Драга Кајгана,
Во Орка немаше број за мене од убавиот шорц, па си купив сличен на тој, помалку убав, ама од истиот материјал и сличен дизајн. Патем си купив и федери за стискање со дланка, не за друго 242 денари, и идеални ми се за да вежбам додека гледам ТВ или нешто на ПЦ.
Исто така сфатиф дека сум зависник од мусли. Ги обожавам, посебно овие со лаболко и лешник, мх мх мх, полиени со топло млеко.... Ако заглавувам на нет вечерва, ќе си правам една порција околу 3 саат
Инаку традиционално бев на турнирот во мал футбал Мршевци 2010. Овојпат за да навивам за другар ми Боби, голман на екипата на Камелија турс. Обично на турнири во мал футбал мразам дечишта да се мафтаат пред мене, кога над трибините има уредно поставени содржини, лулашки, клацкалки и се по ред, и исто така мразам сончоглед. Овојпат сите околу мене грицкаа сончоглед, а типот што беше над мене и 2-3 пати плукна врз мене, па му се развикав, после беше внимателен. Две деца трчаа до баба им (седеше до мене) и назад, и ми пречеа во следењето на футбалот. Два пати фино им кажав да се потргнат, и третиот пат и се развикав на бабата. После тоа таа им велеше седете, чичкото да не вика. На крај победа 5-3 за Камелија, и си викам, дај да фаќам магла од тука, вечерва не иде.