Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга......

Невозможно е колку брзо летаат парите кога на тебе се оставени сите обврски.За две три работи отидат 100 денари ако не и повеке во зависност од тоа што ке ти е потребно за дома.Јас сум банката кај нас...кај мене секој ги остава парите и да се снаогам.Едвај чекам да дојде таа Сабота и конечно да речам ааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа конечно крај на обврските кои ги имам овој изминат месец.
А сега ненормално ме убива глава.

Бај д веј како си ми ти...:back:

:salut:
 
Драга Кеј ,

Едноставно немам зборови да ти опишам како се чувствувам... Не постои ни дефинирана емоција со која би го изразила своето расположение деновиве...или подобро да речам месецов, илии поголемиот дел од годинава... Преку К** од се` веќе... Колку само сакам на момент да избегам од се` околу себе, да ги блокирам мисливе и да заборавам на сите проблеми и маки... Барем на момент...
 
Кајгиии, не сум ти пишал одамна. Искрено не си ми веќе интересна како порано, и лека полека ја надминувам зависноста од тебе :back:
Иначе добар сум, т.е. онака добив две десетка и најверојатно деветка на факс, али еден предмет изгледа ќе морам на испит, пошто несака да ме пушти педерката за некој бод. А на испит нема шанси да го положам :pop: Последниот предмет вчера правев колоквиум, па и тоа ми е доста неизвесно. Мислам дека и тоа ќе го паднам :( (утре ќе дознаам :)). Осеќам дека ова лето ќе ми биде најтапа во животот. Не ни осеќам дека доаѓа :toe: Бтв, само што се накурчив, и тоа гадноооо :S Се нервирам без врска, али ај ќе ми помине ваљда. Идам низ маало за да се издувам. Бар да се отвори летната шема на уличарење:smir:
 
Матрјошкааа

Драга Кајгана: Оооо Шмекии бејб, се врати од мајка Русија бе!
Да бејб.
Санкт Петербург е град со душа. Исполнет со убавини, прекрасна архитектура, уметност и имав најубав помин во бивши Ленинград.
Шмек помин во шмек град :)
Драга Кајгана: Ихх верувам. А русиниките бе бејб :)
Шо да кажам....момци од Македонија....правец у Русија. Не треба да се пуштате. Доволен е еден поглед и шмек и русинките сами доаѓаат :)
Исполнет до максимум сега имам и воља за учење....да се припремам за некои испити :)....поздрав бејб и шмек!
 
Кајгана, викаат дека растојанието од осаменост до клиничка депресија е само еден чекор. Да го направам?
 
Драга
Врнит се корнит, дупки се отварет, идат крај на светов, абер немат лето да дојдит, јас мрзнам, уште 50 страни ме чекет за утре, ми се спијат ми се плачит, неделава ми е зини земјо голтни ме поврати ме после 10 јуни, Белград беше супер, април у Београду, мени се спава. Сестра ми се дрецкат од земја за полуматура а јас сакам штикли. Јас сакам тој сакат. Ништо не се дешават. Малце време ногу работи и ногу желби. Ќе напрам сеа едно списоче и ќе чекирам едно по едно. Сада Збогом.:salut:
 
Кајгано и сега шо? Ај биди паметна па кажи ми :(
 
..Драгаа КАЈГииииииИииииии
.Жељко...Концерт= ПреНАЈнајјако у цел светт!!
Драга незнаеш каква енергија делеше човекот значи концертот беше ептенн над моите очекувања...НАЈ НАЈЈ:vozbud::vozbud:
Кој не отишол се заебалл...Незнамм дали ќе се повтории оваа:):):):):):):)
Значи заклучифме дека си поминаф најј убаво..онака ЕПТЕНСКИ:salut:
 
Ме болат нозеве од рипање мислев и гласот ќе ми се одземе од викање и пеење ама просто како да не се дерев цела вечер:vozbud:
Секоја чест за Жељко не очекував дека ќе направи толку добра забава,три саати пееше се остави човекот,башка салата крцаше од луѓе што на подиум што наоколу.
Ја не знам да го опишам моментот кога ја запеа Љубави тоа беше општ делириум.
Досега немам чуено онолку гласен бис,полудеа луѓето барајќи го повторно на сцена.
Гледајќи ја публиката не можев да не помислам дека не остана кај нас некој кој би полнел онолкави сали и би бил толку ценет од публика.
Во секој случај чиста петка за концертот.Одличен беше.:smir:
 
Диир Кајгана :
Братми,знајш ли шо ? Утре лудница ќе стане,ќе обрнаме се’ живо и диво :) :) :) :) :) Гледаме се за 1 недела,брато ! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !:oeoeoe:
 
Го утнав времето станав порано еден саат и пол, имам ново полнење за ова што го ставам во штекер што ги брка комарците, мириса на женски парфем лани беше одличнен во својата ефикасност.
Сакам да живеам во опшество каде што парите немаат големо влијание врз моите одлуки, е тоа е нешто......
Спремен сум сега јас и не ми представува проблем, можеби со сета моја магија која што ја имам ќе успеам во тој трик, проблемот е во тоа што некако не сум многу многу со преголема воља....



Се доворивме пола пола не можам сам премногу напорно е, и ќе го тераме летово така не ми е проблем. Не сум себичен не размислувам колку пари би биле сам ако сум колку заедно, и така на крај мислам да ги шитнам. Денеска на татко ми името му е не очекуваме многу гости, домашните гости ќе ги има најмногу :icon_lol:.
Се рестартира ова компјутеров не знам што му е до времето изгледа :icon_lol:, имам некои работи долу за средување ќе ги средам набрзинка.
Кога ќе дојде средба и судбоносен момент со мене ќе си го носам мојот Арманд Асанте поглед, многу ефективно нешто...

А сега песна:

 
Драга

Денес ме чека долг ден, уште малку ќе одам во училиштето да се запишам да полагам матура па потоа да одам на автобуска да чекам комбе да одам во село кај посета на баба ми и дедо ми (да фрлат некоја пара де) ќе им однесам Струмички еклери малку да се преблажат и ќе и кажам на баба ми да направи од нејзината слатка супаа мммм да исркам цело тенџере :) по после пак назад во градот, па се имам договорено со другарите да одам кај нив на кафе и вечер да излеземе ако немаме друга работа.

ПС: што е најинтересно цела вечер сум буден така да за да успеам во плановите каде и да одам ќе си терам ГОРКО кафенце :wink: и така Драга се гледаме дури утре :helou:
 
Драга Кајгана

Денес нема што да се пофалим, значи станав од спиење, ташња на рамо и одма накај школо, дојдов ка што треба у школо арно ама смо имале лектира, па земај тетратката и почнуј да пишуеш, после тоа ме изнервира професорот по информатика рачунајте, прв тест:5, втор:5, трет: 5, четврти: 4, и што ми стае за крај?? -4:tapp:...Инаку сега планирам да легнем да поспием па да учим имам уште 1 тест утре :nesvest:
 
Со зелена маица и над неа розево болеро, црвени долни пиџами, сини влечки, коса џоа фатена во штипче,уствари појќе пуштена него фатена,во очиве размачкана од шо вчера никако нејќеше да се избриши тушон од очиве и со сиот памет в гла слегов до продавница да си докупам лимони и корнфлекс.
And guess what?
Комшијана мори Кајгано,пред очи ми излезе. Па,уште онака ме гледа коцкесто,ко некој alien да сум. Санкир јас незнам како бев облечена и дека излегов со надеж дека единствениот чоек шо ќе го сретнам надвор ќе биди баба Нада шо чашитвит секој пат ко ќе слушни дека некој излегол од дома или чичко Ратко ак евентуално слези до гаражана по ракија.
Е,во вакви моменти посакав да зини земјава и да ме голтни,ама да не ме поврати после 10ти Јуни ко шо рече Емка.

Јас скоро и да завршив,уште ликовно,музичко,физичко и денес етика шо полагам.
Остај то,убај оцени истадов,ама начисто полудев мори Кајгано, едвај глата ја барав.

И времево ќе се менит,луѓево веќе одамна,само шо не си свесен за то дур не ти го спопикат од позади.
Абе,абе,абре.. работава.

Океј мислам дека е редно време да паднат договори и преговори за на АЛАРМ и да одам да се спремам..ме чекаат разумот,моралот,карактерите,другите,блиските,ближните и златната ми комисија.

Чао!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom