Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Passed down to you..
Во доцните часови ме фаќаат кризи на т.н. overwhelming инспирација, а од сабајлето се осеќам ко Роналд Реган пред неговата смрт. Тоа кон кое што целам во моментот, да не речам дека е при завршна фаза. А отпосле... ќе видиме.
Итајќи накај работа поминувам покрај една троспратна црвена куќа. Баш тука кај фамозниот графит на Лела и портокалите. Поминувам и замислувам еден ден да поседувам еден стан. Може оној на поткровјето. И да пишувам... по цели ноќи. Пошо верувам и тогаш ќе ме држат овие т.н. кризни моменти на креативност.
So says Saladin...
 
Кејгси,

биди ми другарка и просветли ме, денес со една глуперда у стопанска банка на шалтер се расправав. Како тоа ако сакам да подигнам пари од шалтер потребна ми е картичката од банкомат а не лична карта и таа другата картичка? Самбади хелп ми. Ако не да ја пријавам глупачата.
 
Значи кајги, цело време сум живеела во проколнта куќа а ја се праев на удрена за отварањето на вратите, и таман решив да се отселам не мрднав од 41 температура a книшката не ми е тука да одам на брза помош да ми шибнат една во гз.
Е ај кажи дека не сум несреќа?
 
Последно уредено:
14 милијарди od big bengot (нели, според Кант, ама и според Лапласт). Толкави маки, еволутивни перипетии и низа глупости за да постои можност да се појави некој ко тебе. Ама не може цела таа милијардна перипетија да се спореди со празнотијата во само седум дена на универзумот без тебе, Д.
 
Синоќа на Сител начекав некоја емисија во која Маја Синадиновска му објаснуваше на Нино Величковски (кој патем ми делуваше дека е пијан) дека рибите во хороскоп се декадентни, но истовремено и прогресивни...И сега ми е криво што сменив програма...:unsure:
 
Последно уредено:
Денов не ми почна нешто најдобро, ме утепа главата, ама ја видов сликава и сега се е ок.

1982027_467124050055524_1951138813_n.jpg
 
DARK SOULS II JA IMA ZA XBOX VEKE!
EDVAJ CEKAM!
 
Се бара насмеан и позитивен човек што не замара по социјални мрежи и реален живот и не труе со негативна енергија.
Доколку се пронајде некој таков, истиот веднаш ќе биде прогласен за загрозен вид и ќе биде заштитен со закон, бидејќи веќе не се издржува ова.
Аман веќе, сериозно, аман. Отвораш интернет, те преплавуваат со “смешки“ и те полнат со негативна енергија, исклучуваш интернет, излагаш надвор, пак истата ситуација.
Шта реќи, коју поруку послати?
 
Би ја цитирал Крејзи ама да не го јадам стапот...
Врне... Убав е денот. Не мрчи :D
Ете ко за пример, да сум сеа послободен а не заглавен тука ко секретар на трезор, би излегол некаде во некое кафуле под стреа и би набљудивал (или по нови психопараноични синоними - би демнел) луѓето како дезориентирано скитаат, изгубени во својот свет на совршенства.
 
Чоколадо после трчање уживанција и опуштеност...
Од сегашна гледна точка мислам дека можеби и така требало да биде, за се сменат одредени работи во графиконот на животот, и да се продолжи од наредна точка на проекцијата која што нема никаква врска со претходниот пат.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom