Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Размислувам на два јазици,
живеам низ временски зони.
Ќе ме нема, for a while, дур средам импресии и се спуштам на земјата и се соочам со секојдневните проблеми кои ќе ја тргнат мојата мутава тупа блажена насмевка. А потоа... Потоа, ќе чекам нешто друго, па пак нешто друго, и ќе си најдам занимација. До наредното лето, кога главната занимација директно со чартер лет ќе ми пристигне тука.
 
Пајпрво ќе вриснам ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА сите станаа, а ја се осеќам како да шепнав. Нека стануваат, ќе си вриснам уште еднаш ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА еј ми одмина малку :smir:
I Пауза - Туширање
Измив дел од неубавите мисли, признавам малку ми олесни.
II Пауза - Цигара на тераса
Ми се задимиа мислите, спротивата ме натера да вратам спомени. Мислите пак се тука.
Го чекам утрешниот ден..............ќе биде ли според зацртаното ?
 
Драга Кајги,

Прекрасна свадба! Многу ги сакам дечкиве, прекрасна невеста, младоженецот ептен мил, а сватовите хммммммм не ги видов :pos2: се изнаиграв. Ја слушав свилан конац ууууууууууууууууф ЈА ЗНАМ СВИЛАН КОНАЦ НА ПАМЕТ! :pos: што не ми кажа бе дека била ептен позната песна?! Да си ја научев од дома, не вака на свадба. Преморена сум!!!

Драга, лесен сон!!!

 
Кара миа...
Значи вака беше..пред 5 години требаше да стаам фиксна али ја нејќев, преговарав и се изборив за мобилна. Си се радував што си се радував и сеа ете ти го! Добро бееееее 18 годишна крава со фиксна па кај го има тоа!?!?!?!?! :uvo:Лелееее кај ќе идам на факултет со протеза леле леле кукууууууууууу црна јас! Колку бев глупа значи наместо на времето, у основно да си ја стаев сеа ќе беше се` ок аааах :music5::music5:
Башка две операции на забите ме чекаат..:raz:.МАШАЛАААААА :music5::(
Денов за нигде ми беше.
 
Сите некои фраери .. фраерки .. ау шо да ти причам. :toe:
Ќе ми пукне филм кај и да е .. осеќам :toe:
 
дарлинг,
Сите зборат за тоа колку е убав дождот, за тоа колку е досадно/јако светското, за пиво, нервоза, жешко, испити, ти реков-ми рече.......мене ми е мака и ме има фатено апатија...а ако го слушам чичко ти Албер Ками... то ти е fucked up shit. Сега забележав дека сакам точки......е такви исти :) Ко ќе ја фатам стипендијата еден ден- во 2 саати има да ја нема......ај се контролирам некако, нека стојат за "црне дане". А денов беше сосема о.к.
Добро утро:back:
 
ДраКа


Сеа пред малце се прибрав дома,уште под импресии од вечерва.
Оддамна вака добро не сум прошол (како овака секој ден не слави некој роденден :tv: )
Али ај да не јадам многу гомна идам да каснам нешо друго па да си легнам,време е да се спие
Ајт
 
Се прашувам дали ќе си легнам некад без да дочекам да се раздени ? Претеризам е ова!
 
Врага...............


Баш фино залади времево
му текна ебате
ќе испоцркавме
и така
ај уште некој испит и финито
 
Драга Got plex I got the pump, what it do, that's what's up..
Главава ми праи тик так тик так :S болно е ама оправдано проводот вчера пукаше радо би си легнал драга да си се доспијам ама си имам обврски и морам да си ги завршам...ам ин лов аген !!!! :) Се гледаме вечер на истиот подиум
 
Mорав да станам у 9, како бабе некое.
Си слушам еден чукнат бенд, Чинч.
Вчера се проведовме за инает на дождот!
Јадев од 7мица, пола хамбургер со Сандра, после 100 години и замисли - не ми беше спектакуларен.
Ќе се распитавам нешто периодов за у Дамар...
Шуќур заврна, дишам подобро.

Ми рекоа дека самоувереноста ми била секси.
Нека им (му) биде де...
:)

Се смешкам, многу луѓе ми даваат нешто што не им побарав.
Знам што значи тоа.
И добро е.
Медс.
 
Драга Кајгана,

конечно си расчистив со факултетот, нема веќе висење на огласни табли, и чекање за испити, сесии, колоквиуми.

Со еден убав збор,

ДИПЛОМИРАВ :)
 
На 7 места на рака имам изгореници од цигара.
Сите на иста рака. Сите од иста вечер. И не ме печат туку ме нервираат.
Не знам зашто сите пикавци се лепеа на мене.
Јас непушам инаку. Или се трудам да.
И не облакам штикла нареден месец дена.

Се ишишав скроз. Мерак ми беше а веќе една година собирам храброст.
И чудно е и смешно и интересно.

Станав порано божем да пијам утринско кафе на раат, да ме освести и отрезни малку.Ништо од тоа пак ќе ми е на брзање без да можам целосно да уживам во него. Како и да е , веќе е 12.30 и пак не би било утринско . :)
Тоа е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom