Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
е драга
да ти кажам требаше во 12.00 да сум на школо и да си ја засадам мојата иднина ама ( секогаш има едно ама) ми се јавува другаров и вика ,,Немој Даре да си пошол на школо,, и ја целиот бликнав од радост дури заборавив да го прашам зошто да не одам ама самиот тој ми кажа оти никој немало да оди :toe: тоа само го разбрав и сега еве си седам со тебе си се дружам и очекувам една другарка да дојде треба да правиме проекти нешто :nesum: после одам да играм кошарка. стварно денов е преубав. ај чао :back:
 
Епа...
Предницава предничи и боли. Кај и да е ќе прокрварам.
Мириса на зелка. Бљак.
Сестра ми слободно може да се омажи. Не ми треба дома. Сериозно. Колку и грдо да звучи.
Денес пееме. Во растурен состав пак, Диме не е арен, па Диме 2 ќе го менува.
Грдо звучи и ова, но не е ни така страшно.
Јадев бајадери во недостиг на емотивна виталност.
Ми се сере од извесни первертираности околу мене.
Ама никогаш не било ни поинаку.
Ми требаат нови фармерки и книгата на КК- Драконот.
Колоквиумите особено фино поминаа. Луѓево бегаат. Не им се сака дружба, не им се зборува, апатија во секој ќош. А уште имаат сила да мудруваат, да продаваат морал, да јадат тикви за другите, а себеси да се ставаат позади кулиси.
Сериозно размислувам да си одам од овде, после некое време.
Ко без корен сум, ама што.
Никому ништо.
Еј, да.
Сонував како ме избрале за главна улога во некоја театарска претстава. Денес пак сонував нешто слично.
Соништата викаат, се исполнувале.
Е ај да видам до кога.
:pipi: Медеа, резигнирана и летаргична, врзана за петочен столб.
 
Ми се оди на пазар и ми се фотографира. Џагорливи тетки, со цигар и кафе во рака, кои те убедуваат дека оваа есен баш такви марами се носат додека ти заробуваш моменти. Муабет со чичкото на тезгата за јаболка. Омилени ми се. И оние што продаваат тикви. Ред муабет и кеса полна задоволство. Гласни фотографии.
Топли струмички кикиритки.
Сонце што штипе и вцрвува носиња.
Ми се пие кафе во турска чаршија. Лезет. Спокој и фотографија.
Лепам животни моменти и ги подарувам.
На жените...за нив, за нас, за тука и таму!
Фрик што касапи списанија и лови моменти.
Петок, ама некако наопаку.
Walking on a dream...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Драга,
Кога ги читам Медеа и windy уживам.Само да ги пофалам за прекрасниот начин за изразување.


Јас сум на работа како и секој нормален на неработен ден.
 
Kaјганооооооо

Што има кај тебе,гледам пожолтена си пак...јас дури сега станав од спиење:nesvest:и се чуствувам малку,не малку многу расположена...
Има причина да сум...конечно се реши една работа што ме мачеше:back:
Сакам денес да шеткам со пријателките но мора да учам...во понеделник имам испит...таа Недела ке ми е за никаде,но те молам држи ми срека.Имам трема:nesum:

Ај да те дочитам
 
Драга

Јас повторно во Скопје :( Треба да сум среќна нели.. Ми недостасуваа многу работи, но сега гледам дека овде не ми е местото.. Некако си се пронајдов таму и многу ми е чудно. Како да сум зрно грашок изгубена во стог сено. Се надевам дека овој период ќе помине премногу брзо и лесно. Сега сваќам дека ова е голема грешка. Само што стигнав а со душа го чекам да дојде петок и да си се вратам :)
Ајт сеа, одам да си го допијам утринското кафенце и да те разлистам на две на три :helou:
 
Драга кајгана :pipi:
Многу сум романтично расположен уште да имам со кого да се гушкам ќе биде супер :back:прекрасно сонце и чајче во кревет романтика
 
Ој кајгано. Кој кажал дека петок тринаести не е убав ден:smir: Времето е супер, па така решив да го искористам малку со најдоброто другарче мое твоја драга пријателка Maca Dark:pipi: Се изнашетавме низ градов. Луѓе пуно по улициве. Го сакам Скопје во есен а посебно си го обожавам моето Пржино. Едноставно владее:back: Си направивме и фотосесија:kesa::pos2::pos2: Се надевам денов ќе ми продужи во вака добро расположение а особено вечерта:back::back:
Чаос кајги:back:
 
Dear Kајги..
..Шо да ти кажам бе...денес не отидов на школо бе и шо, И ШО? Ќе сме садиле дрва, пфф нека одат и дрва и се у пм. Шо да не они на мене ме засадиле, па јас на нив да ги садам..Иначе се спремам сега и ќе одам кај другарка ми да ја видам :) и така..
ај чао! Т.С :back:
 
Ои лејди :wink:
Не знам зошто но секој петок 13ти ми е најубавиот ден во годината, па така традицијата се повтори и овој пат...станав рано па немав што да правам и уште нерасонета излегов надвор со другар ти saber rider и си поминав многу убаво...Марче благодарам за прекрасното време поминато заедно :back:
И ми направи фотосесија :pos2:
Се надевам денов ќе заврши како и што започна :pipi:
:back:
 
Почнав пак да мудрувам на форум не ќе е на арно :icon_lol:.
Снемува струја на секои 15 минути се избудале Трафостаницата, денеска ден на дрвото е а комшијата мој си отиде дрва да набере.
Или некни се јавувам кај П. свират две моторни пили во позадина ми вели не сум дома, и самиот дојдов до тој заклучок. Го прашав што марка беа стилки или хускварна, ми одговори хускварна дека биле. Ааа арамиските ги викаат тие од причина што хускварна има 12000 вртежи во минута а стилките околу 8000.
Што има да судам јас и продавам морал кубик дрва се 3000 денари мора човек како знае и умее да се снаоѓа.
 
Кајгано

Шубо е сонцено надвор,провоцира да знајш!
Ај нека врни наредните 4 недели да не ми е криво:icon_lol:
Од другата недела ќе се журкаме.
Ееее ме израдваја в крај.

Ај песнава ми дават малку оптимизам .. само која среќа побогу?
 
Драга,

Викенд сме, времето е убаво, петок 13ти сме, ден на дрвото е..
Незнам што друго да опфатам. Многу веќе ги споделиле новостите. News via Kaygana kixass.

Како и да е, јас само тестирам како изгледам со 3,972 постови, преку 3 000 репутација и 23, 850 посети.

4@0
 
Кајгано стигнав во Скопје, сеа кај баба ми сум. Супер е времето, си носам кратки ракави, се смеам со маскиве од луѓево. Татко ми луд со 200 на сат возеше, така да одма стигнавме, сеа пишам од лаптоп и се нервирам, ги уткам буквиве. Поздрав.:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom