Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кара миа...
Што убаво почнаа да си се редат работиве сами од себе... после толку време.
 
Драга,
сестра ми е здрава, а што е најважно жива. :pos2:
 
Кајганчееее

Среќна сум !!!

Само толку :)

Ајде поздрав !! :pipi:
 
Драка


Во одлично расположение сум во моментов,иако напнато сабајле имав,скршив неколку шишиња дома -.- xD
Онака сеа слушам нешо музиче си кулирам,ми олесна малце,ВАРДАР и оваа сезона ќе игра у прва лига :)))
Колку толку полесно е сеа,уште некој добар тим да склопат и:drk:
Еве ти еден поздрав од мене
:back:
 
Дарлиај,
отидов да се трујам со кафе, па на стоматологија...
патем од досада отворив на оној сајтон, гламстик, лудилоо.
Членовине, кој од кој полуд. :pos2:
Ама важно добро се изнасмеав. :pos2:
 
После толку време, конечно сфатив дека нема што да барам таму :S
 
КимЌе..
зашто сите идат у сабота на одмор?!? Воедно и он со женска му ..аах lovely.
Oh well.. I guess driving lessons are more fun -.-
Ти кажав дека ми е скурчено од лаги? Епа да знаеш дека ми е, ако не сум ти кажала. Да, проѕирни лаги, недоволно поткрепени. Get over yourself, jeez.
Времево сакс биг тајм.
Идам да правам пица !
:*
 
дик
времево заебава и за вечер моли се да не врне оти сакам што подалеку да избегам од овие што дојдоа вчера :nesum:
прости ми господе!!
 
Некој рекол:Не се смеј толку не е на добро,а друг:Смеењето го продолжува животот!
Незнам ти како ке се сложиш ама јас цела нок око не склопив и се смеев на еден коментар на твој драг форумџија.
Како можеше да се сети и да го напише тоа срценце златно,треба да мислиш со минути,часови,денови за да го напишеш тоа:icon_lol:
Кога ке го сретнам на мсн има да му кажам колку е интересен и колку ми е мил.Се потрудил човекот околу тоа да насмее некој и да знаеш дека успеал.
Во еден момент размислував како е можно да се случи тоа?Но има една песна од мојот Армин:Never say never и да знаеш дека е така.Се надевам дека некој ке успее да го стори тоа што го напишал без да се плаши од опасноста која го демне:icon_lol:
Туку ај батали за тоа,јас секако ке продолжам да се смеам ко луда а во мислите ке го имам долгиот пат кој ме очекува веке во Саботата.
Can't wait.
Aj oдам да реметам малку.
 
Драга Кајги,

Настинав, да, да сега во јули. Само ќе се читкаме оти не ги погодувам буквиве за да напишам нешто.

Ајт сега чао!
 
Schatz, еден месец, ееееееее............
 
I feel good... иако малку сум уморен од возењето. До кај се кинезите со телепортацијата? Ајде нека ја измислат веќе еднаш, неможи појќе вака.

Ојдов да :kafe:

п.с. Преку ***** од спам пораките... неможи чоек рает да си провери маил и да нема ништо во него.
 
Здраво Кајгана.

Пак Таа и Тој. Но, со напредок: сега Таа збори во прво лице множина, т.е. вели Ние, за да означи заедничка активност, т.е. нешто што правела заедно со Него, т.е. нешто што Тие двајцата го направиле...

...

Нужни се вакви луѓе, т.е. степски волци, кои стојат од страна и катализираат... Без нас не би се случувале битните работи. Имаше право Херман Хесе. Може бил надуван или напиен кога ги пишувал тие работи, ама држат.

После денес, тоа ќе биде многу далеку. Буквално. До идниот пат и идното соочување. Нејсе. Дупките од минатото мора да се пополнат. Грешките мора да се поправат.

На крајот на краиштата, и јас бележам напредок. Многу голем. Тоа го знам секој пат кога се враќам накај дома.



Мудрост, вера, надеж, љубов... Меѓу верата и надежта е границата. Колку полево се оди од неа, работите се ослабнуваат со зголемувањето на количината на алкохол во крвта. Колку подесно се оди од неа, толку повеќе се засилуваат работите со зголемувањето на количината на алкохол во крвта.

...

Значи, човек не може ни да биде тажен. Среќа, нели? :)



Добра ноќ. :helou:
 
е драга
еве си се прибрав и ја. ќути не заврна и добро си поминав. запознав и тројца нови френдови :pipi: ништо посебњо. бевме на пиво, муабети ти реков-ми рече.
а гледај сега ваму нема вечер кога ќе излезам, а да не сретнам некој професор :nesvest: знаеш како се нервирам, да не може да мрдне човек од нив. ај кој ги бип.
инаку не утре туку другиот петок ќе иделе братучедите од швајцарија, кои не се дојдени 4-5 години. меѓу нив имам и 3 и пол годишна братучеда која, освен на слики, ја немам видено :toe: ај ќе биде.

туку ај доста штракав само тастатурава и одвреме на време глувчето се слушаат низ цела куќа. ча-0:back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom