Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
Браво за текстот, особено за делот со Црнците. Премногу идеализираш. Ко прво може не би ни било така како што мислиш дека би било, така да во секој случај би испаднал разочаран. Што мислиш, другите луѓе живеат во својот "сон"? Многу ретко кој. Или не живеат во својот сон, но мораат да продужат да се трудат и да одат во борба за да преживеат, ако не друго(што мислиш, родителите се потполно задоволни од своите животи или едноставно мораат да живеат/да се трудат за да се/те исхранат?), или па се сомневаат дали е ова тоа што го сакаат. Лесно е да се откажеш, кога ги имаш потребните ресурси за живот и покрив над глава, па уште и компјутер.Не ме знаеш жолта дамо, нов сум. Ти пишав едно "Здраво" пред месец дена и еве сега втор пат. Ама уживај, таква ми е комуникацијата и во "реалниот живот" - сведена на минимум. Всушност, можеш да се сметаш за привилегирана, ти си ми единствена пријателка последниве неколку месеци. Да да, точно е. Види вака, мојот свет веќе некое време се 4-те ѕида на оваа моја ебана соба, во која веројатно осамен починал некој старец многу кратко време пред моите, со нив и јас, да се доселиме тука. Можеби затоа е така мрачна. Како мене. Или пак јас како неа. И баш сред оваа темнина битисувам јас. Велам битисувам, зашто мојов живот не е ништо повеќе од константна конверзија на кислород у СО2. Баш како фикусот на мајка ми што стои у кујна. Таму е и жив е, ама никој не го приметува веќе со години. Од време на време ќе му сипеме вода и толку.
А знаеш, некогаш бев среќен. Сакав и бев сакан (барем така се лажам). Најважно, имав сон. Не повеќе, само еден, сон кој мислев дека е достижен. Сонував да бидам опкружен со љубов. Љубов од три мали и најмили суштества, за кои ќе направев се, само да им подарам парче среќа во овој сив и валкан свет. Едното ќе беше таа, моето мало, смеејќи се како дете на глупостите кои всушност ги правев за да ја развеселам. Ќе се смеев и јас посматрајќи ги нејзините детски игри, како тогаш кога се валкаше во снегот, не срамејќи се од луѓето кои ја гледаа ко да е "чукната". Тогаш првпат сватив зошто ја сакам. Другото ќе беше машко - ќе го облакав у широки и ќе го растев со музика од некои рандом црни млади луѓе од Бруклин, кои рапуваат во некој подрум зборувајќи за вистинските вредности на животот. Ќе го шетав во парк и ќе му се смеев на лутите гримаси на лицето додека се труди да оди подгазувајќи си ги ногавиците од панталоните. Ќе го учев да игра баскет, ќе му попуштав за да ме победи. Третото, моја мала принцеза, мало слатко девојче, горделиво како мајка му, облечено во најубави розеви фустанчиња. Итро и љубопитно, постојано бомбардирајќи ме со несекојдневни, често и философски прашања, какви што само децата знаат да постават, а никој не знае да одговори. Ќе сакаше да биде сликарка, или можеби учителка.
И тука запира се. Сите овие слики се заменети со една - јас како разговарам со некој чуден збир од единици и нули. Знам дека е патетично, ама тоа сум јас Кајги. Сегашност закотвена некаде во некој момент од минатото, во кој среќата е достижна. Човек за кого луѓето мислат дека е мрзлив и/или кукавица, а всушност сум само мртов. Не верувам веќе во ништо и никој, немам желби, надеж, ниту стравови. Млад сум, а сепак стар, истрошен. Се сомневам во се, се сомневам во спомените, во себе и своето постоење, особено во иднината. Но, можеби, само можеби, е ова кошмар кој наскоро ќе заврши. Можеби еден ден ќе пуштам нови листови, кои ќе предизвикаат восхит во нечии очи и топлина во нечија душа. Мислам дека ќе биде така. Само се плашам да не се разбудам со сознанието дека сум ја "преспал" среќата што толку долго ја барав.
И ете така, сега ме знаеш пријателке, подобро од било кој друг. Ти си добар слушател и ти благодарам. Ќе ти пишам пак, можеби скоро, можеби за неколку месеци, колку да му пренесеш на светов дека уште мрдам. До тогаш, пеаце...
Претпоставувам дека си уште бајаги млад, 4та средно или нешто, но на факултет или на работно место едноставно животот бара од тебе да се трудиш, како и инаку да се осеќаш. Најдобро е да се доведеш до состојба да немаш време многу да размислуваш за себе, туку преку постапките (учење, спорт, работа), дури и несакајќи да си го подобруваш животот се` додека не сфатиш дека правејќи ги тие работи си се стекнал со пријателства и некој подобар став за себе.....