Животот ти е како птица во лет која кога ...заеби.
Живот не постои. Постои само збир на настани, кои можеш селективно да си ги наместиш и со тоа да ти бидат дел од една целина која повеќето ја викаат life (на кинески е вака, тие имаат миљарди човечиња) А зашто е измислена од луѓето а не постои физички - не постои. Значи живот не постои. Фала чао пријатно. Повеќе ладно.
На лагата и се кратки нозете. Затоа жените носат штикли.
А сеа на друга тема. Одмори. Пиење, нејадење, дрогирање и останати работи кај "маливе" а физички одмор т.н. лежење по цели денови кај нас "постарите". Фала курцу помина периодот на идење на замор кај мене. А и така преценета работа е тоа се околу одморите, жими се. Затоа јас годинава отидов на одмор.
Куче што лае, не каса али замара.
Иначе има нешто што повеќето го фатија деновиве. Нешо ко стомачен вирус е али не е. Досада се вика. Акутна и тоа. Фали уште CNN, BBC, BTR да објават Брејкинг њуз околу ова. Неаме хоби изгледа. Ај ке предложам едно хоби. Интересно е. Иако има опасни последици после. Се вика - искреност. Ебаго Хаус ве направи пациенти. Не е се во несфатливоста. Паметот и во школо се покажува. На голем одмор.
Фрли рипче, фати крапче. Среќа што незнам да фрлам далеку.
Ми мириса на застоени чорапи. Мирисот на некреативноста. Или на застоени чорапи. Како и да е. Толку од мене а сеа ве оставам на мојата драга колешка Annath и нејзините "Сведоштва во трилион продолженија". Фала и да ви го подарам.