Драга Кајгана,
Денес со цел ентузијазам тргнав да дарувам крв. Уствари вака... Драга Кајгана, денес бев да фотографирам приредба во основно училиште организирана во чест на тоа што словенечка фирма што прави чешми решила да даде на конкретното основно училиште 5 (пет) славини. Како и да е, подебилен настан досега немав фотографирано, и откако заврши она што мислев дека е главно тргнав да давам крв. Таман кога стигнав таму ми се јавија да ми кажат дека требало да фотографирам како овластени лица ги потпишуваат документите за истите 5 (пет) чешми. Нормално дека не се вратив.
Во црвениот крст ме пречека возбудлива глетка, ХИЧ во тренерки, ама страшно добро и стоеја, со падната вилица поминав низ ходникот. Посекси е од Ева Лонгорија. И да не должам, потребното ниво на хемоглобин во крвта за крводарување е 140 за мажи. Мојот хемоглобин беше 136

Да не биде без ич, ХИЧ ми направи чајче, највкусно на свет.
Остатокот од работното време ми помина у безвезарии. Добра работа е што ми текна да проверам некои процедури и да почнам да спремам документации.
После работа ојдејќи да плаќам сметки го видов Тореадор

Ми го пофали новиот изглед

Купив и нов ЦКМ, многу ТоБ едиторијали има

Посебно тетовираната девојчица... сонценце :wub: