Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
I can’t tell you what it really is
I can only tell you what it feels like..
Во обид човек да среди измешана мисла ќе се обрати кон стихови на песна...И да снемаш здив во една секунда кога лоша мисла ти пара душа тоа е само момент, а се минува..Кога ќе те нападне еуфорија на среќа и тоа минува.Таа минливост е вистински благослов и проклетство.
Битлси убаво кажаа LET IT BE...
Не постои човечка сила на овој свет што успеала да смени некој невидлив праволиниски тек, затоа пријателите покрај себе, главите на рамо кај нашите родители и во потрага по сродни души ќе си чекаме да не покрие прашината од која сме создадени.
 
Ко Бучко со “европа“ сме.
Уписи уписи уписи. Уписи! Уписи уписи? Ууууписиии....да да... УПИСИ! xD Уписи. (Upisi .lat)
Ќе те напињаме до 26ти. После ќе биде “примен сум/не ме примија шо ќе правам“.
 
Не е битно ништо друго само брат ми седи до мене јас до него, ништо друго не ми значи ниту направено ниту зборувано во тој момент. Го дадов срцето за него, три пати да се умира три пати би умрел за него.
Кога слеговме долу седеше другар му со женската, се дадов себеси и повеќе од мојот елемент, ја употребив сета моја магија, седевме таму и се смеевме и јас им го разубавив денот, сето само за него....
За сите мои љубови весело тажно убаво чувство 1.00:

 
Кара миа...
Конечно си поминав убаво, на раат муабет и убаво музиче :pipi: Кратко ама слатко.
:salut:
 
Драга Кајгана,

Не, не те заборавив, само едноставно премногу се случи за да биде кажано, подобро е да е премолчено, тишината сама ќе си каже. Имам огромни главоболки и незнам како и дали ќе ги издржам. Се борам со самата себе. Периодов беше интересен, прменлив, во движење и посветување на работата. Стигнав до некоја си точка каде можам да кажам дека постигнав се што сакав, живеам во своите соништа. Најмногу од се, се радувам на тоа што самата за се си се потрудив, не дека неможев да имам помош, ама зошто, кога можам и сама. Животот така ме научи. Моментално читам закони, договори..., почнав и да поттчитнувам и право хехе, така ми е кога сакам да сум и правно лице :))) Го спремам и трудот што треба да се брани за да ја добијам долгоочекуваната црвена диплома :)))
Премногу обврски Кајги, ама ако, така си сакав, јас секогаш барам обврска, и да ја нема јас ќе ја создадам. Само така знам да живеам, ми фали време во денот и ми фали сенка, зашто едвај издржувам на топлово, побудалев.

Поздрав,
Батерфлај
 
Драга Кајгана,
Дали денес ќе успеам да останам буден после 6 наутро, да поминам на работа да ги видам драгите колеги, уште подраги колешки и најдраги практикантки?
Дали ќе успеам да скокнам до Орка да си купам убави шорцеви. Има убави и во adidas, и во NIKE ама 1600 за адидас или 2000 за air Jordan да дадам на распродажба... не благодарам.
Дали ќе успеам да се довлечкам до две други институции да испијам по едно кафе со фини млади луѓе....

Повеќе информации во вестите во 17 часот, а до тогаш останете во добро здравје и со програмата на Кајгана форумот.
 
Драги соништа,

ве молам оставете ја Магде на раат, зашто од дамна ви ја сфативме поентата.
Фала, пријатно.
 
Наслов


Вовед. Вовед е кога почнуваш да пишуваш нешто што ќе те воведе во текстот и на кратко ќе ти каже дали е интересен. Иако може и заклучокот да врв на целото сиже, сепак воведот ти е како plot. Најчесто тука се пишува причината за пишување на главното дејствие. Еве на пример сеа ќе кажам дека воведов е за моето одлично расположение кое се зголемува од ден во ден. А да. Може тука да се споменат и неколку пофалби кон се живо и диво со употреба на придавки.

Главен дел. Е тука се пишува ама онака најбитното беа никакви свои мислења. А зашто во воведот кажав дека главното ќе биде за моето расположение, морам да образложам зашто. Причината е мистериозна. Не Агата Кристи мистеризно ами онака незнам ни јас. Интересно ми е во мојава кожа. Се изненадувам секој ден од самиот себеси. Морално е да се биде човек, посебно ако ти си тој човек. Тука глупи реченици за да се исполни квотата на предодредени зборчиња во есејот. Најчесто се пишува со многу придавки. Посебен акцент се остава на ситните детаљи кои во овој случај нема да ги употребам поради страв од јавна осуда и носење на морална бесилка. А никој не би сакал да го чепка за врат. Освен женска ако е чепкач.

Заклучок. Тука се пишува што сме донеле заклучок од темата која е обработена во текстот. Мора да биде со употреба на некои поговорки или пак употреба на зборчиња кои во живот ги гледаш често како и банкнота од 5000 денари. Јас ке донесам заклучок дека ми е топ, а целиов текст ми е напишан од пуста желба да напишам есеј како во средно али овој пат без никаква тема туку како што сакав - дескриптивно а да не добијам слаба оценка. Фала и пријатно.
 
Ајде да си играме "замена на улогите"...
Јас ќе бидам страшен манипулатор и голем неверник , а останатиот свет нека биде ко што сум јас, слеп верник.На кого му е полесно? Ако некој има радар за манипулација го молам да ми го позајми за момент, у моментов ми треба да се преиспитам. Големи мисли од мала глава, мали мисли од голема глава или мали мисли од мала глава? Комплицирано????Аха..токму така.Јас како женско го признавам црно на бело фактот дека жените се манипулатори ,родени манипулатори , имаат диплома за тоа ама таа не стои на ѕид. Нејзе ќе ја видите во потезите...кутрите мали хрчки никогаш не претпоставуваат што ги снашло додека не е предоцна. Она што мене ми изгледа смешно е мојата машкуданеста страна која се противи на манипулацијата која можам како актер на Бродвеј да ја одиграм и да царувам на сцена.Можам ама не сакам...смешна работа , да можеш нешто, а да не си приуштуваш да го направиш.Затоа што не е чесно..и затоа што е игра, а со човек не треба да си играме..се што има душа на овој свет треба да го подложиме на милост.
 
Денес добив сочен комплимент од личност што многу ми значи и тоа не и ја кажав целата вистина. Тек да знае што би рекла, но убаво е да се чува и некој адут во ракав и да не се отвораат сите карти.

Како и да е првата карта почна да се реализира а втората веројатно е веќе на отварање...

Доаѓаат нови ветрови и ќе ги искористам до максимум...
 
Драга,
И ја би рекол ама не иде некако.
 
Значи некои луге немаат срам.
Зборот пријател од мојот речник е избришан одамна.
Не дојдов да ти мрчам туку да ти кажам дека сум задоволна од тоа што се случува.
Конечно се да си дојде на свое место.Јас срекна,другите срекни,да ти е мерак да гледаш.
И кога би можела да пишам состав за љубовта цел форум нема да ми стигне.Дур ни два ни три.
Тој е толку посебен,што јас не го заслужувам.Такво чуство со него,таква срека со него ја немам осетено од памти века.
Го обожавам моментот кога го гледаме изгрејсонцето,мирисот на врелите крофни,топлото какао,прегратките,насмевките ( :
Сакам се што е поврзано со него.
Знам дека звучам лигаво,ко некоја тинејџерка ама не берам гајле : )
Не сакам сето ова да заврши бргу.Сакам да трае се додека ова срце не престане да чука:pipi:
Драга...срекна сум.Задоволна,исполнета...
A сега...музика до даска и кукава ке ечи :icon_lol:

Have a nice day!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom