Драга Кајгана.
Убав ден денес, малку мрзлив, ама убав. Синоќа конечно инсталирав Chaser на компјутерот и ја играв до 6 сабајле. Станав во 2 попладне од спиење, бањање, нешто појадок.. и у град на изложба
Додека чекав да се отвори изложбата купив од 10 инчните лап-топчиња за сестра ми. Доста беа тепачки за компјутер. Ставив на 6 рати. И кога ќе одам во Кочани... нема да ми се тресат рацете затоа што таму немам на што да сурфам
И главниот настан, изложбата „Скопје навечер“, фотографии од Ѕвонко Плавевски, заедно со другарка ми Бушафка која веќе не е на форум, ама се дружиме
Одлични фотографии, топло препорачувам да се ѕирне изложбата.
После изложба на топло чоколадо во Коктел Бар. Имаат две келнерки, најпопрекрасни, ама со чоколадото не донесоа вода. Така да... нема бакшиш.
Најсреќна денес сепак е сестра ми. Ептен и се допаѓа лап-топчето. И јас сум среќен кога ги правам другите околу мене среќни
