Бре што комунистички ден ми е недела, никогаш не сум го сакала. Камо среќа секогаш да бидам на работа во недела понатаму во животот, чисто да го живнам денов, оти многу е мртов. Посебно кога ќе се додаде есенска идила, чај и суви листови добивам страшна апатија кон чадори, дожд и затворен воздух по дома.
Ова Винампов мој да има уста да збори ќе се изнаправевме муабет, он ќе се жалеше дека работи прекувремено без пари, а за амортизација не одвојувам средства, а јас фино лепо ќе му одговорев дека сам е крив што е произведен во сериско производство во капиталистички систем. Имам страшна корист од него, он ми е посредник до мојот најчист порок, музиката. Ретко кое задоволство може да се спореди со вистинските акорди. И видиш чудна работа. Кога ќе ги земам ова фолдериве ставени во Д за да не ми ги фаќа вируси, ретко да видам женски изведувач меѓу моите омилени. Врти, врти, само Трејси Чепмен ја гледам меѓу нив. А мажи колку сакаш. Фреди Меркјури и Квин, Кобејн и Нирвана, Сантана, Џон Маер, Синатра , Клептон...крај нема. Да не станав женски шовинист? Не ќе да е тоа. Инаку ќе го чекам последниот удар на феминистките на мојот грб.
Вака, така ќе морам да признаам дека мажите се подобри музичари и поети. Уствари нема што јас да признавам или не, фактите зборат. Жените само ја разбиваат монотонијата во тој домен, тек тук некоја ко Трејси ќе го раздрма музичкиот свет и толку.
Како год, недеља и сви сте ту (малку балканштина наследена од родениот ми татко не е на одмет).. а ја поим немам зашто ја мачам тастатурава. Чекам Тито да ми искочи од телевизор и да ме поздрави со Другарице, чисто да го заокружиме комунистичкиот ден. А јас како човек кој не е од негово време му одговарам со, извини молим те ако може да сменам програма ми се гледа Сопранови.
Е тоа е недела...