Добар почеток на денот е кога ќе седнам да пијам кафе и да те читам тебе Драга. Добро е, денес лакше се дише.
Ајде да средиме впечатоци.
Вчерашниот ден бооооооооо! Така се немам напнато од 2009. Битно помина, не сум грешка, работите излегоа во позитива.
Концертот беше шлагот на тортата, а информацијата која стигна до мене, додека бев таму, црешката врз шлагот.
Кеј ти си видела ли 50 генерации на едно место? Луѓе од 15 до 65 години, може и више, заедно во еден ритам да се забавуваат? Бесценета глетка.
И да знаеш која рокабили влада ја имаме. Горданчето, Спирето, Николчето, Антонио, па и Ѓорѓето со синчето беа на концертов. Па и еден куп обезбедување околу нив. Се надевам дека не се фејкери во музичкиот вкус, како што се на професионален план, туку вистински обожаватели на добра музика. Абе распуштија собрание и одма сите на забава се фрлија. Како едвај да чекале да одморат.
Како и да е, мило ми е што заврши вчерашниот ден. Денес сум опуштена, еве се релаксирам, трнувам со нови сили напред. Убаво е денес, пак сум насмеана и полна со оптимизам. Ме боли секој мускул на телото, ама гајле ми е, психички ништо не ме боли денес. Мирна ми е главата, мирна ми е совеста. Од тоа, ништо повеќе не ми треба во животот.