- Член од
- 25 септември 2011
- Мислења
- 6.448
- Поени од реакции
- 18.283
Пред некое време решив да шетнам на моите омилени места во Скопје каде сеуште овој град ја крие душата далеку од багерите и тие некои стилови во кои пробуваат да го облечат. Седејќи таму ми дојде мала инспирација па го скоцкав тоа во неколку пасуси кои ги посветувам на мојот град.
Ќе земам одмор и ќе правам слики од градов. Од местата кои ми се омилени и од кои настанале
лични приказни, зошто еден ден ќе ги нема.
Еден ден ќе ја снема и меморијата моја. А тогаш ќе ми останат сликите и кога ќе ги гледам ќе се двоумам кое е тоа место.
Може нема да се сетам на местото, ама верувам дека ќе ми дојде убаво на душата.
Има скопски улици кои мирисаат на дом, печени пиперки, шансони од старо радио и ѕиркање на гоблени од жолтите ѕидови.
Има и скопски маала низ кои сеуште чекорат дедовци и баби фатени под рака. Тој во одело, парфем и исчешлан, таа дотерана со торба преку рамо.
Има и скопски згради со покриви, каде двајца заљубени играат стискавец на нивна омилена мелодија, мечтаат и го дочекуваат изгрејсонцето.
Има и скопски градинки каде децата го прават џагорот омилена симфонија за ушите. Тоа се места каде царува детството и невиноста на светот.