Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
о-м-г!
Беше едно време кога бевме појќе мали него будали, поискрени.
Интересантно.
Кој се тупи со то да дават премногу шанси,а знајт дека секој нареден пат ќе е полош?
Is she full of herself or what?
Mм,претераја. Заминваам за Аљаска и ќе се радвам.
Класнана ме утеши, ебате законот во образование кој к. сеа најдовте да го спроведвите улави едни.
Стоки.

о-м-г уш еднуш! Зарем пак ќе сум приморана да ги слушам глупине муабети утре?
Не е фер.
Лесно им е да мелат нон-стоп,време,време кое време побогу?
Сакам шо побрзо све да заврши и да си одам Аљаска.орг

Ча.О_о
 
Кајгано... значи дома веќе неможам!
направи ова, направи она... зошто ти да не напраиш? неможам ме мрзи.. тие се секогаш уморни секогаш нешто ги боли.. јас мора секогаш да бидам прекрасно расположена и се да им угодувам. Ми велат како прават се за мене, се за да ми обезбедат убав и удобен живот.. што е тоа? пример? ... ако го сметаат тоа што ми даваат пари за кредит немораат... можам и сама.. ако ништо не прават барем нека не ми кажуваат што да правам со сопствениот живот!!!
и цела недела им го тупам дека сакам да идам на Таксират... цела недела ме одбегнуваат, немало пари, свински грип и слични бакрачи...
Сега.. на братучетка ми и се приодело им плачела дома дека сака да иде и ајде Наташа иди сеа ти. ти сакаше да идеш. е не фала!
доста беше.. веќе не правам вие што сакате.
 
Чао Дебела :back:

Денес денов ми почна супер, ама некако завршетоков ми е ужас. Неделава почна како што почна и годината со тага, со лоши вести, со загуба, со сето она што ме мачи што не ми дава мир! Да знаеш дека веќе ми е доста! Преку глава ми е од се, преморена сум! Некако периодов не ми тргнува ништо, а баш не сум некој баксуз. животов и не ми е толку лош, само лошите работи ми се случуваат во ист период. Денес се ме нервира. Решивме со сестра ми да појдеме малку до град да се прошетаме, па ако си најдеме нешто да си се подновиме. БРЕ СТОКИ!!!!!!! Ко да отидовме сие пари да си ги потрошиме. па ко малку да ми беше што си ги потрошив парите. си ја удрив и главата сега дремам тука со џумки. Еххххх уште оваа глупост ми требаше. Знаеш Дебела што ме нервира? Ме нервираат луѓе кои не ме виделе одамна а потчуле за некоја работа и милсат дека треба да ме потсетат. Да знам дека е глупаво да се видиш со некого, а да не изразиш сочувство ама веќе ми е преку глава!!! Ко малку душата да ми е стегната па уште тие ми фалат со нивните „утешни“ зборови. знам дека се ќе помине и дека ќе се среди ама кога???
Плус многу ме нервира кога некој ќе почне да ми кажува нешто а не ми докажува ухххххх аман бре научете се или кажувате или не ни почнувајте.
Драга Дебела само да знаеш дека овој лош период чекам да ми помине. Во животот мора да се случуваат добри работи, едноставно мора. Ќе продолжам денес да го читам Сенека некако интересен ми е. Ги има сите одговори кои денес ми требаа, почнав да слушам класична музика. Лелееееее главата ја загубив. како ли ќе се вратам во колосек???????? КАКО????

Чао Дебела!!!:back:
 
Бла, бла

Не сум нешо љубител на вакви песни, али оваа верзија ме ежи.
Свака част.

 
Кајганоооо!!!
Има една личност!! што ја сакам најмногууу...
ти кажав дека се изнервирав прееска... легнав да спијам...
иии.. најубаво е чувството кога некој што премногу го сакаш ќе те разбуди и ќе ти каже дека Те Сакаа!!
плачам... од среќа.. од љубов!!
едноставно премногу го сакам!!:pipi:
 
Драга Кајгана...

Јас болна,едвај одам.Медицинските сестри немаат осет бе еј.Как пуштаат инекции па и ме прашуваат боли ли:nesvest::nesvest::nesvest:
Неможам да ја истрпам таа болка еј:uvo:
Ама ај ке издржам некако,знам.
Заради таа болест не можев да одам на отварањето на новото диско кај базентот:uvo:

Ај доста жалење...

:back:
 
Лејди мор
Цел ден некоја хармонија преовладува, и тоа ми се допаѓа :wink:
И сеуште знак прашалник на моите ценети прашања...хм...и никогаш нема да ги откријам одговорите на истите...ај ноу!!!
Мрзам кога ме лажат, а поготово кога мислат дека им верувам...мрзам неискрени луѓе мури :nesvest: а сите се такви се повеќе и повеќе се уверувам во тоа!
Сепак фала им на тие што се неискрени и им го пожелувам истото да им се случи...:evil smile:
Повели :smir:
 
јвбчдфвбчсбвичсз

Пријателке, баш беше угодна вечерва. Да знаеш дека баш фино си легнува црвенко, со Тоше како препејува стинг и вајтснејк. Да живее Хардрок, заедно со сите нуспојави. Да живеат педерките од другарки, шо сепак подобри не можат да бидат, и ме корнат од смеење. Се е прекрасно. Да дае судбината да имаш убаво секојдневие, ко моето.
 
Драга,
се' што разум зборува, срце не може да чуе, тралала :music2:
Знаеш кај ќе идам? Не? Епа не ти ни кажувам сега, ќе ти кажам ко ќе се вратам. Ама убаво ќе си поминам, да знаеш, да не ме мислиш :pipi:
А, да, и ја користам оваа прилика да ги поздравам сите кои верно го следат секој мој чекор и ги читаат сите мои постови и (не)соодветно реагираат на истите. Верувам горенаведените ќе се пронајдат и ќе престанат да го прават тоа, зашто стварно не ме интересира. Мислам, нека си пишуваат, ама патетично е ако го прават од причините од кои мислам дека го прават :back:
Ај одам да ручам, па да се облечам и да излезам.
Н.
 
Цуцо
знаеш дека си се разболев и ми дадоа апчишта :nesum: фак. утре ич не ми се оди на школо и онака задутре не учиме па да си ги поврзам. за денеска не знам што ќе правам, сега пред малку станав и уште не сум до расонет. требаше да одам до кај еден другар ама поарно ќе да е да си седам дома. па кај да одам ваков после и него да го префати и ја крив. до душа не кашлам само по малку си кивам ама ај Даре седи си дома најарно. ја уште спиев, а веќе ме барала досадната :nesvest: о мори мајко кај да бегам од неа. ќе и кажам дека не сакам да ми иде дома и дека не сакам да се дружам со неа ама преку порака. или не ? ај не можам да мислам ми се кива.чао :back:
 
Oх мори кајганоооооооо:jaj:

Никому не посакувам да е на мое место па дури и на најголемиот непријател.
Зашто мора да ја трпам оваа болка?
И зашто мора некој да се меша таму кај што не му е местото?како на пример мојата другарка.
А денес се вџашив од една глетка...зашто мора да страдаат невини луге...оф сиротото детенце пискаше од болка.Посакав да му помогнам ама останав немокна.

Ај одам
Чус:back:
 
Драга Шенка,

Вака ли држаа ќе праеме? И ШО? Го пушташ дет`то на плаж`та, прво ќе го г`тне сапунот ќе се налапа песок, И ШО?
И нишо, драга... Јајници ако имаш, си наебала.
 
Мутена

многу јадам гомна у последно време, сум се попраил 4 кила...

океј, не испадна ова ко шо треба.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom