Македонија. Местото каде луѓето секогаш се изненадени кога ќе падне снег во зима. Се прашувам само како би било кога би паднало во август.
За Кајгана од земјата на чудата,
Crazy in Love
Кој ќе рине снег на +40
Значи, еден од најбавните шофери во ЈСП може уште побавно. На работа наместо во 10 до 8 стигнав во 8 и 10. Ајде, снег е, сосема очекувано. Ама да цркне парното?! До 10 и пол го правеа. Трчав по канцеларии да најдам ако некој има кварцна греалка, затоа што ќе се смрзнев буквално. А убаво викаше мајка ми синоќа, синко зимај потопла јакна... ама кој да слуша.
Како и да е, имаше и добри страни ова студов на работа, редакцискиоот состанок помина турбо, и со многу смеење
Да се пофалам, си купив карта за Нова Година, биќе крвопролиќе. Им откажав на колегите идење у кафана пред нова година. Пак биќе крвопролиќе, ама јас тоа нема да го видам
И таман стигам на време за бус на последна станица, кога ЈСП 66 нема НИГДЕ.... и чекам, и минат возови, автобуси... се мине, само 66ка никако. Бидејќи бев премрзнат отидов во Веро да каснам нешто. Кога се вратив на станица го имаше ЈСП66, ама тој што е цел саат подоцна. грррррррр :violent1:
Ама на се лошо, има и добро. Мајка ми пече колачиња и во соба е миљон степени. Полека се вратив во нормала.
п.с. Поради доцнењето на бусот не можев да отидам да играм футбал со другарчињата
