Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајганич , моите си дојдоа од одмор , и почна блеењето над гЛАВАААА , до кога вака?!
кисс
 
Оооо дај бе неможам да издржам веќе њаааааа.. Барем 4 дена да издржам...Секогаш 3 ден и кризи.. Ќе се затворам дома и не излегвам...
 
E aj sega de. Ko che legnam da odmoram, togash ke zemesh da tropash po toa limoite. Ima i zakoni ebago, ama maka mi e da te prijavuvam sekoj vtor den. Pa, mater mu je*em, zemi prochitaj troa, da ne se raspravame. I taman sum zadremal, dojdoa da me baraat, chunkim ne mozzel drug da pomogne, samo jas sum kako univerzalno daljinsko koe se fakja na sekoj sistem koj ima elektronika u nego.

Namerno ti pisham so ljatinica. Sega znam deka e mnogu povekje cool. NOT.

This guy is cool, you are not.

 
кајги, јас одлучих да си свирнам куршумот веке на форумов... читаме се некој следен пат... позз и беше закон тука дружењето со вас... Ваш, Монтескани
 
Многумина веруваат дека се навистина она што општествено се претставуваат.
 
Yo it's me again..

Колку време немав толку убав муабет правено со моите. Ех шубо ми беше се дур не заѕвони мобилниот.. Мораше ли драга сега да ме бараат ? Мораше ли ?! И сега пак не ми е во ред работата.. Ја чув во позадина, ме сече...

Дим 1 - Седиме на маса и ‘‘славиме‘‘ почеток на нова година, на нови нешта, на нови другарства, на ново се.. А меѓу нас се освен луѓе. Подмолни фаци и лицемерни насмевки. Само кај мене нема насмевка, тажен и празен поглед барајќи одговори во алкохолот. Ни ти не се смееше, не не ни погледна. Поглед во страна и насмевка од учтивост спрема тие што ти зборуваа.. Цигари со мене и движење на секоја минута.. Истото беше и со тебе, но не се наоѓавме во муабет.. Бунар 1,2.. и јас почнувам да исклучвам.. Го кажувам тоа што ми лежи длабоко во душата, дека сите до еден се лицемери,подмолни,лажни и гнасни фаци.. Првата змија веднаш ме избегна, остана уште ти... Тогаш се случи она неочекуваното, ти ме повлече со тебе надвор и имавме разговор. Сфатив дека си сосема различна од сите нив, дека си слична на мене, дека и двата ги читаме нивните лица, дека веќе им ги симнавме маските.. Но дали беше тоа искрено од душа и срце? Дали навистина го мислеше сето тоа.. (се до збор сфатив покасно..) После таа ноќ насмевката на лицето ми беше искрена и не глумев дека сум среќен туку бев среќен..

Дим 2 - Веќе сме ние, јас и ти.. Најверните, неразделни, две тела-една душа, но дали сето тоа беше само моја претстава во главата, сето беше лажна слика ?! На ова сеуште барам одговор.. Затворени личности, јас се отворив спрема тебе.. Рушиме се пред себе, сите гомнарии мои, сите проблеми твои.. Секаде заедно. Сега знаеш се за мене, ми кажуваш се за тебе.. Оние празнини не ни сакав да бидат пополнети, не ми беше важно се додека ти беше тука крај мене. Знаевме на што сме, не ни требаше ништо.. Секоја ноќ меѓу згради,секоја клупа и дрво во парк, секој концерт,а таму само јас и ти.. Петок го мразевме најмногу, во Петок бевме сите, а ние сакавме само ние двајца да сме.. Колку се сменивме од самиот почеток, за мене знам, за тебе не сум сигурен..

Дим 3 - Тука сме сеуште. Односите дури ни се уште подобри. Два темели кој тешко се туркаат.. Ме рони мене само една мал проблем, кој со тек на време го решив, веќе не ми ни пречеше.. Летен распуст, секоја вечер заедно,секаде заедно, преку ден пак во мислите, 1 inbox константно, тука и кога не... Тогаш не ни знаев дека го живеам она што цело ова време го барав, она за кое се мачев, за сите оние непреспиени ноќи.. Сето тоа го имав во рака, но на сцена стапи човековиот синдром на самоуништување и веќе не го сакав тоа што го имав, сакав многу повеќе.. Една вечер сам и се се сјеба.. Јас,мојот мозок и долгите ноќни прошетки. Секогаш се случувала некоја глупост кога стапуваат во комбинација овие три нешта.. Касно е веќе, планот е скроен, се чека погоден момент.. 2 дена покасно дојде.. Првата пушка пукна погодувајќи ме во левата страна од градите, распарчувајќи ми го срцето..

Дим 4 - Раната сеуште боли.. Не нема нас двајца.. Деновите ко секунда минуваа, а солзите на лицето константно се трклаа.. Останавме само јас и мојата депресија, претворајќи се во гнев гледајќи го твоето однесување.. Дојде да се запрашам дали се она беше вистина или се било лажни ветувања.. Џабе лојалноста, џабе пријателството, џабе ни е се после ова..

Дим 5 - Гневот расте. 2 недели подоцна пак се сретнуваме очи во очи.. Ја гледам твојата насмевка, ги гледам убавите очи.. На што ли да му верувам, на среќната насмевка или на омразата во твоите очи.. Кажи ми, на што.. Како да не ни постојам. Секоја дискусија се сведува на одговори ко низ уста да ни ги влечат.. Те мразам уште повеќе си ја лажам главата. Те мразам колку што ти ме мразиш мене.. Вечерта е долга, а јас со кец ја зачнав.. Прометот се намалува.. Несвесно останавме само јас и ти.. Нема разговор, сега сме тројца, не ми треба ништо друго во животот.. Се отворив, ги исплукав, се решив од сите проблеми..Ах конечно си реков, конечно, барем така си мислев тогаш..
Втора вечер идеме на рунда 2.. Тогаш ми се руши сиот свет, тогаш сфатив дека немам душа, истиот момент кога потрча по мене и ми се развика.. Егото ми порасна до небото, не се ни свртив, а горчеше во грлото.. Ме вратија со солзи на очите, таму беа тие и на твоите.. 2м на квадрат, секој на својот крај плачејќи..Секој мој удар со главата во ѕидот, секој удар во оградата.. Болка не осеќав, веќе немав сила за ништо, само его кое не ни знаев дека го поседувам.. Повторно викаш со солзи на очите, а јас ти се смеам во лице ко ништо да не ми значи.. Заминавме и тројца ние (тука ти беше грешката) да разрешиме се.. Исти муабети ве напуштив, секој на своето и помина ноќта.. Дали сега се реши се ? Сега немам мир, музиката од мене да направи подобар човек, барем за момент.. Трета среќа викаат.. Пак исто.Сите мислат дека сме скарани, а никој не знае дека е подлабоко од тоа.. Те гушнав, ме гушна... Срцето ми трепереше, тие 5 секунди беа нешто најдобро за мене во последно време.. Тоа беше и се. Пак е по старо кај мене. Никогаш веќе исто, никогаш ние двајца. Боли али живот иде даље, за некој денови насмеани, за некој ноќи долги и темни..

Дим 6 - Последниот дим иде за тебе, психоделио моја хаха.. Заборави на се и нема простете.
:confused:
 
Eeeeeeeeeeeee времињаааааааааа!!! Ми недостигаат Кајгич!!!

 
Драга,

Претходниве неколку дена баш беа супер.
Јако друштво, јак помин.
Исполнети денови и плус запознавање на неколку нови лица во рок од 2 дена.
И плус пак снабдена со нови филмчиња ..
Епа ај нека се задржи периодов подолгооо. Ок ?!?
Па не барам многу бе!
Aе заслужуваш за крај едно хепи фејс =D - мое смајли пошо твоиве не ги бива.
 
Драга

Во последно време сивата маса која се остава на форумов е очајна. Математички прикажано вака би било:

Паметни работи на форумов во прајм-тајм сега = Порано за Нова Година во 4 сабајле.
 
Драга
кога ќе те зачита човек, досадна си.....................се едни исти ти пишуваат :eek:
некои само се смејат, некои само кукаат како им било досадно и жалат што се родиле, трети ти кажуваат веќе од пред месец дена дека ќе ги немало 10дена, четврти ти пишуваат на латиница оти биле на море и немало мак поддршка и цело време само тоа читам (n)
бацк офф
 
Such a lonely day, and it's mine...
Цел ден чмаам тука пред тебе а ова ми е не знам... можеби трети пост.
Ништо интересно нема кај мене...
unled1tu.jpg

ти реков...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom