Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Денеска денот ми беше најсрекен...Очекував и така да биде.
Но од утре па понатаму ме очекува тежок период кој морам да го искористам максимално.Без грешки,како и до сега.
Нормално,ке имам подршка од најблиските...
И ништо нема да ме спречи...ниту ураган,ниту невреме ниту притисокот кој ке биде вметнат врз мене.
И овој пат одам до крај.И ке биде уште еден предизвик како и оние до сега.
Сигурна сум дека ке успеам...Морам,зошто од тоа ке зависи мојата иднина понатаму.
Желбата се разгорува,а со тоа што имам личност покрај мене која ме сака и цени ми дава поголем мотив да одам понатаму.
Сега сакам само да ги затворам очите и да паднам во длабок сон.
А од утре со Господ напред(:

Бај.
 
Еј ма ...

заборавив да напоменам дека сакам да имам деца ... прекрасно е!
 
Денес сум расположен, Арсенал победи по толку време над Блекбурн :je:
И оваа песна цел ден ми е во главата:
позззи4
 
Драга,
почнав да го пишувам постот, го завршив и видов дека некои работи не се у јавност, особено не за кај тебе.:smir: Затоа го избришав и се надевам дека кога ке имам повеке храброст ке го напишам, освен ако до тогаш не се смени нешто. Само ке ти кажам дека вчера денот беше совршен, а за тоа беа задолжени две лица кои ги сакам и ценам многу :)
ајде идам да спијам, ќе те читам утре...
инаку ми недостига колешка ми едвај чекам да дојде 6 октомври.
поздрав:smir:
 
Here I am Dear!

Еми шо да ти кажам? Еве се прибрав, шетав низ граТ. Више конечно залади и то.
Ме мрзи да куцам, и така тебе не ти текнува нешто да ми пишеш. Скарана :(

Ајт.
 
Драга
Ме изедоа комарциве,ќе фатам некој Западен Нил
Ејјјј комарец,чекај да го залепам на монитор
 
Александар Македонски се смета за храбар лудак со неверојатна среќа..
Атила за невиден ѕвер и крвник...
Хитлер за растроена личност...
Кастро за последниот револуцинер...
Марадона за легенда каква што нема да се роди...
Џордан исто така како погорниов...
Курт Кобејн за лидер и музичар од посебен калибар...
Отидоа по ѓаволите луѓето кои пишуваат историја, сега веќе нема материјал за учебниците. Сега некој може да блее во празно и да си гледа бели страници. Ова е пост посветен на сите личности кои обележуваат времиња и животи. Уметници (Пикасо, Дали); Научници (Ајнштајн), писатели (Агата), спортисти ...
Ни отиде креативноста низ прозор, а нервите ни се истанчија . И моето трпение не е она истото, сакам се да биде по инстант постапка , а добивам бавна разврска, оп ете ти нерв помалку...иди после тоа биди креативен. Вечно заморени од брзото време, преполни предрасуди и со сосем малку можности на дофат тешко да создадеме квалитет.
Абе вечно ќе се смеам на анегдотата со Дали кој со леб под мишка стапнал на пристаништето во Њу Јорк и рекол дека дошол да го освои. Нема веќе такви позитивни " лудаци" . Можда имавме и ние еден Прличко (царе...!) ама тука некаде се става точката.
Ова не е пост посветен на тоа што јадев сабајле, кој ми се јавил или како си пројдов на работа...ова е пост за меланхолијата и недостигот...
П.С I leave faith to decide...очигледно не можам да ја изиграм и да играм покер со неа , уште помалку шах...
 
Драга,
Бамба ла бамба!
Ме натераа да пеам пред 20 души! Караоке демек, ама ако, доволна казна им е што ме слушаа како пеам! :)
Ме натераа и пиво да пијам! Добро де, не ме натераа, сама си пиев :pipi: Си мирисам сега на пиво како чичко пред кооперација. Шубо...
И на крај супер си поминав! Супер, супер, супер!
Е така.
Ако нема смисла ова, не сум јас, горското е.
Ај Ч.
Н.
 
ДраКа


Најбоље еј. НАЈБОЉЕ !!!
Прва,а воедно и најслатка победа на ВАРДАР сезонава.
Пред волку публика да се игра секој натпревар,сигурно мн. подобар фудбал ќе се игра кај нас.
И ова не беше нешто многу,али за наши услови беше супер. 5000 луѓе по слободна проценка.
Али за жал уште еднаш се потврди колку е селективна полицијата,и колку се,да не речам глупи,џандарите.
Без врска за ништо ни влегое на трибина и направија проблем.
Убаво им се пееше,да одат во тетово да се силат,а не на нас.... :tapp:
Како и да е,ја мртов уморен сум,гладен,ми се спие,али таква еуфорија уште ме држи,и да легнам нема да можам да заспијам.
Затоа ќе подосаѓам уште малце на форумов :icon_mrgr
 
Дикеј!

Ептен тапа ден,да не речам срање во боја.
Да не победеше Челзи,ќе земев жилетите и ќе ги исечев вените :sezaebavamzaova
 
Шенка!!!

:) Се крштевам! :) Денес се крштевам! Еј, се крштевам! И тоа на Матка! Пред сите луѓе што ми значат во животот :). Ептен ќе биде убаво.

Вечер доаѓа Џиш! Ќе играме шах! Едвај чекам да го видам!

Одам сега, ептен сум возбудена :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
Меко, меко, како увце на бебе.
Инфјуз беа красни, дуваше топол ветер.
Денес се будев на трипати, еднаш за да проверам за драгата ми мајка автобус 22А, вторпат за да се покријам, третиот пат, од бесниот сон.
Се убив од плачење и бес на сон, и тоа ми кажува две работи:
-ако го остварам тоа, значи сум креле
-ако го надминам тоа, значи сум Човек +.

Типувам на првото, така ме воспитуваа(т).

Си направив цел чорбалок салата од туна, меланхолизирам со еден налудничав амерички бенд, Wild Nothings, и како прилог на мојата животна драма, еве ти еден нивен сјаен примерок.

Еден другар ми рече дека ги комплексирам мажите на моја возраст, затоа ми се припуштаваат старци.
Се замислив.
Го љубам ефектот наречен новодимензионирање, утешување, станување подобра личност, бла бла...
У суштина, сите сме среќни, и несреќни.
Тао е тоа.

Медеа, прекрасна.
 
После толку добра вечер што ја имав вчера, мора моите да ме изнервираат. И да ти кажам што е, нема да ме разбереш, ипак првпат ти пишувам.
А, за вчера сакаш да ти кажам како си поминав?? Аууу никад боље. Се видов со луѓе кои сум забораил како изгледаат и дружбата продолжи онаму каде што застана пред 2 месеци во Капан Ан. Имаше и други, нови луѓе на кои им ги заборавив имињата (никогаш не сум стоел добро со имиња :)). Ама не е тоа важно, важна е социјализацијата.
ОК, ми станува подобро, одам да видам што прави Dante. Поздрав.
 
Драга,
За разлика од вчера, ете ме денес пак, само што станав (не викај одма де, во 6:30 си легнав).
Си имам мака. Затоа сакав да ти пишам. Ама се предомислив да ти ги кажам, оти не вреди соништата да се раскажуваат. Ќе нема цел.
И така, не се чувствувам гладен, ама ќе одам да јадам, затоа што после излегувам. Сакам да ја почувствувам празничната еуфорија, ама нешто слабо ми оди.
Како и да е, заминав. Поздрав.
 
Драгоева

Нешто ми мириса чудно, а ја само шо се бањав.
Нема да помине, само ќе се навикнам.
Ја прочитав ада и сфатив дека и ја сакам да пишувам посебна реченица во посебен ред.
Го шитна форумот пред да ми напраи психоанализа, сеа и текна да порасне.
Правам некои промени у писиво, користам хром место фајрфокс и imo.im web msn место windows live im.
Сфаќам и дека и мсн-то ко мсн не е фенси туку боље е скајпот.
Премногу ги користам фразите “еј фенси“ и “ако ништо друго...“.
Ако ништо друго барем фенси сум.
Сакав уше нешо да ти пишам ама не знам шо.
Здравје - 5 // Среќа - 3 // Љубов - 5 // Пријателство - 4 // Пари - 3
Тапа ми е хороскопов.
По некоја негова логика - љубов не е еднакво на среќа.
Или не доволно за 5ка да е.
Значи дека треба да работам на пријателство и пари.
Ај на пријателство е лесно - ама на пари бе пер.
Не знам.
Знам дека летово е кратко, ќе заврши кај и да е.
После слободно време ќе си закажувам еднаш неделно ко епизода на лост на А1.
Вака така пишав долг пост.
Или така изглеа пошо пишувам посебно во секој ред.
Не знам зашто уопште сеуште читаш форумџијо.
Нели глеаш дека ми е тапа постот.
Да да, тапа е не се смеј.
Океј смеј се.
Ае се одјавувам, биди ми поздравен.

едит: рандом хејт->
Агностици, заземете страна, не бидете пички.

Со љубов,
атеист
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom