Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга
23.gif


Ќе ти кажам нешто многу важно, ама не денес.
Имам неколку желби, привремена среќа, и помало, посурово срце
Знам дека есенскиот дожд има сила да збрише се, и да не остави на крај безбоен свет
Ќе ги сокријам сите црвени боички и ќе ги премолчам сите железни зборови

Тука е и крајот (по точката се познава).
:)
 
Порано за да бидеш манга мораше да имаш TOMOS APN, денес за да бидеш манга мора да имаш кинеско скутерче од 50 кубици....

Паѓа Home page што правиме вака да не можи човек серија до крај да изгледа. Ја сонував србинката на плажа во градиште како му објаснуваше на другите србинки дека во Америка кај што живеела американките сакале сами да се кинат, толку за тоа :icon_lol:.
Ги сменав деловите за цела гарнитура, уствари откај што ги зедов ги вратив назад и ми ги вратија парите затоа што не беа компатибилни, па на враќање од друго место ја зедов.
Има уште некоја обврска ама добро е, нема да се уморувам :icon_lol:..
 
Драга ...

прееска спасив една пеперутка, од смрдливиот автобус ... :pipi:
 
Драга,
Нормално дека ке ти пишам, редовен пациент сум ти бе (што ми можете:))! Преморена сум, а само што станав од спиење. Више не носам книги за самоодбрана:pipi: Утре не ми бега запалење на мускули.
Еј се запознав со Вери Нојс Грл, значи више редно време беше. Вистинско кукле е :back: Знаеш дека јас ја препознав? Штета што после не се видовме пак да идеме на кафе. Ајде ке бидне можеби оваа недела.
Го запознав и дечкото со упаљачот кој бтњ не му работеше. Многу опуштен и пријатен лик. Ептен позитивен впечаток ми остави.
Случајно ја запознав и колешката Красулка, онака на непланирано и баш ми беше мило.
Да, знам дека постов ми е претежно кајганџиски ориентиран и не знам дали да ти пишам уште нешто за да го сменам тоа :) Надвор е облачно и треба да читам од минијатурното книгиче. После ваљда ке идам на кафе за да се снабдам со серии. Ете спомнав уште нешто :)
Песна шо иде Ајт сега доста ти е. Волку голем пост не сум напишала ехееееј....

П.С. Вечер здравје почнувам со втора сезона Лај ту ми.
П.П.С. Почнав денес и со диета. До кога-не знам!
 
Дополнение:
Глувче ми се шета низ соба мене не ми представува проблем може слободно да живее тука, ама не сум само јас во прашање, некако се има некој неразумен страв од толку мало глувче. Сега сум во дилема да го земам мачорот од бато да го улови или да избега од миризбата или да го фатам и пуштам надвор. За фаќање тешка работа многу е брзо :raz:.
 
Не е грев да цедиш нет од работа.
А богами и да мелеш на кирилица.

Леле колку сум уморна.
Како да не!
Ми се сака.
Ми се кака.
Ми се ака.
Како?
Еее, па така.

Смените октомвриски ми се калакурница. Нема бел ден да видам, ама затоа ќе си купам точак, микровална и микрофон, ќе идам на драменбејс концерт у Штип и ќе си ги средам мислите.
Парите можат да мораат се’.
Оу јеа.
Материјалност над духовност.
Се трипам.
На моменти се ужаснувам, на моменти контам дека, да. Ѕвезденото небо е сепак за сите.
Индиго со полка дотс.

Не знам што да правам со себе веќе.
А, да!
На Чалгија Саунд Систем беше магично, трансцендентно.
Сакам да сум Добрила и јас. И она има ОКК завршено.
Гад дем, мора ли стално да сонувам?
Т.е така си живеам...

Фак оф.
Медеа.
 
Мраз студено мраз
И само неговата прегратка ми е спас
И во оваа немилосрдна Есен
Тој ми рече да идеме до Ресен
А од таму и на гости во Струга
Пошто ко Струга нема друга
И решив да му направам чајче
На болниот братучед Трајче.
Ваууу...каква главоболка и кивавица имам.
А и на тоа да додадам повторното додевање на баба ми.
А и дремкава која ме фака и
Знаев од вчера дека ке биде вака.
Утре ке одам на сервис да се прегледам.
Може ке најдат нешто.
But who cares.
Life is beautiful.
Love is beautiful.

Get lost.

Пози4 -.-
 
Драга,
Скоро ќе треба да ги одвиткам сите лошо завиткани денови... да им признаам, и да го изгазам тој грозен уметничи проект.
Време е да пораснам и да го затворам чадорчето.
 
ДраКа


Знаеш од коа ти неам пишано ?
Оддамна.
Утре губам први пер,шо значи до 12 ќе спијам,бањање и правец накај школо. :)
Само тоа сакав да ти се пофалам
ајт
 
Драга Кајгана
Тапоина сум станала... Никако не можам да заспијам... не искачам у задње време... све ми е досадно.... еве сеа неам ни цигари... од мрза не од друго... ете таква сум станата.... катастрофа.....
 
Passed down to you...

Одамна не сум пишал на оваа тема. А као да ме тегне желба да споделам нешо иако од многу битни дешавки абер не видов.
. Инспириран од една книга, започнав кулинарска кариера по дома. Не е тешко само треба ептен љубаф. Битно Pesto genovese mark 1 со голем успех и овации беше пречекан на трпезата. И шо да не биде коа цел еден ден му иам посветено бе еееј!
Друго, под притисок на пропаднатава администреација по факсовите, водам последни битки за мојата егзистенција како суверен студент кој не потпаѓа на ничија партија. Да бе, они мене пари вишак да ми зимат...
Треќе... возбуден за викендов оти у преговори со моите кои никако да седнат подобро да го разгледат проблемот. И после у петок ќе се чудат као не знаеле...Постојат и други методи.
4тврќе... Никако да ми излезе од глава Новеченто. За кој курац го откачив музичкото пред 14 години бе? Сеа ќе бев пацер као него.
Пеќе... Излезе Цивилизација 5ка - единствената игра шо сум вака лојален од почетокот на мојата кариера. Ах Читам рецензии досега немало некои поплаки. Башка бе хексагонален систем им текнало да воведат во играта. Кај беа последниве 12 години??? Item must claim.
Шешќе... Ај верувам глаата ќе ми се олади од ова шо ми се има исподешавано. Патем how predictable a human soul can be... Ај битно не заврши ништо страшно. Идемо даље.
So says Saladin...

П.С. Кој ку*ац (пи*ка) ми имаше влезено у саботата не знам. Се испонашав изгубено ко мозокот сум го донирал у црвен крст. Битно убаф помин. Сеа ми се враќаат флешои.
 
Драгаа :)

Пак ја :) Да ти се пофалам дека онајаа нервозана си замина,даа конечно по толку време си ги спакува коферите и си отиде ! Сега сум си смирена и задоволна :pipi: Иннаку имам штурче во собава да видиш како ми свири навечер,ама ми се крие нејќе да го видим (смотано)... И толку кратка ќе бидем ;) Адиоос :salut: :)
 
Good morning blues!
Blues, how do you do?
- Babe i feel alright, but i came to worrie you (:
 
ДК,

Така било некаде и некогаш, сега е тука кај нас исто.
Не дојде, а дојдоа и премиерот и министерот, деканот, двајцата продекани. А третиот пропаднал некаде, заглавил. :)
Утре сабајле, пак.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom