Драга Кајгана,
Спреми се за состав на темата како си поминав минатото лето
Летото уствари сеуште е во фаза на почнување, користев денови од ланскиот одмор. Скокнав на кратко до Белград да ја ѕирнам третата изложба на другарка ми Ирена Мила. Но да почнам со ред.
Уште кога се спремав дома видов дека една од побитните улици во Нов Белград се вика Гоце Делчев

Мислев дека ќе биде фино да фатам такси, ама кога видов дека таксито во Белград е дупло поскапо од она во Скопје, си викам... заеби. Како и да е, со добри припреми нема локација на планетава која не може да се најде. Станот на чичко ми беше пис оф кејк. Среда беше пижама деј... баш цел ден по пижами, лезет

Вечерта братучетка ми ме однесе на една тераса во близина каде што големо пиво би дошло 67ден, ако се префрли во наши пари. Си викам wtf па во Скопје е поскапо.
Четврток наутро беше резервирано за БЕО ЗОО ВРТ. Најубавата зоолошка на балканот. Среќа најдовме бесплатен паркинг па уживавме во престојот таму ослободени од мисли за зонското паркирање. Чисто за споредба, картата за влез во зоолошката е 3,5 евра.
Четврток навечер беше настанот за кој специјално дојдов во Белград. Ја облеков RUN-MK маичката, бидејќи првата изложба на Ирена беше на првиот РАН фестивал. Оттогаш им тргнува и на Ирена и на фестивалот. За жал центарот за фото и филмска култура не е толку фенси како што очекувавме, меѓутоа битно беше да си поминеме убаво. Мал културен шок ни беше предлогот за покривање на фотографиите со стари весници. Ни кажаа дека таму така се правеле изложби. Се покриваат фотографиите со весници и кога ќе се збере народ се тргаат весниците и изложбата е официјално отворена. На мене и Ирена тоа ни звучеше кич и веднаш го одбивме предлогот. Кога почнаа да доаѓаат луѓето прашуваа кога сме ја отвориле изложбата на што ние моравме да одговараме дека ја правиме изложбата по скопски, без весници

Имаше љубители на убавата фотографија, фото-аматери и професори по фотографија кои дадоа позитивни оценки за изложбата и по некој совет кои би ги подобриле нејзините следни фотографии.
Петок беше ден за враќање, за средува впечатоци и од зоолошката и од изложбата и од она малку што го видов од Белград. Краен заклучок беше дека Српске Железнице се поголем #fail од Македонски Железници. 12 саати патување од Скопје до Белград и 10 саати во обратна насока, сепак премногу. Неудобните и валкани седишта сепак пречат на долги патувања, а средношколците од провинција кои си одат дома после завршувањето на учебната година се бонус.
п.с. Вчера искочив у град на вечерно искачање. Си поминав најпопрекрасно. Фини луѓе околу мене, бев на фини места, еден куп народ видов во Чаршија... треба почесто да искачам
п.п.с. Вечер пак на изложба... Ќе морам и јас да склопам една изложба наскоро :p
--- надополнето: Jun 19, 2011 2:25 PM ---
Веќе влегов во 51-ви

и пак сум на свадба. Прееска таман легнав и сон ме фати, се здавија мачкиштана надвор, зоврев од нервоза. Мајке ми се осеќам како во некоја епизода од The Twilight Zone. Нека поминат уште денес веселбиве и од утре се враќаме на улица за протестите. Кис4иња.
Мојот рекорд е 54 часа. Кога се враќав дома седнав на првото седиште во празната ЈСП 66-ка и кога се свртев позади визуелизирав кловнови и грим-рипери :p И сонцето ужасно ме нервираше.