Е многу ми е тесно, жими мене.
Немир внатрешен. Без врска.
Заспани сетила, а дразби едно чудо.
Плус ми се јаде, а 1 е...ми се јаде гвакамоли со чипс, било што индиско, салата од црн грав и пченка, манго, тофу...
Е ај!
Сакам еден џоинт и полна када со купка од кокос и John Butler Trio.
Ми се јави Мишел од Австралија, како да не ја сакам и да не ми фали?
Добив најубав поклон денес. Ама најпрекрасен и најљубовен.
Ме ограбија пред некој ден. Наравоучени, од сега ќе се тепам ако треба, ама пари на циган не давам. Е така. Мамата!
Ми се бега на планина три дена. Да пешачам по 5 саати и да пијам чај. Постов ко да не ми е доста. Детоксификација ми треба. А да, и сок од спанаќ, морков и портокал сакам еве баш сега.
Едвај чекам да киднам од Скопје. Многу ме изморува бе. Го сакам, ама после две недели усвет ми се фаќа. Мене уствари и од кожава после 22 години ми се фаќа џаде, ама ајде де. Не бива.
Секси докторицата од женине игра ракомет. Како да не и се смејам бе? Четири години од кревет со книга во рака не е излезена и сега се дрзнува да игра со ДИВ шо од терен не се излезени...Ако, почитувам ентузијазам и ќе ја бодрам од трибини! Е не..
Малово утре полага некој си анатомски, медицински и незнам каков предмет.
Мене ме фрустрира општествово и стварно не ми се носат торбици по воз. Несигурно сигурен оксиморон на улица. Таква сум.Или сигурно несигурен? Има некоја разлика?
Да!
Па што.
И така и вака сакам телесна и духовна изолација. После првиот ден ќе си земам најмногу три личности со мене. Океј може и само една.
Тоа.
Се викам шашава.