да си избира храна, стана прваче, имаше симпатија, а денес ми вика дека најмногу од се сака да патува и да добие одговори на нејзините милион прашања.

Понекогаш страшно ме потсетува на мене, има толку „мои“ движења како никој досега и секогаш е умерена во се, што ми е посебно драго. Како за дете од 10 години има многу добар вкус, дури и за музика. Можеби најважно од се е што не е од оние разгалени деца, кои плачат или се занесуваат...
Многу брзо ми поминаа 10 години. Денес и е роденден и веќе 3 дена го средувам дворот за нејзината забава. Ми останаа уште 90 балони и после се ќе биде ок за да ужива со другарчињата.
Уживам во последните години (месеци) пред пубертет.
Така Драга, еве ти една за нејзиниот роденден.
Поздрав