Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Страна 1000! Дебела си Кајгано ^^
Иначе кај мене..

Имав добри два саата сама со себе, и сфатив дека некои работи никогаш нема да ги научам.
Кога ти е некој крив, се ставаш у ALL CAPS RAGE mode и му се истураш, коа си сам крив, си тонеш у тишина и се пцуеш пошо си ушуќ. -.-
Така и сеа.

Не смеам да си дозволувам толкави задоволства да си ја слушам интуицијата (инаку оптимистички настроена..) што ме храбри да им верувам на луѓето ако сакам да не останувам со прстот у уста.
Не смеам да си дозволам да се врзам за некој ако тоа што го има да ми го даде не е вредно барем колку половина од секоја хипотетичка солза што некогаш можеби ќе ја исплакам за истата таа личност.
Непостојани се луѓето, доаѓаат и си одат, се менуваат, им се менуваат погледите, ставовите, призмите, одлуките...
Зашто да дозволам некој да пушти корен во мене кога само прашање на време е кога ќе го откорне, ќе си го собере и ќе се отиде, и ќе остаи дупка во мене што, зависно од тоа колкав е коренот, право пропорционално повеќе време ќе ми треба да ја закопам.
Незнам кај ми отиде филтерот шо порано си го имав поставено и ми функционираше совршено, систем од услови што треба да ги исполниш за да ми бидеш близок. Алал им вера на тие што поминуваа низ мојата пребирливост и си посадија свое семе во широката ми градина такозвана Срце. Сеа тоа го неам. Незнам дали почнав да се задоволувам со се помалце и помалце кај луѓето, затоа што како што ги запознавам се се поплитки и поплитки, или сум станала поголем оптимист па глеам убавини таму кај што ги нема о.о
Многу ми е глупаво коа ќе дојдам у ситуација на некој да му објаснам како треба да функционира едно пријателство. Ако на некој му требам, ќе му подарам и време, и утеха, и совет, и ќе му бидам рамо за плачење, и било што да и му треба во моментот... И, аналогно, треба да го добијам истото за возврат кога и да го побарам, без правдања и сличен bullshit, because that's how friendships work!
А сеа доаѓам у позиција да треба да потсетам некој колку сум била пожртвувана и несебична кога било потребно, за да ми врати со истото, што многу го мразам, да се навраќам на жртви што сум ги праела за некој друг, да се мавам по чело со фактот дека некој ми бил поважен од самата себе.

And then i ask myself, зашо си дозволила да дое работата до тоа дереџе при здрав памет и свест?

И единствен одговор шо можам да си го дадам е, Си имала надеж во човештвото (lol u retarded?).
И после тоа, си давам утешна награда за второ место, Си извлекла поука и искуство.

А искуството секогаш тежи мааалце повеќе од болката.
Секогаш.
И тоа ми е доволно за и нареден пат да поминам низ истото. It's a never ending cycle :)

Ема, си отупела, почни да разговараш со (по)паметни луѓе, да читаш повеќе книги и да си го храниш мозокот за да не ти пропадне и тој ситно натпросечен потенцијал што го имаш.
П.с. Мислењево ми е долго и формулирано слично на филозофските реферати шо ги постнуваат девојчиња у Љубов и Секс шо стално ги скролам, ни сама не би си го прочитала.
 
Ау, си мислев дека кога ќе си дојдам ќе те имаат помината, драга 1000ко :)
Да си оставам јас белег на странава, како верен кајганџија и верен драгакајганафан :)
Да си дочекаш уште многу вакви значајни бројчиња, да те слушаат појше кајганџии, остани мила, фина и жолта.
И чисто онака, коа веќе ти се обраќам ко на чоек, фала што ме запозна со значајни луѓе :D
Ми го смени животов :*

Love, М.
 
Епа и јас да ти ја испоштувам страницава.
Сакам вакви округли бројки највише.
Сакам кога Џибони ми доаѓа во комшии да ми пее на увце и покрај тоа што постои шанса, како бројов на твојава страна, да бидам прегазена во стампедото.
Сакам кога во целиот мрак, ќе ја здогледам таа мала светлина
Сакам кога луѓето покрај мене, почнуваат да се радуваат на малите работи што ме прават и мене среќна
Сакам кога сакам...
 
Драга, ( гледам 1000 страни - браво)
денес уживам. Се ослободив од сите стравови и глупости што ми се вртат низ глава и цел ден се релаксирам.
Чајот во една рака, книгата во друга и слушалките на уши со многу добра музика.
Од утре се по старо. Најверојатно, пак ќе ме убива напад на паника и ќе умирам од досада, ама денес супер ми беше, па ќе се трудам и утре да си го продолжам чувството.
Инаку барам една музика - не можам да ја најдам, а баш е супер за релаксација и одмарање на попуштени нерви (барем за мене).
Ајде Драга, доста те давев.
Поздрав
 
Кајги,
Последниве денови се чувствувам осамено, мора некое милениче да земам така барем ќе ми се исполни времето и ќе бидам задоволна. ај и да постирам побрзо зашто сакам оваа страна да ја фатам:pos:
 
Честито 1000-ка.Иначе ич не е интересно без обврски.А ако ги имаш, обично се премногу.Угоре високо удолу длабоко...
 
Сериозно, не мислам апсолутно ништо лошо драга, ама многу смешно ми изгледаат аватарите вака поставени:
 
Рече членот со црн аватар, ставен поради несигурност, за да може да збори за другите.
Јас пишам само колку за контраст. Знам дека мојот и се допаѓа на Сатори.
Колку за компарација, или дека е 1000та страна. Штоидае на мода.

Каи мене, животот е убав. Ми се пие чај, скокнав ден два, знаеш, фудбал, машки, пиво..
*се чука во гради, бавно и драматично*
*КАПСЛОК ЗА ДРАМАТИЧЕН ЕФЕКТ*
 
Passed down to you...
Ja сеа нешо у стилу пост на една од тукашниве сеприсутни чланаци уствари чланаЧКИ,
Обожаам коа некој е среќен, поготоо некој близок, мрзам троловски постови, ми треба 1000ка у новчаник. И утре Џибони ако не ми ја пушти песната ќе му го с`снам Слаткар. Знаеш, кучето си го крстив така. Онака од ташачење. И петок ме густа Тетово. Ај така.
So says Saladin

P.S. Dragonball на кроатски - Јаја од змаја. Уште не можам да се соземам.
 
Да ми препорача некој некоја телемитска книга, може ќе имам време да прочитам нешто :)
Уствари јас и појма немам што се тоа телемити......лошо ми звучи на прв поглед :) може заради тоа што е сличен со зборот термити :D

Ајде после имај волја и пишувај по теми...
Непотковани нинџи имало и ќе има, ама прагот на толеранција не ми е како еднаш одамна.
И ти ми остана, ДК, со 1000 страни и кофи врз кофи фецес од децата на природната состојба...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom