Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Некогаш, можеби, ама само можеби, ќе си го средам хаосот во животот.
Константен хаос, ама чудно е што некако се си функционира.
Деновиве навистина сум измешана целата.... се и сешто ми се врти во главата.
 
ми појде црешата јабана, и тоа од добро стоење, излега премногу род не е на арно, ни сајла ја држеше ни кастрење два пати годината ни ништо, имаше цреша за цело маало да се почести, никогаш денар не зедов и секогаш така ајде за здравје ги раздавав на сите, и башка тоа сенката за летно време беше нешто најпријатно, си седиш под цреша пет саатот летно време, си пивкаш кафенце си читкаш некоје книжуле, се ми беше погодено.
фала богу кучево не настрада, тоа па цела вечер виење и лаеше и сега цело е трауматизирано и исплашено, на пола метро паднало од него, треба сеа некое добро пиче да му најдам да се избалансира :)
јбг барем не ја урна куќата или па ѕидот кај комшиите ... ќе си насадам нова
 
Кајгано бе, можно ли е да сум толку глупа?
Но, ако. Нека ми е сега. Кога се правев Хулк и кревав клупи тешки којзнае колку кила. Нормално дека клупата ми падна врз палецот од ногата и ми го здроби целиот палец. Навистина беше гадно.
Никогаш ништо не ме болело повеќе. Не сум отпорна на болка, па сега можете да замислите дека крекам и урлам како ненормална. Ќе помислат комшиите дека дома ме сечат на парчиња.
Навистина многу боли. И не можам да одам. И целото стапало ми е во завои. И НЕМА ДА МОЖАМ ДА ОДАМ НА БАСКЕТ.:place::place::place::place:
Пу, да ти е*ам среќата! И мојот пилешки мозок.:mad:

(се извинувам за уличарскиот речник):oops:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Да имаше бог на кој се принесуваат жртви, одма ги давав курбан Борјан бемка, Лешо и Бејби Петрушевска.
 
она кога ќе сфатиш дека било поинтересно да чекаш 45 минути да платиш сметка за телефон у вип при што работи само еден шалтер а на другиот сиротата вработена има проблем со каблите цело време , отколку да си гледал пријателски меч на македонската фудбалска селекција .
 
ДК,

Ова веќе не се издржува, се селам во Камерун
flyaway.gif


Ае, чао!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom