Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Јоу
Среќна сум што брат ми ќе тренира онаму каде што сака.
Сакам утре и јас да одам со него. :D

Еве ти една песна драга
Многу е уба :smir:

:salut:
 
Си ја осеќам главата како во полуотворена кошница со оси.
Сите не можам да ги задушам, ама таа што ќе ја дофатам ќе плати за останатите наоколу или па неспретно ќе ја затворам кошницата и ќе останам така.
 
Драга Кајгана,
Те молам нешто да почне да се случува. Постојано немам време, а ништо не правам. Еве сега повторно немам време да ти напишам нешто повеќе. :/
Љубов, Елена. :smir:
 
аааахххх драга моја...тажна сум си малку!! и така како разочарана сум си така по малку...сељак е -.-
таман божем го забораиф и ете ти го он мора да ја заебе целата работа...ааааххх го мрзам...и го сакам...и не знам шо да праам.. сакам да го заборавам ама не можам некако не ми иде..не дека не сум пробала или не сум сакала баш напротиф..ама се нешо ме спречуе и таман ај божем ќе почне се на убаво да иде и ете ти го он ќе напраи нешо шо ме вади од кожа тотално и шо ме разочарува онака ептееен.. уууххх :(((((
не знам веќе со да праам..изгубена сум не у свемир у ова пустава магла грда никаква...ја хејтам многу ептен!!! и деноф само по себе си беше поштено заебан некако..:/
некако се ми паѓа у вода...
ај добра ноќ :(((((
 
Драга...

иако прашуваат, не сите ги интересира тоа што имаш да го кажеш, да се пофалиш ... нив ги интересираат само нивните проблеми и ништо друго. Така да, се што имаш задржи си за себе или сподели го со оние кои се радуваат на твојата среќа и ги интересира!
 
Драга

Некои искуства не може да се опишат со зборови, едноставно треба да ги проживееш емоциите за да сфатиш колку неизмерно многу може да сакаш едно човечко суштество кога ќе чуеш како му лупа срцето, кога ќе го видиш насмеан или лежи до тебе и те гушка...
Не знаев дека некој ќе успее толку да допре до мене и да ми го стопи срцето, ама ете.... :)
Синоќа беше... неописливо. Иако цело време ми се скарува некој! :)

Денес, од друга страна, сум збунета, со многу мисли и неповрзани ствари, со многу прашања и многу жал.. Мозокот ми работи 100 на саат, па ич... сеуште не можам да си поверувам... Ама, тоа е... :/
 
Кајг ано, убавините на светот моментално се сконцентрирани во Јужна Америка. Ама сите, од прва до последна:)
Забегувам јас со латино делот од светов, ама ме мавна некое такво топло, разиграно чувство деновиве.

И никогаш до сеа не сум изглеал појше филмови во еден ден - дури ни кога седев дома и немав никаква обврска. А точно знам од каде црпам енергија - but, I won't tell!
Како и да е, од каде и ја да црпам, нема да ме држи буден утре ако не легнам сега, па каква сака нека е.

Бај д веј, мрзам кога цел град после магла е ко 5 дена да врнело. Мокри улици - калче ваму, калче таму... Бљак
 
Никогаш не ми преставувало задовoлство да пишувам овде, но после ваква шоканта вест незнаев каде да се обратам, незнам што да правам со себеси.....полудев...

Го запознав пред само 2 месеца, се изненадив колку добра душа имаше и каква личност беше, се понуди да ми направи голема услуга иако не ме знаеше лично...

Но предвреме си замина, и ме остави со грижа на совет за неисполнетотo ветување, заедничка седенка! Ракија и мезе..беше скромен....учтив, и предобар! :( :( :( :(

R.I.P. пријателе!!!!!! Aххх бе, ми се кине нешто внатре.....Зоштоооооооооо!!!!!!!!!!!!

Почивај во мир друже..... никогаш нема да те заборавам, нити тоа што го направи за мене!!!!!!!!!!
 
Драга Кајгана,
Одам да полагам. Да кршам нога нели? Фала. Чао.
 
Драга,

Аман бе. Одма на најлошо помислувам кога ме бараат во 4 саат сабајле. Каде е сегаааа ??? Нервоза ме фаќа стварно. Ај чао.
 
Драга...
значи какви луѓе постојат на вај свет просто да се изначудеш
ке те одебат у здрав мозок и после ке те тражат
аххх драгано,тежок бил лицемернио живот.
 
драга.!.
досадно бе ова зимава.
од празнците скоро повеќето поминаа, надвор студи, низ град ми е глупаво, само на компјутеров обесен сум у п.м. :toe:
ај
 
Не се учи во читална со секого! :pipi:

Постои можност нешто и да научиш :pos:

Инаку Кајгано,
сакам да работам таму кај шо бев практикант, многу фини се вработените таму. Секоаш коа ќе одам таму се насмеани, фини, услужливи, душички бе :back:
 
Не сум знаел...сеа дознав... :( ...пичку матер...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom