Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајги,

Понеделнички почнавме работно, а мислевме ќе биде `ко недела. Требаше да биде само една мала прошетка за да се видиме и да се гушнеме, па и по еден чај да испиеме. Арно ама, ние сме Македонци, кај нас нема ништо подмачкано, за се` мора да се помачиме, не еднаш, туку два пати. Туку, друго ми беше муабетот... Што убаво е кога некој ти тера инат, ем ти се мрднуваш, ем тој се мрднува... Мераци! Па уште и си играме детски игри. Најинтересната игра е: чиво срце ќе попушти прво, ама не да попушти за да се смири, туку да попушти да пукне. Изгледа ја губам битката, моето прво ќе експлодира, послабо е! Браво за тебе! Треба плакета да ти се додели за издржливост.
Поздрав Драга!


In other words... си знаеш!!!
 
Како може еден обичен сон да ти ги поремети тие силни чуства за личност која ти значи многу во животот.
Се надевам дека тоа нема да се повтори.
На крајот на краиштата тоа беше обичен сон,ништо посебно.
Енивеј дарлинг денеска скапав над книгата,не знам дали ти спомнав дека ретардата ми го префрли испрашувањето за утре.
Па и покасно зар не можеше да го стави?
Свашта.
Но барем поминав речиси два часа со една мила личност.
Ах таа љубов,те прави да се чуствуваш дека си во светот на бајките :pipi:
 
Врага...........

Страшно е кога гледаш како оставаш луѓе позади тебе кои жалат за твоето заминување,и луѓе кои се радуваат на твоето доаѓање. Срце ми се распара денес.
 
Драга,
Чувам огромна тајна во себе со која што не можам да продолжам да живеам како во досегашните...саат и половина. Јас всушност сум си некојси јавач на апокалипсата. Или како и да ме нарекват луѓето. Си знат тие. И траекторијата и тајната љубов со зградата и погребот на Мусме и временската дупка и резидуланите телца....гик + нрд + њирдоус + семожно. Се пореметивме тотално. Важно да се смејме. Не е важно за шо. Нели? Се напнав. И де. У живото. После Чернобил. Кај контењерите од левата страна. Ај доста е. Заборајв како е да си нормален.
 
Јоу драга знаеш дека одамна не сум ти пишал асален пост...
Денес беше стварно исцрпувачки ден...
Покрај тоа што останав на факс доста долго,покрај тоа што после и се враќав,покрај тоа што после ми се лошеше...this day went great.
Да,да.
Замисли,јас не се жалам.
Дали надраснав?
Дали престанав да се грижам?
Хммм,не би рекол,ама ете мал дел од празнината е исполнета...
А навистина не требаше многу...или пак можеби повторно омаловажувам?
Во право е smart ass субјективноста ме уби :pos:
Али како и да е закон ден,ни грам бедои,нема зашо :)
И ќе продолжам да трчам по ридов,нагоре,во спротивна насока!
Зошто?
Па ми се може...
И така ти велам,if it develops,and I dearly hope it will,ќе бидам techno viking на први април!
 
драга,
мразам германски, мразам германски, мразам германски.............
Го мразам од секогаш, ама денес посебно поради преводот, а утре повеќе од денес затоа што од 8 имам 4 предавања превод од германски на македонски.
И ЕУ ја мразам драга ... така да си знаеш
ај идам да спијам не преведувам повеќе германски.

поздрав

иии ке заборавев................ кажи му тој твој член дека знам зошто премената е сега, а не порано - ама се правам дека не знам ;):tapp:
 
Кајгано, претпоставувам дека си свесна за фактот дека во постов мој ќе треба да има некои 25-30 реда пцовки поврзани со типови на задачи. Овие два дена повеќе кафе имам низ вените него ли крв.
Планирам да спијам онака максимално утре после 3... Само проблемот е што јас тоа спиење го планирам веќе 2 месеци уназад.
Пошо сум си оптимист по природа, сфатив дека 250 и не е така голем број. Посебно не кога би се споредил со милион, или пак два милиона.

Во знак на неочекуваните пресврти од областа на сериите, вечерва на дневен ред за сонување ми доаѓа сценарио за следна епизода.

Ќе се нурнам низ торенти сега да најдам нешто ептен живо...

Over and out... јас
 
Драга,

добро не сфаќат луѓето дека знајме оти понеделник навечер има антена 5 лав сонгс, па мора да досадват секој понеделни ? Божеее.

†GODLIKE†
 
Драга К.

Ми помина роденденот. И добив поклончич :vozbud:
Нема да ти кажам, не. Ама уште ќе имало ми кажа. :pipi:

Дој на торта де. Од онаа снема, утре вечер нова ќе прајме. :)

ЧаО_О
 
Драга,

во дилема сум, дал Хакетот пиво ќе чести, или ќе донесе убава домашна ракија? :D
 
I asked a question.
Weather we all entered a parallel universe or it's just me.
I got the answer. It's me.
Нишо ново.
Killing spree ми мава времево.
Meh WANTS ACTION!
 
драга
they suck, and i suck too.

знајш шо.
МРАЗАМ ЕСЕН, МРАЗАМ ЗИМА НА ПРАГОТ.
мразам ладно, мразам сиво, мразам мрачно, мразам да се стемнува во 16:30. и самата си се мразам тогаш.
супер сум , кис.

енивеј, жедна сум за љубов.
сакам да гушнам некој , што го сакам, кој да е, маче - куче нека е. да ме стопли.
ладно ми е, во душава ми е ладно.
се окупирам со безвезни мисли, со безвезни филмој. сакам се да престани, сакам да сум раат.
сакам пролет,сакам насмеани среќни лица до мене, сакам и јас да сум среќна. сакам риплеј на летото...
сакам да не се толку скапани и себични тие околу мене.
сакам една душа - ама не ми припаѓа.
се трудам да живеам во реалноста, и ми успева, и така без соништа, пререално и сиво... се ме убива.

жал ми е, сакам да сум поведра и да сум тоа што бев. ама не можам.
се прашувам само, колку долго се плаќаат грешките? - ден, два ? месец ? година ? две години ? цел живот ?
 
Драга,
Тиња периоди, уште денов да се гурне и да се здивне малце.
Остани ми со здравје.
 
Драга драга Кајгана,
Што убаво си се поздравив со скалите вчера пред да легнам, онака мерачки, убаво, љубезно, мислам дека некоја дури и успеав да гушнам:vozbud: И сега иам скршен нокат со гратис крв, испревртени жили на вратот и намалена способност за мањачење:( и едно 7-8 убави модрици кои за среќа не се на видно место. Битно главата уште ми е во ред, или може не. Не е битно, битно е да се дружиме.
Е ајт такој. Мња
 
драга Драга,

Кога не си доволно свесен дека не се сите толку силни и цврсти како тебе, работите кои другите изгледа ги прават од паразитизам стануваат причина за мразење на “тие таквите“.

Ама кога подобро ќе видиш, луѓето прават глупави работи од што немаат друг излез...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom