Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Уште сум на фах, ау не можам више, треба уште 1ч да чекам за автобус да дојде. Ама викенд ме чека на книга треба да дремам, ау нека замине оваа недела & i am done.... знам многу се жалам ама крајот и почетокот отсекогаш биле тешки.
 
Д.
гледам сите или за спиење или за испити ти се жалат, па ај и ја прво за спиењето да ти се пожалам. не сум спиен од вчера ова време :nesum:
за испити не можам да се пожалам, уште е рано, ама можам да државната да ти се пожалам....едвај чекам да помине.

кога го гледам постов на секој втор збор забележувам: жалам, жалам, пожалам.......а која иронија, баш убаво ми помина денот :toe:
 
Досадно
troll-dance.gif

Ојдов на кино, мња
 
Драга Кајгана, Ромале ромали... ама не песната, состојбата во автобусиве селски. Сабајле накај работа до мене седеше стара ромка, а на враќање растегаше хармоника она циганон (намерно употребен навредлив збор) што свири по раскрсници. Во меѓувреме брзај со кола до карпош за да земам нова говорница, при транспорт ни се одлепи делче. Купувај суперлепак за да ја средам. Па суперлепакот наместо да го фрлам го ставив во џеб од пантолони, па се растече и ми поткачи од новчаникот и сеа делумно е пластифициран... Па фотографирај сечење лента, сонцето, најлошо можно на свет, на крај извадив 6 грди фотографии, малку од малку ги затемнив светлите делови у фотошоп, па ги освелтив темните. Али моментот е што претрчуваа деца наоколу и му викам на шоферот на шефот: Знаеш како се праат глупи деца? -Не. -Прашај ги татковците на децава.
Патем да го пишам еден од најбесните вицови што ги знам.
Бабуш и Рамче праат муабет.
- А бе Рамо, си лижел ти миена минџа?
- А што има да се лиже на миена минџа?!

И денес видов пантолони шиени за германски пазар. Толку гоооолеми што и #nevesta-та ќе ја зберат.

п.с. Више никад нема да бидам пријател на ФБ со Пеам на свадби.
 
Passed down to you...

Changes.... big changes, I say.
Дали се должи поради тоа што ништо спектакуларно не се случи во претходните 6 месеци. Или пак тоа дека открив дека одморот по се изгледа ќе го поминам во нашево ни` скопје..... Ама некако и ми е ќеф. Доста ми беше шетанции. Пуштам корења.
So says Saladin

P.S. I lied about telling you that nothing significant had happend these 6 months. As a matter of fact I met very interesting people around this February. :wub:
 
Имам некоја мака. Само не знам што е. Знам дека во грч ми е желудникот. Така ми е некако... мутаво. Не ќе да е на арно. Човештвово е неверојатно. Толку многу луѓе, а човек е толку тешко да најдеш.
 
Ти се верува дека имам инспирација? Оооо!
 
Драга,

Тивко е.Би рекла повеќе од вообичаеното.Можеби зошто и јас бев тивка вечерва. Ахх драга...
Како и да е идам на спиење.

Добра ноќ :back:
 
Kay,
I want to get away, I want to fly away. Ме задушува градов, ме задушуваат луѓето... Ми треба да отидам негде на некое време и да се тргнам од се’ што е овде.
I will find a way. Знам.
 
Драга...

Ни шпанска серија не ми е рамна во животов, во право е сестра ми со нејзината констатација дека Господ кога ни ја кроел судбината во меѓувреме гледал шпански серии. Ама станав имуна веќе, не допира до мене, едноставно прашинка е, може и ветерот комотно да ја дувне, ептен сеедно ќе ми биде. Јас не сум човек кој простува, уште помалку заборавам, поседувам доза на толеранција но до одредената црвена линија. Онаа која веќе е премината. Жалам, последниот автобус пројде некаде во почетокот на февруари. Јас и овака се научив да живеам. Да, јас сум човек и умеам да мразам, полна сум со омраза и горчина што мислам дека еден ден ќе експлодирам, но нек се угоде... Уште малку и ќе ја трошам таа лутина, тој бес и гнев на нешто за што верувам дека ќе ми се исплати во животов. За рок од 5 месеци, за само толку краток период научив да бидам силна, дека ништо не е толку тешко како што изгледа дека е... Сама ќе си успеам, никој не ми треба.

Ах патетики...

Чао.
 
Чувството кога си трезен и ќе му кажеш во лице некому се што мислиш за него ме прави помирен од кога и да е :)
 
Е таман кога сакав да ти се пофалам дека си се восхитувам на самоконтролата, фитилот ми догоре. No more mr. nice guy! На следната џамбо доза булшит, сечам до коска и не ме боли ќош за ништо. Некои луѓе мора да научат дека не можат да продаваат штрудли на кого стигнат, а особено не на форум. Благодарам
 
Драга , обврски рано сабајлечки а мене ме боли пенисот.
Што да кажам , не сум најодговорната особа на светот. Ама па - среќен сум. Бакнеж , допир и милување.
Се осеќам како навлажнета малолетничка по Виктор. Веќе 10 души ме згрешија за женско на форумов , јасно ми е зашто.
Што да правам , денешен фагот - некогашен романтичар. Не им се лутам , "It's okay to say we're all gay " ко шо би рекол пријателот Курт Кобејн кој не го слушам ама фина реченица.
Јебемга , незнам ни што имам напишано над реченицава така да очигледно ми се спие ама незнаев до овој момент.
Не сум едини , така ?
А да , сон .
Пријатно , Кајган-ага.
 
Драга,
до коа ќе углавуем до 4 сабајле...? :turn:
секоја вечер исто бе драга... не иде више вака
ајде од утре ќе биде друго...ваљда

P.S. Ми фали Кате...се надевам убаво и е таму... Се надевам дека е среќна сега... па заслужува па драгата.....
 
Утринско нервирање - чект!
Не се пецај Магдалено, седи мирна. Игнорирај ја јадицата.
И Кајгано, време е малце среќа да ми чукне на врата, напрај нешто!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom