Пошто знам дека повеќето ја читаат темава ќе удармаеден апел до сите Скопјани...
Во сабота, од 20 часот на стадионот Филип Втори се игра мечот Вардар-Пелистер. Најголемото Македонско фудбалско дерби ќе се игра под рефлектори прв пат после 3-4 години. Знам дека сите сакате да гледате квалитетен фудбал, но тоа сега неможам да ви го ветам...
Нема да настапуваат Европски ѕвезди, ниту пак некои врвни играчи, но ќе видите што значи да се гине на теренот во најголемото Македонско фудбалско дерби. На младите играчи им требаголема поддршка за да стигнат до првите бодови во оваа сезона, и воедно да покажеме дека Скопје навива само за еден клуб - ВАРДАР!!! Ниту Работнички кој газеше изминативе години, ниту пак Металург кој би требало да владее во иднината, нема да бидат тоа што некогаш беше вардар. И кога ќе им ги снема финансиерите ќе ја изгубат својата силина, но Вардар никогаш нема да се унитши бидејќи позади него стоиме ние КОМИТИТЕ кои вечно ќе му ја даваме душата на тимот. Но не сме само ние доволни за да покажеме дека на сите љубители на спортот во Скопје имаме желба за врвен фудбал но притоа името на клубот кој ќе владее да биде Вардар, тимот кој отсекогаш ќе сотане бренд на фудбалот во Македонија па макар играл и во 5000 лига. Во моментов вашата поддршка ни е најпотребна, затоа што нема ниту денар во екипата, и секој што ќе издвои 100 денари за да присуствува на овој меч директно ќе влијае во финансиите на клубот. Можеби ова е и последна шанса за да миленичето на фудбалска македонија ги преживее најтешките моменти, и се надевам големата бројка на стадионот на овој меч, ќе успее да помогне да се инвестира повеќе во нашиот клуб и минатото да ни се повтори и во иднината....
За тие што имаат вишок адреналин и сакаат да ни се придружат во 90 минутното навивање и поддржување на клубот слободно нека ни се придружат. Собирањето е пред гимназијата ЈБТ од 17 до 19 часот а картата за нашиот дел е 50 денари.
И не идете одма со предрасуди дека ќе правиме инциденти и дека сме наркомани или слично. Земете пример дека има многу момци како мене (ниту пијам ниту пушам, студирам успешно факс и се остало...), што значи дека времињата се сменија и дека идеме само за бодрење на клубот, а не за да се начукаме или слично. Забавата е загарантирана!!!! (бар тоа можам да ви го ветам).
фала на сите што ќе го прочиаат постов и ќе ми биде мило ако присуствувате на мечов...