Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Не ме знаеш жолта дамо, нов сум. Ти пишав едно "Здраво" пред месец дена и еве сега втор пат. Ама уживај, таква ми е комуникацијата и во "реалниот живот" - сведена на минимум. Всушност, можеш да се сметаш за привилегирана, ти си ми единствена пријателка последниве неколку месеци. Да да, точно е. Види вака, мојот свет веќе некое време се 4-те ѕида на оваа моја ебана соба, во која веројатно осамен починал некој старец многу кратко време пред моите, со нив и јас, да се доселиме тука. Можеби затоа е така мрачна. Како мене. Или пак јас како неа. И баш сред оваа темнина битисувам јас. Велам битисувам, зашто мојов живот не е ништо повеќе од константна конверзија на кислород у СО2. Баш како фикусот на мајка ми што стои у кујна. Таму е и жив е, ама никој не го приметува веќе со години. Од време на време ќе му сипеме вода и толку.
А знаеш, некогаш бев среќен. Сакав и бев сакан (барем така се лажам). Најважно, имав сон. Не повеќе, само еден, сон кој мислев дека е достижен. Сонував да бидам опкружен со љубов. Љубов од три мали и најмили суштества, за кои ќе направев се, само да им подарам парче среќа во овој сив и валкан свет. Едното ќе беше таа, моето мало, смеејќи се како дете на глупостите кои всушност ги правев за да ја развеселам. Ќе се смеев и јас посматрајќи ги нејзините детски игри, како тогаш кога се валкаше во снегот, не срамејќи се од луѓето кои ја гледаа ко да е "чукната". Тогаш првпат сватив зошто ја сакам. Другото ќе беше машко - ќе го облакав у широки и ќе го растев со музика од некои рандом црни млади луѓе од Бруклин, кои рапуваат во некој подрум зборувајќи за вистинските вредности на животот. Ќе го шетав во парк и ќе му се смеев на лутите гримаси на лицето додека се труди да оди подгазувајќи си ги ногавиците од панталоните. Ќе го учев да игра баскет, ќе му попуштав за да ме победи. Третото, моја мала принцеза, мало слатко девојче, горделиво како мајка му, облечено во најубави розеви фустанчиња. Итро и љубопитно, постојано бомбардирајќи ме со несекојдневни, често и философски прашања, какви што само децата знаат да постават, а никој не знае да одговори. Ќе сакаше да биде сликарка, или можеби учителка.
И тука запира се. Сите овие слики се заменети со една - јас како разговарам со некој чуден збир од единици и нули. Знам дека е патетично, ама тоа сум јас Кајги. Сегашност закотвена некаде во некој момент од минатото, во кој среќата е достижна. Човек за кого луѓето мислат дека е мрзлив и/или кукавица, а всушност сум само мртов. Не верувам веќе во ништо и никој, немам желби, надеж, ниту стравови. Млад сум, а сепак стар, истрошен. Се сомневам во се, се сомневам во спомените, во себе и своето постоење, особено во иднината. Но, можеби, само можеби, е ова кошмар кој наскоро ќе заврши. Можеби еден ден ќе пуштам нови листови, кои ќе предизвикаат восхит во нечии очи и топлина во нечија душа. Мислам дека ќе биде така. Само се плашам да не се разбудам со сознанието дека сум ја "преспал" среќата што толку долго ја барав.
И ете така, сега ме знаеш пријателке, подобро од било кој друг. Ти си добар слушател и ти благодарам. Ќе ти пишам пак, можеби скоро, можеби за неколку месеци, колку да му пренесеш на светов дека уште мрдам. До тогаш, пеаце...
Браво за текстот, особено за делот со Црнците. Премногу идеализираш. Ко прво може не би ни било така како што мислиш дека би било, така да во секој случај би испаднал разочаран. Што мислиш, другите луѓе живеат во својот "сон"? Многу ретко кој. Или не живеат во својот сон, но мораат да продужат да се трудат и да одат во борба за да преживеат, ако не друго(што мислиш, родителите се потполно задоволни од своите животи или едноставно мораат да живеат/да се трудат за да се/те исхранат?), или па се сомневаат дали е ова тоа што го сакаат. Лесно е да се откажеш, кога ги имаш потребните ресурси за живот и покрив над глава, па уште и компјутер.
Претпоставувам дека си уште бајаги млад, 4та средно или нешто, но на факултет или на работно место едноставно животот бара од тебе да се трудиш, како и инаку да се осеќаш. Најдобро е да се доведеш до состојба да немаш време многу да размислуваш за себе, туку преку постапките (учење, спорт, работа), дури и несакајќи да си го подобруваш животот се` додека не сфатиш дека правејќи ги тие работи си се стекнал со пријателства и некој подобар став за себе.....
 
Брат ја одох на факултето...посакај ми несреќа и црнила.
Тијеам.
 
Драга,
Уште сум на фах, еве дремам на компјутер го чекам автобусот, одвај чекам дома да си одам. и не можам никого на тел. да добијам или на фб да најдам што се дешава ли со луѓево? а и да ти кажам утре ќе се сликам:)
 
Kajгано да ти кажем,
толку парфеми на едно место неам видено, освен у парфимерија. Не чини со главата оваа, манијак по парфеми.
Фрик :pos:
 
Драга,
Не може бе 7 души да се праат главни.:toe:
 
Д.
тотално сум разочаран од поединци :nesvest:
можам ја да ја средам работава додека трепнеш ама не сакам, сакам да седам и да видам до кај ќе оди човековата глупавост.

утре било ден на дрвото слушнав, тамам да поспијам еднаш ко што треба.

инаку денов ми е онака.
сега во моментов сум тажен, со намуртена фаца, а и сам не знам зошто. ништо не ми е мило, ништо не може да ме расположи, а стварно не знам зошто.
треба да бидам радосен оти убави работи ми се случија ама една ситница ми го расипа цел ден :toe:
......ноУ комент........

ај ќе одам да јадам компирчиња што сам си ги пржев
 
драга кајгано има една многу Чудна работа во скопје
ЦЕЛ ГРАД ШМРКА А НИКОЈ НЕ Е НАСТИНАТ .
 
Ветив нешто кое нема да го исполнам,туку само да ги тргнам од глава крлежите...
Фак...Ке мора да ги разочарам најблиските,а несакам.
Епа сега,сами си го бараа :toe:
 
That 70s Show бо спомени враќање еј...
Ај можи да се речи дека добро сум расположен и нема да дозволам да ја усерам работата.
Утре е ден на дрвото, а за мене следуваат спортски активности..
Во здраво тело здрав дух, цигари повеќе јок.( добро бе лажам али утре нема во уста да ставам ) ветувам :baeh:
Ши ис ин мај фејворитс, бат ај кен невер си хр. Мејби тудеј ши вил кам енд иф нат дер ис сам одр тајм..
Никогаш не вели никогаш, се е политика.
На велико се гледа Кога лисјата паѓаат :tapp: спасвај ме !
И од таму пак таму накај ваму...
Јао се истурија од плачење.
Кој кур на курот у курац !
АКо врни и утре сабајле нема да биди фер воопшто.
И сега фејсбук делот со музичка нумера..
 
Dear,

I'm surrounded by idiots!
Ама што да се прави, кај да се бега !? Кај да се свртам ги има.. I hate them. Како магнет сум за нив бе, се за мене се лепат.:lut:

Знеаш, имам некое crazy feeling во моментов. Сакам да расклоцам нешто - ама тоа нема да личи на мене, затоа ке си седам мирна.:kesa:
Don't worry about me, I'll be fine - само не ме фаќа место.
 
Шо јаеш 'омна бе?
Шо е бе шо сакаш?
Абе не искачам,остај ме Рамбо глеам!
Беај ќе те истепам,Рамбо глеам!
Абе не искачам,ќе искочам кога самиот ќе искочам!
Точка ставувам.
 
Драга Кајги,

Денес денов не можеше да биде посмешен!!! Добив поклон за роденден, АМА мене не ми е роденден! :pos: Епа, ај со задоцнување нек ми е честит 27. роденден сите желби да ми се исполнат и се така до вечноста и назад. :pos: Од каде бе мене роденден во март??? :pos:

Ај да те поздравам со песнава:

 
јо

овој ама е смешен и забеган али го разбирам дете си е :drk:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom