Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгии досаднооо не отидов на базен , чатот на фејсбук не ми работи , нече карта поштенок човека не знам шо да праам кој че чека до вечер да дое време за исачање дај кажуј занимација оти од прееска од немање шо да праам 10 пати јадам и пијам пиво тоа некако ме држи да не паднам во депресија :(
 
Драга, ова е веќе 39-от час во кој влегувам, без сон. Ми дојде период на несоница и вишак енергија која не можам да ја потрошам иако бев во Струга цел ден на свадба, се изнапив секакви алкохоли да ми се приспие ама не бе, џабе е. Можам пешки за назад да тргнам пак :D
И така нема никој буден тука, ќе си пуштам филм :) Кисс <3

Веќе влегов во 51-ви :mad: и пак сум на свадба. Прееска таман легнав и сон ме фати, се здавија мачкиштана надвор, зоврев од нервоза. Мајке ми се осеќам како во некоја епизода од The Twilight Zone. Нека поминат уште денес веселбиве и од утре се враќаме на улица за протестите. Кис4иња.
 
Драга Кајгана,

Спреми се за состав на темата како си поминав минатото лето :)

Летото уствари сеуште е во фаза на почнување, користев денови од ланскиот одмор. Скокнав на кратко до Белград да ја ѕирнам третата изложба на другарка ми Ирена Мила. Но да почнам со ред.

Уште кога се спремав дома видов дека една од побитните улици во Нов Белград се вика Гоце Делчев :) Мислев дека ќе биде фино да фатам такси, ама кога видов дека таксито во Белград е дупло поскапо од она во Скопје, си викам... заеби. Како и да е, со добри припреми нема локација на планетава која не може да се најде. Станот на чичко ми беше пис оф кејк. Среда беше пижама деј... баш цел ден по пижами, лезет :) Вечерта братучетка ми ме однесе на една тераса во близина каде што големо пиво би дошло 67ден, ако се префрли во наши пари. Си викам wtf па во Скопје е поскапо.
Четврток наутро беше резервирано за БЕО ЗОО ВРТ. Најубавата зоолошка на балканот. Среќа најдовме бесплатен паркинг па уживавме во престојот таму ослободени од мисли за зонското паркирање. Чисто за споредба, картата за влез во зоолошката е 3,5 евра.
Четврток навечер беше настанот за кој специјално дојдов во Белград. Ја облеков RUN-MK маичката, бидејќи првата изложба на Ирена беше на првиот РАН фестивал. Оттогаш им тргнува и на Ирена и на фестивалот. За жал центарот за фото и филмска култура не е толку фенси како што очекувавме, меѓутоа битно беше да си поминеме убаво. Мал културен шок ни беше предлогот за покривање на фотографиите со стари весници. Ни кажаа дека таму така се правеле изложби. Се покриваат фотографиите со весници и кога ќе се збере народ се тргаат весниците и изложбата е официјално отворена. На мене и Ирена тоа ни звучеше кич и веднаш го одбивме предлогот. Кога почнаа да доаѓаат луѓето прашуваа кога сме ја отвориле изложбата на што ние моравме да одговараме дека ја правиме изложбата по скопски, без весници :) Имаше љубители на убавата фотографија, фото-аматери и професори по фотографија кои дадоа позитивни оценки за изложбата и по некој совет кои би ги подобриле нејзините следни фотографии.
Петок беше ден за враќање, за средува впечатоци и од зоолошката и од изложбата и од она малку што го видов од Белград. Краен заклучок беше дека Српске Железнице се поголем #fail од Македонски Железници. 12 саати патување од Скопје до Белград и 10 саати во обратна насока, сепак премногу. Неудобните и валкани седишта сепак пречат на долги патувања, а средношколците од провинција кои си одат дома после завршувањето на учебната година се бонус.

п.с. Вчера искочив у град на вечерно искачање. Си поминав најпопрекрасно. Фини луѓе околу мене, бев на фини места, еден куп народ видов во Чаршија... треба почесто да искачам :)

п.п.с. Вечер пак на изложба... Ќе морам и јас да склопам една изложба наскоро :p
--- надополнето: Jun 19, 2011 2:25 PM ---
Веќе влегов во 51-ви :mad: и пак сум на свадба. Прееска таман легнав и сон ме фати, се здавија мачкиштана надвор, зоврев од нервоза. Мајке ми се осеќам како во некоја епизода од The Twilight Zone. Нека поминат уште денес веселбиве и од утре се враќаме на улица за протестите. Кис4иња.
Мојот рекорд е 54 часа. Кога се враќав дома седнав на првото седиште во празната ЈСП 66-ка и кога се свртев позади визуелизирав кловнови и грим-рипери :p И сонцето ужасно ме нервираше.
 
Мала,
кога ќе му кажам на компјутерот да цркне не го мислам озбилно. Ама тој изгледа го мисли... Педер!
И така сега сум на стариот во кој неам ни музика, ни филмови, ни ништо... ама па тебе те имам babe! -.-
Другар ми замина за Америка... Да, знам, ќе се навикнам на неговото отсуство, али дури се навикнам тешко ќе е...
 
Дарлинг,
Денес се чувствувам подобро од вчера , послабо од утре :)
Патем, од утре вртам нов лист ( знаеш за што зборувам ) , посакај ми среќа!
 
Драга

Работава е try walking on my shoes:rolleyes: Станаа неудобни при крајот веќе....Ах Марфи Марфи не може да ме заобиколиш а? Се чуствувам исполнето мелахолично! И да мисли за жал не знам да читам.Прекрасно мирисаат расцутениве липи ама ќе беше уште попрекрасно да не бев алергична на нив.
 
Драг Омлету,

летово сите со нетрпение го чекавме...ете дојде...се чуствувам бескорисно ^^....спиење до 17h легнување до 06h сето ова ми нема некако смисла......да живеев во поголем град би се вработила некаде но во овој (со извинување) посран град неможеш да се измочаш без да не бидеш забележана.... Чекам да се мајнам на некаде пошо овде тапа е....Срце мое нова сум (па што дека:confused:) и еве барем најдов каде ќе го тепам слободното време (освен fb) каде што е претерано досадно и ,,веч виџено‘‘...
:love:
 
Драга

сам сум крив, си ја влечам математикава 1 година
утре полагам CAD/CAM апликации ќе го поминам некако си викам
среда полагам Вовед во компј. мрежи задачите се научна фантастика.....но ќе биде
четврток математика 2 .....не знам на кој гол да пуцам ете тоа е
ќе ми држиш среќа
 
I'm worth just to fuck things up - треба нешто повеќе да се објасни ?! НЕ ! -_-
 
Хајл Драгааа :p среќна сум Д. ќе има парти (y):X3:
 
Кајгииииииииииииииии не е можно ова шо сум го напраил денеска не е можноооо ќе се самоубијам од заседа
 
Д.
недела ко недела.
а лето, а зима...недела си е недела :rolleyes:
во цела жештина одев ко нездрав и за што бе???? за да се искарам, ете за тоа.
сега конечно сум сам в соба и слушам некои безврска, рандом песни и малку ги одмарам живците.
носот ме чеша, осеќам околу мене прашина изгледа ќе кивам. инаку ова модемов ќе го фрлам, ти се пофалив?? :sneaky:
а уште да ти кажам сонував многу чуден сон, со личност што воопшто не ме привлекува и ја немам видено прилично подолго време, ама сонот каков беше не сакаш да знаеш :cool:
бруки
ај ча-0
 
кајги, знаш саа гледаах шо ли се не сум ти се исповедал еј... ич не успеа да ме вратеш времето. кој вика? иначе утре здравје од Бога нека е, одам за Локарно. сакам да ја изненадам девојка ми :D
 
Dear,
среќна сум у п.м. екстатично, оргазмично, еуфорично среќна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom