Драга Кајги,
Она прееска што ти пишав батали. Сега се` е совршено! Сфатив дека не иде онака и си реков ми треба чаре. Кое чаре? Каде чаре? Како чаре? И.... ми текна! Сега знам што треба да правам. Што може да ме развесели? Туѓата среќа! Како да го постигнам тоа? Па самата си реков: миличка фрли се на работа! Денес како што ти се пожалив бев граунд зеро зеро штат. Чарето ми е познато! Спасот си го знам. Треба да сторам добро дело! И така би... Ко и по обичај свртев неколку броја им спомнав за временскиве неприлики

ги прашав дали се расположени да се дружиме и да помагаме. Сите беа!
Се прособравме набрзина, како што е редот. Мене пак, по Бог знае кој пат, ме испофалија, ми дигнаа его до оној новиот систем што го пронајдоа што имало знаци на живот, не знам како се викаше де, спијам уште. На темава значи, појдов ме испофалија, јас почнав да им се жалам, тие саде ме тапкаа по рамо. Не знам од каде ги најдоа и како им текнаа сите тие убавини за мене. Со суперлативи се изназбореа за мене. Сторив добро дело и си дојдов. Не знам што би правела без овие луѓе.
Оваа си дојде, ќе се видиме утре или задутре. Ќе планираме што фустанчиња ќе носиме за на свадба. Едвај чекам да се видам со неа!!! Треба да изгледаме и некои цедиња уууууууух едвај чекам. Знаев дека ќе биде супер неделава, она од вторникот малку ме здрма, хмммм ок, де, малку повеќе ме здрма.
Значи да си повториме каков ми беше денов. Станав насмеана, ама кога ми текна на вторникот се промени расположението. Се подзамислив рано, рано што да правам и ми текна. Бев да направам добро дело за сите. Отспав една тура и сега да ја набутам главата у фрижидер па на кафеееееее. Значи, како сама знам да си се расположам за мерак. Чудна женска сум, сама се лутам, ама и сама се смирувам. Другите не ми можат ништо хах. Не може ми мене нико, јача сам од судбине

Кајги многу сакам среќни луѓе. Толку е прекрасно кога ќе ти се насмее некој. Кога ќе им речев имајте пријатен ден се радуваа, почнуваа да благословуваат. Имаме прекрасен народ! Финансиски многу западнат, многу сиромав, АМА со многу богата душа. Драга многу го сакам народов, каков е таков е мој си е!!! Кога само би им кажала колку лошо ми беше сабајле кога станав, а како тие успеаа да ме разеселат...
Драга, денес ПОВТОРНО сторив добро дело!
п.с. лелееееее сега на кафе ќе си поминам супер!!!!!
How long, how long will I slide
Separate my side; I don't,
I don't believe it's bad
Slittin my throat
it's all I ever...