Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Не ми се верува вчера искочив и не стаив капка алкохол у уста дали тоа значи дека полека се откажувам од алкохолот?Причина повеке за тоа е што вечер сум на тренинг па ке го дадам максимумот и се да пројде у најдобар ред
 
Драга....

Колку си драга, допрва ќе видам,
само што дојдов :pipi:
 
Марија,

Мислењето ти е вратено, само ти да не бидеш разочарана.
Не е работата во тоа дали мислењето му одговара на некого или не, туку дека секоја мисла не е за во секоја тема.

Кога е составена од 2-3 збора и веќе напишана од некој пред тебе, некогаш е подобро да остане за тебе. Затоа и ти беше избришано мислењето.

Ама еве, чим ти е преку курац од сите, а си се разочарала од поединци на форумов, подобро е да ти го вратиме мислењето пред да направиш некоја глупост и да престанеш да јадеш или да избегаш од дома.

Тинејџери... Уште читате Тин-Шема, или нешто се промени во меѓувреме? :)
Мариа* без Ј! Фала однапред.
Значи ако не примети и на некои други што имаат постирано е нешто слично ко моето, ама ок. Не се замарам. И не се секирај, нема да престанам да јадам и нема да избегам од дома, сепак фала што си го вратил ти или кој и да е. И не читам Тин-Шема и мислам дека сега е Теа-Шема :pos2: :salut: Acid
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Драга.

По 7 пат истата случка во сонот , да ми се скрши забот , предниот лев.
Незнам што поѓаволите значи тоа. Прашав во Мистерии , ми кажаа болест. Се разболив се опоравувам. Сеуште сонувам.
Прекрасното утро го започнав пред 1 саат кога на телевизија ечеше некоја турска серија на сител што ми го помати умот па сменив и гледав Scrubs , го фатив на крај. Не могуче колку се ненормални.
После тоа гледав Spin City , серија од детството , тогаш ја гледав и не ја разбирав , сега ја сваќам и се смеам.
Го испив кафето и го запечатив на еден дел од мојата пижама како спомен од една работна недела.
Утре пак во 6ипол треба да станувам.
Тестисите ќе ми се соберат на ладново додека одам пеш .
Рецесија , и јајцата мораат да трпат.

Поздрав4енценценцнен гу64екис4еmwah.
With Wove . Bwind.
 
Анано
b-bye sweaty се гледаме следната недела.:back:
Отидов јас да станувам академски граѓанин.
 
кажи нешто драга па макар и лага, зборни нешто само ќуиииш...само еднаш се живее јајце мое....музика туш

е ваков драга су цел ден јеи :je: ја не зна што ми е. сега ќе ти зборува на кичевски. ти како си? ја су добар ама ми се јадет многу. до сега бев излезен и сега си дојдов и одма кај тебе да се идело. ама гледа по нетов немат ништо ново. тапа е. е таков е недела... шо ќе му прајш. добар е за одмор ама каков одмор жити мене. не зна што да фата побрзо да уча, а воедно и ми се шетат. ај заминав да касна нешто оти ќе почна и букви да голта па ќе не знајш што и зборува, а мене совет од тебе ми требат...туку ќе ти кажа по ПП. :back:
 
Драга Шенка,

Ќе се прекрстам три пати и ќе се помолам да не ми се случи следново:

Фала, иначе, аргатам без никаков фидбек цеел ден. Убаво ми е, да... :nesvest:
 
Драга
Се пореметив навистина!:nesvest: Се околу мене е прекрасно, а јас се чувствувам тужно...:nesum: и ги мразам ова емоцииве мајке ми...
преку глава ми е од сите...само гледаат да ме искористат кога ќе им притреба нешто, значи на никој не му текнува да праша како си?!!
Ама ако, памти па врати!
Школово иде подобро!
Чао, пријатно
 
Кајго шо праиш ма?

Мене...ме боли стомак ме искина!!Ауф више!
Многу сум утепана.Имам грижа на савест у велико ради нешто што кажав а не требаше да го кажам.Остај тоа ај...него и некои луѓе што не им текнува да се јават(а неголи да титнат не дај Боже тоа) ми одат на нерви!!
Ја седам дома ме боли стомак и мислам на таа личност.Која будала!

Ај...зафркни!
 
:pos2: Те листам и се чудам.
Стварно биопсихорамнотежата е важна работа.

Не купив карта за Таксират, ама затоа купивме љубовџиски петочки карти за Сомнително лице.
ПМГ амбициозност.
Дремам точно 2 саати пред компјутер и никако да средам еден херменевтички есеј. А башка комшикава ја рока Валери по 23 пат и мислам дека конечно ќе го употребам сатарот.
Трагично е кога е комично.
Уште покомично е кога е трагично.
Сакам да си ги земам парите што ми следуваат и да купам мал милион работи што ќе ми ја смират моралната задница.
Е, па друго, друг пат.
Ти кажав дека ништо не се случува?
Времево во соба стои.
Мириса на полнети пиперки од кујна. Мајка ми цивка дека ја боли грло, а штом ќе и се јават колешки на трач дрдорница, пркнува како пиле у гнездо.
Родителската единица заслужува некад ќотек, м?
Јас во комплетна тишина си ги меркам вените на раката.
Не се убивам де.
Се чудам како се преплетуваат во облик на буквата М.
Ајт чао.:pipi:
 
Драга ...

супер си поминав денеска. Убаво ми беше.

:smir::smir::smir::smir::smir:
 
Ој:vozbud: Кајгано немаш појма колку сум исполнет и среќен, мислам дека во животов не ми било поубаво како во овој викенд:back: Аххх бе колку си ја сакам:wub::wub:
Се ќе дадам за да ни бидат идните денови како изминативе 16:smir: Плус се изнашетав, се изнауживав, ги видов сите личности кои ми значат:pipi: Денес ја запознав и една кајганџика која долго време беше покрај мене и во добро и во лошо која често знае да ме остави без зборови. Многу си ја поштуем. поздрав до тинче ака СМОКА:back: Само ми го разубави уште толку викендов. А тука е и Вардар кој го еба "Џорче" иако службено ама битно тепавме:baeh:
И сега ќе си искочам со другарките да потрачариме малку :smir: Ах кајги кајги се стварно е се најубаво кога си среќно заљубен:wub::wub:
Чаос идам ја:back:
 
Драга К,

Фала Богу ми помина најнапорното тромесечие ever, ама како и да е беше еден од најубавите периоди во животот. :)
Задоволен сум од она што го постигнав до сега, и не зажалив за она што долго го чекав...

Поздрав...
 
Драга

Што е многу многу е.Се си има крај ама на ова моево изгледа му нема...
Во секој случај не е воопшто интересно.
Би била благодарна кога би прекинало!
Фала!
 
Драга,

Ме нема у последно време у темава.. јебеш га си иам свои причини. Лош период ме јаде у секој поглед, освен у школо, таму барем добри резултати почнувам да белешам. Температура качив, главава ме скина, испив милион апчиња, и пак не ми е скрос добро. Неисе, идам да гледам филм па да спијам, не се издржуа више.

Поздрав со песнава:


Е така. :куки:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom