Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Ти текнуе , пред 10-тина години коа вртевме од скриен број, на броеви кои ќе ги укуцавме безвезе на мобилниот, и му дишевме у врат на тој од другата страна, па кога ќе не фатеше смеа спуштавме?
Епа да знаеш дека и ден денес има такви луѓе и не малолетни, туку ПОЛНОЛЕТНИ магариња кои немаат што да прават дома па зврцкаат од скриен број (дури и по 5-6 пати на ден) и ми дишат у врат! Па добро бе да му се плукнам, веќе ако си недораснат во умот, па земи звони на такси, звони во пожарна, звони во полиција нека ти биде поинтересно кога ќе ти дојдат пред врата, што ме враг замараш во 2 саатот по полноќ!!!
 
Драга...

... испитнава конечно ми заврши и можам да здивнам. Чекам уште 2 оценки, а засега сум со две 9ки и 10ка и на одличен пат за стипендија. Треба да си горда на мене :)
 
Последно уредено:
Колку години помина 12? Сеуште стои плакатата на портата кај тебе...

Кучката е неверна, баражот е заебан ама Во Недела ќе пеееме Лај лај лај лај лај...

 
Денес го направив она од кое што се плашев дооооолго време.
Се чувствувам како камен да ми паднал од срце.
Наплив од адреналин мислам дека имам. Се чувствувам ко да можам да направам се.
 
Најдобри ми се темите за роденден кај што некој член му се лиже на друг со честитките. Дефинитивно најдобри.
 
Драги

Како бе комплетни странци немаат ни срам ни перде за некои работи? Ај разбирам постара генерација ама сепак, малку усул бе човече, малку усул! :mad:

Две реченици прв пат разменувате, они те прават абдал што се уште си неженет, не па сингл. - "25 години е!? Лелеееее, абе што сте направиле, он до сега деца треба да расне, не пред компјутер да седи вака" .... :facepalm: :facepalm: :facepalm:

Види, прост сељак ни еден :mad:, ако син ти затруднил некоја на 18 години па наместо да се справиш со проблемот кој го имаш дома ти славиш и свадба си им напраил, не значи дека сите треба така "традиционално" да се брцкаат у брачни води, јас имам колку-толку малце мозок!

^ ^ ^ Требаше у фаца ова, ама пријател на татко ми од детство, така да овде се празнам ... Уште тоа да напраев, па мојов дома ми пак да фати со муабети дека му серам врз репутација и се. Уште тоа ќе фалеше. Нек се гонат у п.м. сите да ти кажам, више преку кур! Овој абдалов дома па место да му рече нешто у стил "се во свое време" или нешто, он се смее и вика "па не го бива". Не бе, тебе те бива :mad:, гледам со какво одлично друштво си опкружен уште од мали нозе (другите другари не му се нешто подобри), ти најде совети за животов да ми делиш, ај кај и ти, па и другар ти од детство, што прв пат ми гледа фаца после 25 години :tapp:.

Кажано е 13532363 пати, ама сериозно, зошто бре некои луѓе не можат да си го гледаат својот живот!? Толку ли им се совршени да се дрзнале да советуваат и судат за останатите!? :cautious:
 
Драга,

Кога ќе видам пејџ 'македонска асоцијација на атеисти' и какви квази-интелектуалци членуваат, единственото нешто шо можам да го направам 5 минути после зачленувањето е да стиснам leave group.

Sent from my GT-P3110 using Tapatalk
 
ништо посебно нема за фалење, има по нешто за жалење али во други прилики, вчера гледам 5 годишнина од моево присуство на форумов :)
единствен доказ за мојата упорност и константа борба за одржување на врска со било што :)
 
Новава тема хит на денот која е од 13 април 2014 ја надмина во мислења темата Албум на денот која е од 2012 година, поточно хит има 896, а албум 859. Во албум просечно има по 1,4 мислења на ден, а во хит новава просечно по 18 мислења на ден. Кул е :noze:
 
Да се пофалам оти ми е убаво , чувствувам умор после којзнае колку време . Сакам да кажам конечно сум запнал како што треба да спремам нешто за на факултет . И сега и да паднам ќе имам мир , дека ќе знам дека сум се потрудил и знам дека нешто сум научил за следниот испит. Среќен :LOL:
 
Драга,

Со ред сите заби си ги поправам и морам да ти кажам дека машинана за чистење кариес ме вади од контакт. Една од тие што работат или стажираат во стоматолошкава ординација многу ми се допаѓа, а од друга страна ми досадува една што не ми е по ќеиф. Само ми ѕвони на мобилен, ми пишува на Фб, тешко мене. Моментално си кулирам, си пијам кафе и си гледам American Horror story.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom