Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Конечно утре покасно ќе станам, 4 дена од 6 станував, и немав време ни в град да излезам, затоа сега ќе излезам со моето злато кое го немам видено скоро една недела:)
 
Драга Кајги,екстра сум расположен,си спијам по цел ден и така. Ае одам да шетнам малку на чист воздух.
Позз :back:
 
Д.
оваа недела така-така помина ама затоа пак другата :tapp:
уште од сега да не знаеш кој пат да го фатиш
 
Шенче,
Ти не си ти кога јас не сум јас. Сите не сме сите без никаде. И такааа. Во денешниов ден се припотсетив на сите од изминативе години, што ми биле симпатии. Сите се симпатични. Кате и Матеа највише, двете мои срцки и ондак то. Сега ќе пишувам колумна. Многу сакам да го поздравам Слаткар, ако може една вода да ми донесе, од големите, со укус на портокал. Си ја читам таа книгата и после тоа сонувам страшни работи. Се` фор д сејк оф учење. Не знам како сум учела изминативе години. Мора да се припотсетам. А не изгледаат книгиве нималку френдли. Со Саладин ќе одиме утре на Тони Зен. Изгледа станувам рапер. Оу јеа нигер. И слично. Битно е дека на сите им ставив до знаење дека ми се симпатични. треп

Два ентери.

Нов ред.
Како може да не ми влијае убавово време ? Никако. Едноставно, врнеше, цел ден си го љокав кафето и седум апот. Кашлам симултано по телефон. Јофе ми рече дека го имитирам. Лаже бе, он ме имитира мене, мисли он прв почнал да биде болен.

Едноставно сакам да одам во тоа средното да се вратам. Таму ќе седев во прва клупа. Ме додаде на Фејсбук, тој поранешниот професор по право. Ми рече дека се исплатело што секогаш сум седела во прва клупа хехе.

И така Шенка, ќе почнам да аргатам на два сајта. Нешто многу арно тргнато е на полето на работата. Се прашувам многу работи а на сите им ги знам одговорите. Едноставно, мора да ми биде интересно. А сам ако не си напраиш, кој?

Ајде добра ноч, јас одам да аргатам, па утре сум на снимање.

Поштовање и дај боже да не го утнам интервјуно. Си имам спремени прашања, се надевам соговорниците ќе бидат доволно фини да ме испратат со арно на утрешното излегување. Лила многу сум возбудена за утре!! :vozbud:

П.С. Сфарно е малце непристојно кога ми стигнуваат вируси од другарчиња на мсн со текстот „I`m horny, are you?“ Мислам до каде бе со вакви финти бе деца до кадееее:).
П.П.С. ОВА Е ЕМОЦИЈА ВО ВИДЕОВО БЕ! У МОЕ ВРЕМЕ ДОГАЏАЈ БЕШЕ ДА ЈА ИСПОФАЧАШ.

 
кајге мене денеска дента ми беше каша и попара....утрово ми беше екстра грдо во школо,потоа дома сам знаеш како е па си кренав расположение....зајде сонцето кајге и толку е скроз даун сум сега....кајге шо мислиш ќе биде ли нешто одмене а? мора да биде знам јас мора вака не бива повеќе....ајде кајге заминав да спијам
 
Кајги
Дали полека навлегувам во „ненормалните“ води?
Навистина не ми е јасно од каде излезе сиот тој стрес и нервоза прееска... јес да имав две писмени, јес да немав набавено табак за писмената по математика, а во секој момент требаше да звони за час, јес да дополнително ме изнервира ______ (несакам да ја спомнувам) со нејзините дебилни прашања и навалувања, со што ме изваде од кожа... никогаш претходно не сум се испонашала така! Кој ѓавол влегол во мене, па уште при сиот притисок ПУФ - бонус изненадување. Ќе се онесвестев, ќе паднев од чисто стоење, среќа што беше столчето тука.
Писмените поминаа, а и денот. А јас сум сеуште нервно растроена и неможам да си го соберам срцето.
Неможам сеуште да си објаснам зошто и како сите овие ситници успеаја да ме извадат од кожа... дали имав и потиснат стрес, или навистина имам прениско ниво на отпор кон секојдневните... гомца?

Ај поздрав.
 
Драга
Ич не сум мрза и не го правам сега бизнис планот. :toe:
Денеска добро спортував а и се` ќе беше супер ако не изедев цело чоколo Тоблероне после добриот тренинг. :toe:
И на двете реченици имам ставено :toe: епа ај и на оваа- :toe:
И така........................... :toe:
 
Кајганче!
Од денес, тотална изолација!Кој сака да ме види ќе мора да ми дојде дома и тоа ограничено, на два саата највеќе.Почнувам да учам хард кор и ќе глеам све да имам спремено до наредна недела, т.е.понеделник.Единствено ако одам на Фери Корстен и до кладилницава што ми е на 5 минути.Тоа ќе ми бидат светли точки во деновиве што следат.
Цело време меѓу 4 sида а надвор сончево прекрасно време, не знам како ќе издржам, ама ќе морам.
Ајт така:back:
 
Brainstorm.. Мака ми е бе.. Мака ми е да пазам што говорам за да удоволам.. мака ми е - чеј ова треба во мака ми е да оди...
Неможам да се замарам со тоа дали ќе се допаднам или не.. Немам сила во последно време премногу сум ја залежал.. А зад сето тоа се крие едно нешто дека сум пичка, дека се плашам да се соочам, се плашам од резултатот... Подзбунет сум во последно време.. Утре сабота а треба рано да станвам :tapp: А за учење ? Ај Пон. не учиме...
Every dream has a part 2..Ooops I forgott..Да бит плас да мелоди = да ресапи.. Да видиме што ќе биди и како ќе биди
 
Драга,

Добра личност сум драга, знам... но не знаеш колку мразам што сум таков... Али тоа е тоа, јебеш га...

Поздрав.

 
Драга,

Глуп ден, глупо чувствоо... Нека заврши што побрзо денов.
Толку имав да ти кажам!!!

Фала-Чао :salut:
 
Глупости.
Живи ебани глупости.
Преку глава ми е од факултетов.
Не го сакам,не можам да го засакам.
Нема што да барам таму.
Имав некои небулозни очекувања,а за возврат добив гомна.
Мислев дека факултетот ќе врие од гении а не од полтрони и квази-интелектуалци.
Се идолизираат кретени.
А времето полека ми истекува.
Ме влече за врат,удолу кон ништило.
Тонам во бесполез.
Не.
Веќе НЕ!
Ќе ги прежалам парите.
Ќе ја прежалам годината.
Се вработувам,одам на саглам факултет и ич не му ја мислам,преку глава ми е од се.
 
Драга многу сум нервозна

1:Oд сите доктори,лекари,медицински брака и сестри

2:Од лугето кои ме опкружуваат.

Аман изгасете тие цигари болен човек има алооооооооооооооооо :nerv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom