Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга...колкава е веројатноста,математички пресметано и аргументирано да ти влезе гугутка во соба која е на 4 спрат од куќата,да ти ја направи прплец,ти да се отепаш од креветот рипајќи да ја избркаш и на крај она фино лепо да си одлета како ништо да не било...теорија на хаос во мали размери.А дејствието се одвиваше отприлика баш со вакво темпо:

 
Кајганче!
Се молам на господ, се крстам во професорката, да ми го прифати проектот и да нема некои остри критики, особено да не ми рече направи нов:eek:.Синоќа едвај го довршив, подочњаци имам до колена, ако ми се поремети биоритамот а таа ми рече: "не ми се свиѓа направи нов", има да се отрујам!
Иначе преубав викенд, дефинитивно... :)
 
Драга...
После година ипол, конечно се чувствувам спокојно. Денес сфатив дека конечно почнаа коцките да се подредуваат како што сакам јас. Конечно сум среќна дека и покрај се што се случи направив нешто за татко ми и го усреќив. Татко ми е, и го сакам, каков и да е.:place: Сакам да го гледам среќен, затоа што знам колку му значи ова што го правам, затоа што и покрај се, тој сеуште е истиот оној чесен човек кој по некоја случајност го снајде она што најмногу го мразеше. Ама ќе биде се во ред, конечно после толку долго време имам доза оптимизам во себе, дека ќе биде.
И го сакам животов, каков и да е. Колку и да заборавам понекогаш дека едноставното е најубаво и скромноста ако ја имаш е најголемото богатство.
Убаво ми е...
На ти...
 
tumblr_lwuctkfpyG1qetr49o1_500 (1).gif


Секое дете треба да порасне со вакво убедување.
Во некој си совршен систем на фукнкционирање не би постоеле писхолошки модели и пореметувања, кои се пренесуваат од колено на колено, не оние рецесивните, него само поради фактот што не знаат за подобро и го сметаат за исправно.
Одбивањето да се прифати дека некој изостанува од тој колосек и развиен модел низ генерациите е катастрофално и поразително. И како што е веќе согледано, низ историјата и годините, оние кои се разликуваат се и пореметени поради одбивањето да се привикнат на некој terms and conditions што се без врска и нелогично глупави.
Па се пробува со некое навидум прилагодување кои и така не е доволно добро, затоа што пореметениот никогаш нема да биде доволно добар поради етикетирањето како различен. И така етикетираниот ќе се обидува од петните жили да се вклопи и да игра дур трае музиката, само работата е што, никој не сфаќа дека темпото станува пребрзо и фали ептен малце да се пушти од орото и да се препушти и конечно да се препушти на спокој. Засекогаш.
Можда е и така најдобро.
 
Кајгано,
тоа e, јебига...
 
Еј,
само да видам дали со промената на мојот ник, престанав да бидам кул како претходно.

Edit: сепак не, фатален сум и вака. Фала ти
 
Драга,
пак имам нова фризура и нова боја. Ова веќе и не е некоја вест. :icon_lol:
До сега и правев часовник на внука ми и знам дека ако не и биде најубав, ќе го прогласат за најинтересен. :)
Инаку, планирам да си купам куче, почнав да го остварувам планот : Купи куче, остани forever alone или не беше така?:cautious: Нема врска...
Да ти кажам вчера ги видов децата на братучетка ми и премногу ми фалат. :place: Малата, сама се запишала на Talent show, :pos: па ми покажуваше како ќе игра и која песна ќе ја пее. Големата конечно рече дека и сама ќе дојде во Македонија, а малиот скришно ми се смееше кога му кажував приказна. :) Душички се. :X3:
И така Драга... Ајде поздрав, еве ти една заразна. :)
 
Драга,

Момент дел од секунда , вибрации што добро ме здрмаа. Како танго на полноќ изиграно со боси нозе на ладен мермер. Како пиjанство,ама тогаш кога ти е таман да одлепиш скроз а сепак утре да не ти биде лошо. Да драга :)
 
Д.
*annoying facebook girl mode activated*
Имам симпатија, ама ќути си <3 :D
latest-meme.jpg
 
Драга...ич не е убаво кога човек ќе си стане наутро и ќе добие слика налик ова од тебе:

Untitled.jpg

Пак ме збунуваш бе Драга...:confused: Прво Паскал,па сега ти идеш на ред за филозофирање...да не знае човек која страна да си ја фати на вакви прашања...ц ц ц смрт за нас романтичарите.
 
Драга К,
Ако некогаш се сомневав сега сум сигурна дека себичноста е услов за среќа. Колку посебичен е човек толку е посреќен. Долго време бев рамо за плачење на другите, долго се вложував себе во корист на среќата на другите, а кога мене ми беше потребна потпора никој немаше околу мене, никој не ми понуди помош, па дури и најблиските не мрднаа со прст за да направат нешто за мене.
Но, сега знам дека треба да ја променам стратегијата и да се ставам себе во центарот на мојот свет а не другите.
Фала за разбирањето и поздравче:)
 
Драга К.

Одам на езеро...Би требало да поминеме одлично,ама ќе видиме. Помини си и ти убаво за 1 мај,истото му го посакувам и на сите кајганџии. Поминете си убаво,не претерувајте со алкохолот и уживајте. Поздрав :)
 
Драга,
Вчера покрај Гечевски сум се осеќал ко џуџиња од Снежана :), не сум замислувал дека до толку е висок, од трибина и вака преку нет/тв не сум помислувал дека е преголема разлика :D.
За прв пат у мојов живот сум седнал да мезнам со татко ми, предигра е ова само ма :).
Ај биди ми поздравена, и пази :P.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom