Драга Кајги,
Денес си поминав супер! Значи каков ден! Прекрасно беше, се` беше супер! Плус Драга, денес си пукав сеир на моја сметка, значи најсладок сеир. Што се случи овој пат? Епа вака, јас многу сакам коли поготово кога ќе ги видам истопорени на пајак... омилена мета за сеир ми се. Денес си појдов до град со кола, оваа госпожа иде секаде со кола, оваа госпожа е седи не ме занеш... Се дотеравме, како за на маскембал со штиклите, се разбира се спремаме за априлијада

Нејсе, да прејдам на главното, се шеткам јас така низ град и ми текна ќе пиеме кафе на нашето место, не сме биле со векови.. Си одиме ние така дотрани, со штикличките штрак, штрак, штрак и мора да се застане на семафори на црвено, ние не трчаме кога сме на штикли. Ремет за паѓање низ скопските улици е прајслес, а ние не сакаме таков ремет. :nenene: Кога на семафори гледам пајак службата вози кола и јас одма распалив, не чекав многу. На семафори беше лудница! Ние 10 жени, која од која дотерани, јас пукам сеир, сега не знам што ми требаа сите тие зборови

Се загледав малку поубаво и моите коментари се сведоа на: хеј па оваа кола е иста како мојата, а и се убив од фалење дека мојата е тазе испрана. Следуваше, хеј и мојата кола е таа боја. Јагода на шлагот хеј и мојата регистрација почнува така, ХЕЈ ПАЈАКОТ ЈА ВОЗИ МОЈАТА КОЛА!!! И значи како сум се изнервирала!!!!!! Не ме чепкај сега немам кола!

Леле кој ќе се брука утре? Кој???? Овие продолжија со реметот. Го најдоа шефот, па ми закажаа средба утре.

Леле знам дека ќе ме реметат, знам!!! Штом закажаа средба за утре вечер, не ќе да е на арно... :bip: (се извинувам за некултурата!)
Драга моја Кајги, ај да те поздравам со песнава, која денес и ја посветив на мојата кола.

Види наслов... :kesa: Само една работа ме изнервира, кај што го покачија бензинот, па и за развозувањето на мојата кола ли да плаќам, бе? Па мојата кола не е двоспратен автобус... Јас не сум Влада на РМ јас не работам како Грујо 24/7 и јас не остварувам, ама се утепав од плаќање за копиљот да остварува идеи на мороните околу него...