Мала, што било-поминало, така !?!? - Она што си е во минатото треба и таму да си остане, бидејќи таму и му е местото. Што има јас сега да ги отварам тие оддмна заклучени врати и да талкам низ застарени ходници.
Лепа успомена оставени на пола прича, треба и така да си останат .. Бидејќи е поубаво и подобро за сите, нели ? Колку и да изгледа сега привлечно и убаво оние работи од тоа време сега да продолжат после толку години, сега како повозрасни, позрели и со поинакви погледи кон светот. Кој знае, дали убавата приказна ќе продолжи, или одлевањето на целава ситуација и нечепкањето во односите од тогаш ќе надвладеат во ситуацијава конкретно ?? - Секогаш сум играл она второто, бидејќи со луѓето со кој сум бил добар, но поради Х причини ни се разминале животните патишта, подобро е тоа таму остане и да не буричкаш сега кога ти се пружа можност тоа да продолжи.
Но, како велат старите : Забранетото овошје е најслатко !! Ах бреее .. Зошто пак да ме боли глава .....
Ситуацијава ми отвара носталгија. Може да го изгубам фул фокусот .. Знаејќи се себеси, не ми е потребно многу да скршнам од цестата.