Драга Кајги,
Се видовме пак, си промуабетивме. Воопшто не плачевме, за разлика од вчера, ама кога ми се фрли, не можев да се соземам па... бидна, повеќе од две солзи ми капнаа. Денес беше топче

Денес не добив комплимент, денес делев, си се убив од алапачење со луѓето. Чудно колку имаат потреба да ми се доверуваат. Си мислат дека ако го имам знакот на мене дека можам се` и дека знам се`. Ме кажуваа за најинтимни детали и ми бараа совет. Спасив дете кое се изгуби и тоа не се исплаши кога ме виде, дури од толку луѓе тоа само кај мене идеше и не плачеше, среќа одма ја најдов мајката инаку серенади на увце. Откако се смири ми испеа песна, нешто позната ми беше, ама не можевме да се разбереме која песна ми ја пее (ни мајка му не ја знаеше) па ми се налути и ја расипавме дружбата. Драга, ние имаме навистина прекрасен народ, ама на моменти кога ќе забега... ај да не идеме у политика, нема смисла.
Собата е средена, паркетот наместен, сега сите се среќни и задоволни. Многу им се допаѓа, па им стегнав едно „ви реков...“ и ете ги сега си седат надурлени доле

ама ако. Сега не можат да се муртат долго време, се` им е по ќеиф. Треба да се средат уште работи, ама ај има време есента е пред нас

Инаку Драга да ти се пофалам имаме нови теписи, но не се нови како што мислиш

Тато требаше да ги земе теписите, оти јас имам куп обврски овој викенд. Значи се чувме, се договоривме тој да ги земе. Му кажавме каде се, му кажавме кои теписи, платено беше се`само да си ги земеме и да си ги ставиме у соби. Драга Кајги, тато ни донел грешни теписи!!! Па уште си помислил дека сме си купиле нови!

Замисли, нови теписи, он да не знае

Се убиваме од смеа! Требаше да ги земе на време, ама ги подзаборавил па ги начекал на затварање и сега имаме некакви чудни теписи. Многу ме интересира како ќе реагираат у понеделник кога ќе не видат пак со теписите

Јас имам навистина супер живот, кога е тапа, ептен е тапа, ама кога е супер, еве секој ден се смееме како ненормални, ама како да не се смеам... Мене оние бели теписи со црвени цветови со зелени рачки и кафеави трнови на нив не ми одговараат на собата, а пак кај сестра ми е бетер

Нејзиниот е кругови со црвено - кафни- сиви и сини нијанси. Лелеееееееееее зар некој дома го чува ова срање у соба?!

Жива среќа е што немале некои со сончогледи! Драга, сешто има по светов! Ние имаме толку убави теписи, како можеа вака да ми ги дадат овие

ај што ги утнале, ги утнале... туку сега се смееме дали ќе ни ги признаат

Ќе биде комедии ако не можеме да ги вратиме, нема да можам да седам у соба

Инаку сличен квалитет се на нашите теписи, па барем нема да бидат некои чкљ, ама што убаво ги имаа завиткано, да ти е жал да ги одвиткаш

Аааах вчера плачев од смеа, денес пак. Веќе доста ми е! Пукнав! Се` ме боли од смеење `ко ненормална.
Драга, ај да одморам малку. Прекрасно ми е у соба иако сеуште сум без тепих

Те поздравувам и да ѕирнам што си правела денес :back: МиЉарда бакнежи!